Голубачка тврдина
Голубачка тврдина | |
---|---|
Тврдината гледана од реката Дунав | |
Општи податоци | |
Град | Голубац |
Земја | Србија |
Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија[1]. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Српското царство. Кулите во времето на Османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна.
Предниот град се состои од горен и долем дел, и се наоѓа помеѓу четвртата и седмата кула. Во долниот дел се наоѓа влезот во тврдината, каде се наоѓаат и деветтата односно осмата кула. На крајот од градот се наоѓа десеттата кула, која била изградена од страна на Турците, како ниска артилериска кула. Целта на нејзината изградба била да се контролира дунавското пристаниште и влегувањето во градот.
Задниот град го поврзуваат втората и четвртата кула, а нејзините ѕидини се високи 4 метри. Околу петтата кула се наоѓа објект кој најверојатно служел како складиште за оружје.
Горниот град др наоѓа кај капијата, паралелно помеѓу првата и третата кула. Под овој објект се наоѓа пат кој води кон капијата. Самата цитадела има правоаголна форма, и се наоѓа кон првата кула.
== Наводи ==
- ↑ Дероко, Александар (1950). Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији. Београд: Просвета.CS1-одржување: ref=harv (link)