Општина Дојран: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 43: Ред 43:


== Демографија ==
== Демографија ==
{| border=1 cellspacing=0 cellpadding=2
| '''Националност'''
| '''Процент'''
|-
| [[Македонци]]
| 77.09%
|-
| [[Албанци]]
| 0.50%
|-
| [[Турци]]
| 11.73%
|-
| [[Роми]]
| 1.72%
|-
| [[Власи]]
| 0.09%
|-
| [[Срби]]
| 8.08%
|-
| [[Бошњаци]]
| 0.06%
|-
| други
| 0.73%
|-
|}


== Општествени институции ==
== Општествени институции ==

Преработка од 22:25, 30 март 2018

За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Дојран со селските атари.
Демографска карта на Општина Дојран со селските атари.

Општина Дојранопштина во југоисточниот дел на Република Македонија. Центар на општината е селото Стар Дојран.


Географиja

Градот и езерото Дојран се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на околу 170 km од главниот град Скопје. Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро.

Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата медитеранска клима која се карактеризира со топли и суви лета и свежи, влажни зими.

Тој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Бугарија и Република Грција.

Историja

Студиите покажуваат на фактот дека оваа локација била населена дури од пред нашата ера. Инскрипции кои датираат од 5 век п.н.е. го опишуваат животот на просторите на денешната територија на Дојран во предисториско време.

После Римскиот период, Дојран бил под Византиска јурисдикција и му било дадено името Полин (Polin) значејќи - Град. Во 1371 год. Турците доаѓаат во градот Полин 1371 год. преку езерото кое било замрзнато и завеано со снег и големиот oсманлиски војсководец Евренос Бег во чест на тоа дека поминал врз замрзнатото езеро без да загуби ниту еден аскер (војник) прави голема гозба и ги најадува - "дојурмак", "дојуран" сите жители кои живееле во тоа време покрај езерото и така настанува името на градот (Дојуран) Дојран сегашен Стар Дојран. Во 19 век Дојран-Дојуран станува прекрасен град сместен на падина од која се гледа езерото, мали дуќанчиња, меани, анови, ибарски колиби, дрварски работилници и др. Во Првата Балканска војна Дојран-Дојуран е значајна стратегиска точка каде војувале бугарските и германските војници против англиските и француските сили каде има уште остатоци по кала тепе и околината. Населението било приморано повторно да се сели по бомбардирањето.[се бара извор]

Економија

Демографија

Националност Процент
Македонци 77.09%
Албанци 0.50%
Турци 11.73%
Роми 1.72%
Власи 0.09%
Срби 8.08%
Бошњаци 0.06%
други 0.73%

Општествени институции

Администрација и политика

Совет на Општина Дојран во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (3)

Културни и природни знаменитости

10 m длабокото езеро се наоѓа на 148 m надморска висина и е најмалечкото езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 km2. Дојранското Езеро е формирано во Неогенот и е од тектонско-вулканско потекло. Безрбетници, 'рбетници, 12 вида на ендемска фауна, 15 типови на риба и неколку видови на птици го населуваат ова езеро. Тоа е познато по специфичниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи.

Во последната декада на 20-от век Дојран се соочи со еколошка криза и изгледаше навидум беспомошно. Тоа дојде на очаен водостој на помалку од 50% од оригиналниот, ендемските видови почнаа да изумираат, се случија мутации на дел од флората, дојде до работ на изумирање на поголем број на видови на риби, климата се смени, но сепак со проект финансиран од Владата на Република Македонија Дојранското Езеро се спаси од тотално уништување и неговиот водостој почна да се нормализира.

Денес проектот сѐ уште функционира и водостојот е речиси на истото ниво како и пред катастрофата, но сепак дел од флората никогаш нема да се врати. Напорот кој е вложен во овој бисер на природата сепак се исплати. Имено, голем број од младите луѓе кои својата перспектива ја бараа во некој од поголемите градови од републиката, сѐ почесто се одлучуваат да останат во ова гратче и да допринесат во доизградбата на неговата инфраструктура за хотелски и приватни сместувања. Поголем број од пропаднатите државни хотели веќе се успешно приватизирани и работат под полна пареа за да завршат со изградба до следната летна сезона. Државното претпријатие за стопански риболов на Дојранското Езеро, исто така е успешно приватизирано и сега засега работи успешно. Ноќниот живот во Дојран секоја година е сѐ подобар и подобар. Дојран станува вистинска дестинација за деновите како Илинден, 1-ви и 2-ри мај, Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови и врвулици по градскиот пазар. Можеби токму Дојран е местото кое ќе заврши како една среќна приказна за еден град.

borders/Dojran 1.jpg [1]

Редовни настани

Еден од позначајните настани во Дојран се т.н. Дојрански ракувања, кои се одржуваат секое лето во почетокот на месецот август во времетраење од неколку дена. Настанот е организиран од локалната самоуправа и на него настапуваат ансамбли од повеќе држави (играорци, драмски театри и сл.)

Личности

Култура и спорт

ФК Дојранско Езеро (Нов Дојран). Клубот има настапувано и во 2 МФЛ (Втора Македонска Фудбалска Лига). Македонскиот репрезентативец Горан Мазнов ја има почнато својата кариера во ФК Дојранско Езеро.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во општина Дојран