Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 114.752 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Coat of arms of Albania.svg

Албанија — земја во југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Сердоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад. Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата.

Географски, земјата покажува различни климатски, геолошки, хидролошки и морфолошки услови, дефинирани на површина од 28.748 км2. Таа поседува извонредна разноликост со пределот кој се протега од планините Проклетие до топлото и сончево крајбрежје на Јадранско Море и Јонското Море. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско население.

Историски гледано, областа на Албанија била населена со разни племиња од Илири, Тракијци и Стари Грци. Областа била припоена во 3 век од страна на Римјаните и станала составен дел на римските провинции Далмација, Македонија и Илирикум. Автономното Кнежевство Арбарија било создадено во 1190 година, формирано од архон Прогон во Кроја, во рамките на Византија. Во доцниот 13 век Карло I Анжујски ги освоил албанските територии од Византијците и го основал средновековното Кралство Албанија, кое со своето максимално проширување се протегало од Драч по должината на брегот до Бутринт на југ. Во средината на XV век, Албанија била освоена од страна на Османлиите.

Современата национална држава Албанија се појавила во 1912 година по поразот на Османлиите во Балканските војни. Современото Кралство Албанија било напднато од Италија во 1939 година, формирајќи Голема Албанија, пред да стане нацистички германски протекторат во 1943 година. По поразот на Нацистичка Германија, комунистичка држава насловена како Народна Република Албанија била основана под раководство на Енвер Хоџа и Партијата на трудот. Земјата доживеала општествени и политички трансформации во комунистичката ера, како и изолација од голем дел од меѓународната заедница. По Револуциите од 1991 година, социјалистичката република била распуштена и била основана денешна Албанија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Hvannhagi 9.jpg
Езерото Хванхаги на островот Сувурој, Фарски Острови.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Физичка карта на Гренланд
На денешен ден…

Денес е 16 мај 2021 г.

Настани:

1795  Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести.
1943  Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители.
1974  Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата.
2007  Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција.

Родени:

1611  Инокентиј XIримски папа.
1817  Николај Костомаров — руски историчар.
1821  Пафнутиј Чебишев — руски математичар.
1883  Џелал Бајарпретседател на Турција.
1890  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1898  Десанка Максимовиќ — српска поетеса († 1993)
1898  Растко Петровиќ — српски поет, патописец и дипломат.
1905  Хенри Фонда — американски филмски глумец.
1923  Мертон Милер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1990 година.
1924  Дауд Џавара — гамбиски државник.
1925  Нилтон Сантос — бразилски фудбалер.
1927  Павлина Апостолова — македонска оперска пејачка.
1928  Петар Костов — македонски писател.
1931  Вујадин Бошков — српски и југословенски фудбалски тренер.
1946  Роберт Фрип — англиски гитарист.
1953  Пирс Броснан — ирски глумец.
1954  Зоран Анчевски — македонски поет, есеист и преведувач.
1955  Перица Мартиновиќ — југословенска и хрватска глумица.
1960  Петар Георгиевски — македонски и југословенски фудбалер.
1964  Решат Ахмети — македонски академски сликар.
1965  Крис Новоселич — американски рок-музичар, член на групата „Нирвана“.
1966  Џенет Џексон — американска пејачка.
1970  Габриела Сабатини — аргентинска тенисерка.
1973  Тори Спелинг — американска глумица.
1974  Лаура Паузини — италијанска поп-пејачка
1980  Сајмон Геранс — австралиски велосипедист
1986  Меган Фокс — американска глумица и фото-модел.
1989  Фелипе — бразилски фудбалер.
1991  Георги Димитров — бугарски тенисер.

Починале:

1830  Жозеф Фурје — француски математичар и физичар.
1926  Мехмед VI — последниот отомански султан.
1943  Илија Антевски - Смок — припадник на напредното студентско и комунистичко движење на Македонија.
1953  Џанго Рајнхард — француски гитарист.
1985  Жан Дифибе — француски вајар и архитект.
1917  Владислав Петковиќ - Дис — српски поет.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич