Лав VI Мудриот: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox royalty |император |name =Лав VI |full name =Лав VI Мудриот<br /> Λέων ΣΤ΄ ὁ Σοφός (Г...
 
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
Ред 41: Ред 41:
{{Шаблон:Византиски владетели}}
{{Шаблон:Византиски владетели}}


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Македонска династија]]
[[Категорија:Македонска династија]]
[[Категорија:Родени во 866 година]]
[[Категорија:Родени во 866 година]]

Преработка од 23:41, 21 јули 2015

Лав VI
Император на Источното римско царство
Мозаик во Аја Софија покажувајќи Лав VI како придава почести кон Исус
Византиски император
На престол29 август 886 – 11 мај 912
ПретходникВасилиј I
НаследникАлександар III
СопружникТеофана Мартинијака
Зоја Зауцес
Евдокија Бајана
Зоја Карбонопсина
Полно име
Лав VI Мудриот
Λέων ΣΤ΄ ὁ Σοφός (грчки)
ДинастијаМакедонска династија

Лав VI, наречен уште Мудриот или Филозофот (19 септември 866г. - 11 мај 912г.), бил византиски император од 886г. до 912г. Тој бил вториот владетел од Македонската династија, тој бил многу начитан, водејќи по неговиот прекар. За време на неговото владение, преродбата на пишување, почнато од неговиот претходник Василиј I, продолжила, но Царството иста така доживеало неколку воени порази на Балканот против Бугарија и против Арабјаните во Сицилија и Егејот.

Ран живот

За што поцврсто да ја врзе царската круна за своето семејство, Василиј I веќе на 6 јануари 869г. го крунисал за совладетел својот постар син Константин, а една година потоа и вториот син Лав, а околу 879г. по прераната смрт на Константин, и третиот - Александар, додека најмладиот Стефан, станал свештеник, и подоцна за време на владата на својот брат Лав VI, го зазел патријаршискиот престол престол. Царевиот првенец и љубимец Константин бил син на неговата прва жена „Македонката“ Марија. Лав Александар и Стефан биле синови на Евдокија Ингерина, последните двајца се родени дури по доаѓањето на Василиј на престолот.[1]

По прераната смрт на Константин (879г.), правото на наследство на престолот преминало на Лав, и покрај длабокото нерасположение и недоверба што неговиот татко ги негувал спрема нему. Напрасната смрт на својот првенец, Василиј I не можел да ја преболи и последните години од својот живот ги провел во тешка душевна депресија. На 29 август 886 година во несреќен случај загинал во лов.[2]

Внатрешна политика

Рано владение

По доаѓањето на престолот, Лав VI веднаш го отстранил патријархот Фотиј, а за патријарх го довел својот млад брат Стефан. Овој пат Фотиј конечно изчезнал од историската сцена: умрел во Ерменија, во прогонство.

Лав VI Мудриот формално го делел престолот со својот брат Александар, но овој, предаден на уживањата, не учествувал во водењето на државните работни. Главен царев советодавец, за време на првиот и најплоден на неговото владеење, бил таткото на неговата љубовница и подоцна сопруга Зоја, Ерменецот Стилијан Зауцес, за кого е создадена почесната титула "василеопатор" (царев татко).[3]

Лав VI како образовна личност

Како ученик на големиот Фотиј , кон кого се покажал толку неблагодарен, Лав VI располагал со одлично образование и и многустрано знаење. Бил плоден писател и страствен говорник. Верноста кон античките традиции кај него поизразено се забелележува отколку кај неговиот татко, но се манифестира не толку на политичко колку на литературно поле и се прикажува во изразено теолошко облекло. Лав бил побожен владетел со силни наклоности за теологија[4]


Извори

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 286.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 295.
  3. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 295-297.
  4. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 297.