Верица Пандиловска
Верица Пандиловска | ||
---|---|---|
Основни податоци | ||
Роден(а) | 13 мај 1973, Тетово | |
Жанр(ови) | поп | |
Занимање/ња | пејачка |
Верица Пандиловска (р. 13 мај 1973 во Тетово)[1] - македонска поп пејачка.
Биографија[уреди | уреди извор]
Пандиловска завршила нижо музичко училиште (отсек виолина), како и Средно музичко училиште (отсек соло-пеење). На музичката академија продолжила со соло-пеење, а по две години отсекот го смени со теоретскиот дел.
Нејзиното прво појавување било на премиерата на филмот „Arizona Dream“ во Универзалната сала во Скопје, каде таа ја отпеала традиционалната „Калеш бре Анѓо“.
Првата солистичка песна „Вратете го богови“ ја испеала на фестивалот Интерфест во Битола, 1994 година. Песната ја компонирал Драган Вучиќ, а за изведбата Верица била наградена како најдобар интерпретатор.
Следната година (1995), на Скопски фестивал отпеала песна од Љупчо Цветковски – Ти не разбираш, која подоцна беше прогласена за најслушана меѓу два фестивала. Следеше пауза до 1999 година, кога на Макфест настапи со Без здив, песна од Тоше Поп-Симонов, во чие студио беа снимени и претходните две песни.
Следуваа: Знаеш дека знам (Скопски фестивал 2000, награда за најдобар текст за Тоше Поп-Симонов) и Нема зошто (Макфест 2001, награда за интерпретација), по што уследи дистанцирање од фестивалите.
По две години кариерата ја продолжи со хитовската Кучкин син, а една година подоцна, 2004/05 со Дај ми вино. Следната Капка пот (автори: Владо Јаневски и Дарко Димитров), беше промовирана во јуни 2006 година, а Животот е (композиторот Дејан Миличевиќ беше инспириран од шпанскиот мелос, додека текстот го напиша Калиопи) во јануари 2007.
За поголемиот дел од песните Верица сними спотови, кои ги режираа Тоше Поп-Симонов, Дејан Миличевиќ и 3Д продукција.
Во 2007 бил врвот на нејзината кариера со промоција на нејзиниот прв професионален албум „Бело знаме“ кој ги содржал националните хитови како „Кучкин син“, „Без здив“, „Капка пот“ и многу други.[2]
Дискографија[уреди | уреди извор]
Албуми[уреди | уреди извор]
- Само за тебе
- Бело знаме
Спотови[уреди | уреди извор]
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Без здив | 1999. | Тоше Поп Симонов |
Нема зошто | 1999. | Тоше Поп Симонов |
Кучкин син | 2003. | Дејан Миличевиќ |
Дај ми вино | 2005. | 3D Production |
Капка пот | 2006. | Дејан Миличевиќ |
Животот е... | 2006. | Дејан Миличевиќ |
Бело знаме | 2007. | Дејан Миличевиќ |
Цвеќе за извини | 2007. | Дејан Миличевиќ |
Нема да остареш | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „BIOGRAFIJA“ (англиски). Посетено на 2020-10-02.
- ↑ „Верица Пандиловска“. web.archive.org. 2012-05-11. Посетено на 2020-10-05.