Потсателит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Уметнички приказ на месечината Кеплер-1625б I што орбитира околу егзопланетата Кеплер-1625б . Се верува дека Кеплер-1625б I има свој потсателит.[1][2]

Потсателит, познат и како подмесечина или месечина на месечина, е природен или вештачки сателит кој орбитира околу друг природен сателит.[3]

Со емпириско истражување на природните сателити во Сончевиот Систем, се дошло до заклучок дека e можно супсателитите да бидат елементи во планетарните системи. Во Сончевиот Систем, џиновските планети имаат големи број природни сателити. Откриените егзопланети најчесто се џиновски планети; и барем една (Кеплер-162бb) може да има многу голема егзомесечина, наречена Kеплер-1625б I, за која се смета дека има потсателит.[4][5] Но, досега освен вештачките сателити привремено лансирани во орбитата на Месечината, не е забележан ниту еден потсателит Сончевиот Систем или пошироко. Најчесто, плимните ефекти на планетите би го направиле ваквиот систем нестабилен.

Термини[уреди | уреди извор]

Во научната литература за месечина на месечините се употребуваат термините „потсателит“, „подмесечини“ и „супсателит“.[6]

Можни потсателити[уреди | уреди извор]

Реја[уреди | уреди извор]

Уметнички приказ на прстените околу Реја - месечината на Сатурн

Откривањето на потенцијален [7] систем од прстени околу природниот сателит на Сатурн - Реа придонесле за пресметки кои покажале дека сателитите кои кружат околу Реја имаат стабилни орбити. Исто така, се претпоставува дека прстените се тенки,[8] феномен кој се поврзува со пастирските месечини. Но, со снимките направени од вселенското летало Касини не се откриле потсателити или прстени на Реја.[9]

Јапет[уреди | уреди извор]

Исто така, се тврди деја сателитот на Сатурн Јапет порано имал потсателит. Ова е една од неколкуте предложени хипотези за да се објасни необичниот екваторијален гребен на Јапет.[10]

Вештачки потсателити[уреди | уреди извор]

Во минатото[уреди | уреди извор]

Многу вселенски летала кружеле околу Месечината, вклучувајќи ги и леталата со екипаж од програмата Аполо. До 2021, нема вештачки сателити што орбитираат околу други месечини. Во 1988 година, Советскиот Сојуз се обиде да постави две роботски сонди во квази-орбитата на месечината на Марс - Фобос, но обидот бил неуспешен.[11]

Во сегашноста[уреди | уреди извор]

Лунарниот извидувачки орбитер (LRO), лансиран на 18 јуни 2009 е роботско вселенско летало на НАСА што сѐ уште кружи околу Месечината во ексцентрична поларна орбита. Собраните податоци од ова летало се наведува дека се битни за планирање на идните човечки и роботски мисии на НАСА на Месечината. Со програмата за мапирање се определуваат безбедни места за слетување, лоцирање на потенцијални ресурси на Месечината, определување на нивото на зрачење и се демонстрираат новите достигнувања во технологијата.

Планирани вештачки сателити на месечини во иднина[уреди | уреди извор]

Во тек е развој на меѓупланетарното вселенско летало - Истражувач на ледените месечини на Јупитер (JUICE) кое треба да влезе во орбитата на Ганимед во 2032 година, со што ќе стане првото вселенско летало што орбитира околу месечина на друга планета во Сончевиот Систем (различна од Земјата).

Исто така, во 2024 година треба да започне со изградба вселенската станица Месечева Порта (поддржана од повеќе агенции)[12] која првенствено ќе служи како поддршка на подоцнежните мисии на НАСА од програмата Артемис за истражување на месечината. Месечевата Порта во иднина може да даде поддршка и за идните мисии на Марс и на оддалечените астероиди.

Вселенското летало CAPSTONE е планирано да биде лансирано до крајот на 2021 и треба да ја тестира и потврди орбиталната стабилност за Лунарната Порта.[13]

Планирано е и лансирање на Месечева Батерија - нискобуџетен КјубСат (анг: CubeSat) орбитер за истражување, лоцирање и проценка на количината и составот на воден мраз на Месечината за негова експлоатација во иднина од страна на роботи или луѓе од поларната орбита.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Forgan, Duncan (4 October 2018). "The habitable zone for Earthlike exomoons orbiting Kepler-1625b". arXiv:1810.02712v1 [astro-ph.EP]. 
  2. (3 октомври 2018). "Astronomers Find First Evidence of Possible Moon Outside Our Solar System". Соопштение за печат.
  3. „Where is Earth's submoon?“. phys.org (англиски). Посетено на 2020-10-13.
  4. Drake, Nadia (3 October 2018). „Weird giant may be the first known alien moon - Evidence is mounting that a world the size of Neptune could be orbiting a giant planet far, far away“. National Geographic Society. Посетено на 11 October 2018.
  5. „Hubble finds compelling evidence for a moon outside the Solar System“. Hubble Space Telescope. 3 October 2018. Посетено на 11 October 2018.
  6. Daley, Jason (11 October 2018). „If a Moon Has a Moon, Is Its Moon Called a Moonmoon? - A new study suggests it's possible some moons could have moons and the internet wants to give them a name—but scientists have yet to actually find one“. Smithsonian. Посетено на 10 September 2020.
  7. „The Dust Halo of Saturn's Largest Icy Moon, Rhea“. Science. 319 (5868): 1380–1384. 7 March 2008. Bibcode:2008Sci...319.1380J. doi:10.1126/science.1151524. PMID 18323452. Посетено на 12 October 2018.CS1-одржување: display-автори (link)
  8. Hecht, Jeff (6 March 2008). „Saturn satellite reveals first moon rings“. New Scientist. Посетено на 12 October 2018.
  9. Tiscareno, Matthew S.; Burns, Joseph A.; Cuzzi, Jeffrey N.; Hedman, Matthew M. (July 2010). „Cassini imaging search rules out rings around Rhea“. Geophysical Research Letters. 37 (14): L14205. arXiv:1008.1764. Bibcode:2010GeoRL..3714205T. doi:10.1029/2010GL043663. Архивирано од изворникот на 2010-08-10.
  10. Fitzpatrick, Tony (13 December 2010). „How Iapetus, Saturn's outermost moon, got its ridge“. the Source. Washington University in St. Louis. Посетено на 12 October 2018.
  11. Edwin V. Bell II (11 April 2016). „Phobos Project Information“. NASA Space Science Data Coordinated Archive. NASA. Посетено на 2018-10-15.
  12. „Кина и Русија ќе градат заедничка лунарна станица - Порта“. Посетено на 2021-11-19.
  13. „Rocket Lab ќе лансира сателит на НАСА на Месечината“. Кајгана. Посетено на 2021-11-19.