Прејди на содржината

Рибничка Река

Координати: 41°42′27.4″N 20°39′02.4″E / 41.707611° СГШ; 20.650667° ИГД / 41.707611; 20.650667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рибничка Река
Рибница, Брек
Течението на реката
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоКораб (во околината на Бачилски Камен)
 • надм. вис.1.920 м
Устие 
 • место
Радика
 • координати
41°42′27.4″N 20°39′02.4″E / 41.707611° СГШ; 20.650667° ИГД / 41.707611; 20.650667
 • надм. вис.
850 м
Должина12,7 км
Големина на сливот96,12 км2
Особености на сливот
ТечениеРадикаЦрн ДримЈадранско Море

Рибничка Река, се среќава и како Рибница или Брек[1]река во Западна Македонија и најголема десна притока на Радика.

Реката настанува од повеќе извори на планината Кораб, во околината на врвот Бачилски Камен и пределите Горни и Долни Чардак, источно од превалецот Шкртец, на надморска височина од околу 1.920 м, од каде потоа продолжува со спојување на Извирскиот, Бабиниот (Прој и бабес) поток во долот над селото Тануше. Веднаш под селото, реката ги прима првите притоки, и тоа Завојски Поток од десната и Грекајска Река од левата страна, во непосредна близина на селото Грекај, на надморска височина од 1.018 м, од каде започнува главниот тек и воедно и го добива името Рибница. Тече непосредно под селото Рибница по коеи го добила името, по што прима уште две притоки, и тоа Рагалеч од десната и Длабока Река од левата страна, а потоа станува полноводна сè до својата утока во Радика.

Хидрографија

[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 12,7 км, а вкупната површина на нејзиното сливно подрачје изнесува 96,12 км2.[2][3]

Во долното течение, реката е богата и со речна пастрмка заради што често е посетувана од спортски рибловци во летниот период.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 61. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 23 август 2018.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулација Маврово" за период 2017-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Посетено на 23 август 2018.[мртва врска]