Прејди на содржината

Студеница (манастир)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Студеница
Manastir Studenica
Религија
Припадностхристијанство
Година на осветување1190
Локација
ЛокацијаКралево, Србија
Карта
Географски координати44°26′34.56″N 26°6′9.48″E / 44.4429333°N 26.1026333°E / 44.4429333; 26.1026333
Архитектура
Типманастир
Мрежно место
http://whc.unesco.org/en/list/389

Манастирот Студеница е манастир на српската православна црква и се наоѓа на околу 39 километри од Кралево и е воедно еден од најголемите и најбогатите манастири на српската црква. Манастирот бил основан во 1190 година од страна на Стефан Немања. Самиот ѕид се состои од две цркви: Богородица и Свети Јоаким и Ана. И двете цркви биле изградени од бел мермер. Манастирот е познат по своите фрески кои датираат од крајот на 13 век и почетокот на 14 век. Од 1986 година, манастирот е под заштита на УНЕСКО.