Прејди на содржината

Келтско Море

Координати: 50°30′08″N 7°54′52″W / 50.50222° СГШ; 7.91444° ЗГД / 50.50222; -7.91444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Батиметриска карта на Келтското Море и Бискајскиот Залив.

Келтско Море (англ. Celtic Sea, ирск. An Mhuir Cheilteach, велш. Y Môr Celtaidd, корн. An Mor Keltek, брет. Ar Mor Keltiek, фр. La Mer Celtique) — дел од Атлантскиот Океан кај јужното крајбрежје на Ирска. На исток се граничи со Светигеоргиевиот Проток, Бристолскиот Залив, протокот Ламанш и Бискајскиот Залив, како и соседните делови од Велс, Корнвол, Девон и Бретања. Јужната и западната граница ја образува континенталната плоча која нагло се спушта надолу.

Келтското Море нема земјишни облици кои би го делеле од Атлантскиот Океан на југ и запад. За оваа цел, Холт предложил морска контура од 200 фата (366 м) и островот Уесан (Ушант) кај врвот на Бретања.

Границите усвоени во 1974 од Кралската морнарица гласат: „се граничи приближно со линиите што ги поврзуваат Уесан, Лендс Енд, ‘ртот Хартланд, островот Ланди, ‘ртот Сент Гованс и Рослер, па оттаму го следат ирското крајбрежје јужно до ‘ртот Мизен, а потоа долж 200-метарскиот изобат до приближно географската ширина на Уесан.“[1]

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Келтското Море се следниве:[2]

На север. Јужната граница на Ирското Море [линија што ги поврзува ‘ртовите Св. Давид и Карнсор], јужното крајбрежеј на Ирска, потоа линија повлечена од ‘ртот Мизен до местоположбата 51°0′N 11°30′W / 51.000° СГШ; 11.500° ЗГД / 51.000; -11.500.

На запад и југ. Линија од местоположбата 51°0′N 11°30′W / 51.000° СГШ; 11.500° ЗГД / 51.000; -11.500 јужно до 49° СГШ, потоа до 46°30' СГШ на западната граница на Бискајскиот Залив [линија што ги поврзува ‘ртовите Ортегал и Панмарш] и така долж линијата сè до самиот ‘рт Панмарш.

На исток. Западната граница на Ламанш [линија што го поврзува островот Вјерж со ‘ртот Лендс Енд] и западната граница на Бристолскиот Залив [линија што ги поврзува ‘ртовите Хартланд и Сент Гованс].

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Собраниски расправи, Дом на општините, 16 декември 1974 г., столб 317W Архивирано на 15 август 2021 г. (англиски)
  2. „Граници на океани и мориња, III издание + исправки“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1971. стр. 42 [исправки на стр. 13]. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

50°30′08″N 7°54′52″W / 50.50222° СГШ; 7.91444° ЗГД / 50.50222; -7.91444