Дождовен човек
„Дождовен човек (Rain Man)“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Бери Левинсон |
Продуцент | Марк Џонсон |
Главни улоги | Дастин Хофман Том Круз Валерија Голино |
Музика | Ханс Зимер |
Кинематографија | Џон Сили |
Монтажа | Стју Линдер |
Дистрибутер | „United Artists“ |
Премиера | 16 декември, 1988 |
Времетраење | 133 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски Италијански |
Буџет | $25 милиони |
Бруто заработка | $354.825.435 |
Дождовен човек (англиски: Rain Man) е американски филм од 1988 година, режиран од Бери Левинсон, по сценариото на Бери Мороу и Роналд Бас. Главните улоги ги толкуваат: Дастин Хофман како Рејмонд, Том Круз како Чарли Бабит и Валерија Џолино како девојката на Чарли - Сузана. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во осум категории, а победил во четири, и тоа: Оскар за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар глумец во главна улога за Хофман. Покрај нив, филмот освоил неколку награди „Златен глобус“, како и наградата „Златна мечка“ на Филмскиот фестивал во Берлин.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Чарли Бабит (го игра Круз), дилер на автомобили од Лос Анџелес, е на средината на преговорите за четири луксузни спортски автомобили. Зделката е загрозена од државната агенција и на Чарли му се заканува опасноста да загуби многу пари. По краток разговор со еден од вработените, Чарли оди на викенд во Палм Спрингс, заедно со својата девојка Сузана (ја игра Џолино). Патувањето на Чарли е прекинато од неочекуваните вести за смртта не неговиот отуѓен татко, Стенфорд Бабит. Чарли патува во Синсинати, Охајо за да се погрижи за имотот. Таму, тој дознава дека татко му оставил три милиони долари на фондацијата „Синсинати Траст“, додека тој го добива само автомобилот на татко му од марката „Бјуик“. Подоцна, Чарли дознава дека парите се насочени кон една ментална институција, која е дом на неговиот аутистичен брат Рејмонд (го глуми Хофман). По почетниот шок од сознанието дека има брат за кој не знаел дека постои, Чарли го зема Рејмонд ос себе, со намера да изнуди дел од парите, а поради оваа намера го напушта девојката. Набргу, тој ги дознава чудните способности и навики на Рејмонд, кој не сака да патува со авион и има некои постојани навики, но и неверојатна способност за меморирање бројни податоци. Оттука, Чарли го искористува Рејмонд и со негова помош заработува многу пари во едно казино во Лас Вегас, каде им се придружува и Сузана. Кога пристигнуваат во Лос Анџелес, таму веќе е закажано судско рочиште околу старателството над Рејмонд. Во меѓувреме, Чарли се зближува со својот брат и сака да го задржи кај себе, но не поради наследството, туку воден од братската љубов. Сепак, Рејмонд мора да се врати во институцијата.[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дожден човек на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Дождовен човек на филмската база TCM
- Дожден човек — AllMovie (англиски)
- Дожден човек на Box Office Mojo
- Дожден човек на Rotten Tomatoes.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
- Филмови од 1988 година
- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови на италијански јазик
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови поврзани со аутизам
- Филмови снимени во Лас Вегас
- Филмови поврзани со коцкање
- Филмови чие дејствие се одвива во САД
- Филмови со Том Круз
- Филмови со Дастин Хофман
- Филмови на Бери Левинсон
- Филмови добитници на Златна Мечка