Елена Ристеска
Елена Ристеска | |
---|---|
Ристеска во октомври 2009 година | |
Основни податоци | |
Роден(а) | 27 април 1986 Скопје, Македонија |
Жанр(ови) | Поп |
Занимање/ња | Пејачка |
Продукциска куќа/ќи | М2 продукција |
Мрежно место | http://www.elenaristeska.com/ |
Елена Ристеска (р. 27 април 1986 во Скопје) — македонска пејачка и текстописец на популарна музика. Претставник е на Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје, Македонија (тогаш СР Македонија во составот на СФР Југославија). Родена е како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови. Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.[1]
Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било во Бугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка и Турција.
Средно училиште завршила во Гимназијата Никола Карев.[2]
Професионален почеток
[уреди | уреди извор]Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото-реалити шоу - Плеј - потрага по ѕвезди. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) - Александар Принц (текст), за која веднаш е реализиран и видео-спот, станува инстантен хит во Македонија. Како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои исто така стануваат успешни хитови во Македонија и соседните земји. Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.
Заедно со големиот успех на нејзиниот деби албум, Елена почнува да се промовира и надвор од Македонија. Во 2004 година таа учествува на „Голден Стаг“ фестивалот во Романија, а во 2005 година со нејзиниот хит „Ни на небо, ни на земја“ се претставува на Сунчане Скале во Херцег Нови. Нејзините видеа често време беа вртени по МТВ Адриа, а со тоа нејзината популарност сè повеќе се зголемува.
Евровизија 2006
[уреди | уреди извор]На 4 март 2006, Елена Ристеска победува на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“. Со извојуваната победа таа го добива правото да ја претставува Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција. Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 мај 2006) кои обезбедуваат пласман на финалната манифестација. Во финалето одржано на 20 мај 2006, Елена добила 56 бода и го освоила 12-то место. Дванаесеттото место било најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освоила седмото место.
По Евровизија 2007
[уреди | уреди извор]Во јули 2006 г, Елена настапува со песната „Не Могу“ (на српски) на Сунчане Скале. Песната е дело на Калиопи и Дарко Димитров. На крајот завршува на 10 место. Истата година во септември патува за Ереван, Ерменија да присуствува како гостин на концертот на претставникот на Ерменија на Евровизија 2006 Андре. Таа е добро пречекана од публиката во Ерменија што е и очекувано затоа што „Нинанајна“ станува летен хит и популарен рингтон таму. Во октомври таа реализира нов сингл насловен како „Есен Во Мене“. Песната е дело на Дарко Димитров.
После нејзините безбројни хитови во претходната година, вториот албум на Елена насловен како 192 е реализиран во декември 2006. Албумот ги содржи „Нинанајна“, „Есен Во Мене“, македонската верзија на „Не Могу“ насловена како „Не Можам“ и нов материјал.
Во 2007 таа зема дел во Скопје Фест 2007, но сега не како натпреварувач туку како специјален гостин и автор на текстот на „Бело е се“, песната на Ламбе Алабаковски. На Евровизија 2007 таа ги презентираше гласовите од Македонскиот телевотинг во финалната вечер.
Елена учествува на српскиот Радијски Фестивал на 15 декември 2007 изведувајќи ја песната „Кревета Два“ или српската верзија на нејзината песна „Има Ли Крај“. Елена завршува на второто место кое го дели со нејзината колешка и идол Каролина Гочева. Елена исто така добива и уште две награди, една за најдобра интерпретација, а другата од Радио ОСМ Пале. Кон крајот на 2007 година таа ја реализира и Српската верзија на албумот 192, насловена како „Милионер“.
Од 2008
[уреди | уреди извор]За Елена Ристеска 2008 година започнува професионално. Таа го реализира првиот самостоен сингл на англиски јазик и тоа со видеоклип. Тоа е за песната насловена како „Million Dollar Player“ (или англиската верзија на „Милионер“). Видеото е продукција на „Corrino Media Group“, а режисер на видеото е Мајк Статик. Покрај Елена во видеото се појавува и Лирој Чемберс кој всушност е и автор на текстот за оваа песна.
После тоа Елена се навраќа на некои постари проекти. Таа снима видео за песната „Некаде Далеку“ од албумот 192. Покрај македонската верзија таа снима видео и за српската верзија која е насловена како „Bye bye“ и дел од албумот „Милионер“. Режисер на видеото е Александар Ристовски - Принц. Во меѓувреме снима нова песна, односно дует со групата „Паркети“ под насловот „Сакам да те галам“ која исто така се здобива со видео реализација.
На 19 декември таа го одржува и нејзиниот прв солистички концерт. Одржан е во „Метрополис Арена“. На концертот како гости се појавија Ламбе Алабаковски, Туна, Паркети како и Босанскиот бенд „Регина“ со коишто Елена има дует.
На почетокот на 2009 година, таа снимила спот за песната „Усни како темно мастило“. Воедно тоа бил последниот проект поврзан со албумот „192“.
На 28 декември 2015 година, Елена Ристеска го претставила албумот „Без шминка“, снимен со финансиска помош на „Македонски телеком“. На албумот се наоѓаат постари осум песни, меѓу кои и „А можевме“ (напишана од Тоше Проески) и „Доживотно“, како и пет нови песни, и тоа: „Без шминка“, „Вети“, „На крај на свет“, „Немаш право ти да ми судиш“ и „Како да се радувам“. За промоција на албумот бил снимен видео-спот за песната „Доживотно“.[3]
Албуми
[уреди | уреди извор]- И јас сакам да бидам ѕвезда (на сите учесници од потрагата на нова М2 звезда) (2002)
- Ден и ноќ (2003) (прв студиски албум)
- 192 (2006)
- Милионер (2008)
- Без шминка (2015)
Спотови
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Ден и Ноќ | 2003 | — |
Рај и пекол | 2003 | Дејан Милиќевиќ |
Не сакам да кријам | 2003 | Division production |
Ни на небо, ни на земја | 2004 | — |
Come and get me | 2005 | — |
Нинанајна | 2006 | — |
Љубав није за нас | 2006 | — |
Есен во мене | 2006 | — |
Милионер | 2007 | — |
Million Dollar Player | 2007 | — |
Некаде далеку | 2008 | — |
Сакам да те галам | 2008 | — |
Усни како темно мастило | 2009 | — |
Доста | 2009 | — |
Сакам по добро да те памтам | 2010 | — |
Најдобро до сега | 2011 | Tomato Production |
Опасно време | 2012 | Даниел Јовески |
Доживотно | 2015 | Tomato Production |
Како да се радувам ? | 2016 | Tomato Production |
Још ме плашиш | 2017 | Васил Христовски, „Gotiva” produkcija |
Текила и лемон | 2017 | CleanCut Production |
Снаге за крај | 2018 | — |
Срца се погреше | 2019 | Милош Шаровиќ |
Superstar | 2019 | Дејан Димковски |
Ме боли за се | 2024 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Елена::::M2::::Официјален Web Site:::::“. web.archive.org. 2003-08-14. Архивирано од изворникот на 2003-08-14. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Елена Ристеска“. web.archive.org. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Ѓорге Стојанов, „Се бориме за животот на татко ми, сите сме големи оптимисти“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Елена Ристеска“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Елена Ристеска
- Лична карта на Елена Ристеска Архивирано на 26 април 2005 г. на muzika.net.mk
- Елена Ристеска Архивирано на 11 април 2006 г. на m2.com.mk
- Елена Ристеска - обожавателско мрежно место Архивирано на 4 септември 2009 г.
- Дискографија на Елена Ристеска Архивирано на 8 мај 2016 г. евидентирана од ВБУ Музички Регистар.
Претходник Мартин Вучиќ |
Македонија на Евровизија 2006 |
Наследник Каролина Гочева |
|
|