Брест (Порече)
Брест | |
Панорамски поглед на селото Брест | |
Координати 41°43′28″N 21°9′26″E / 41.72444° СГШ; 21.15722° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 118 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6535 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03008 |
Надм. вис. | 980 м |
Брест на општинската карта Атарот на Брест во рамките на општината | |
Брест на Ризницата |
Брест — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Селото се наоѓа во средишниот дел на областа Порече, веднаш под највисокиот врв Фојник. До селото води асфалтен пат кој го поврзува со поранешното општинско средиште Самоков.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат е споменато како „Брест“ во XV век. Името доаѓа од дрвото брест,[2] кое се верува дека растело на ова место.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Порече, од левата страна на реката Треска, во средишниот дел од Општина Македонски Брод.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 47 километри.[4]
Селото е сместено во мало седло, сместена помеѓу долините на Мала Река и на Треска. Куќите повеќе се групирани на југ, кон долината на Мала Река, со што и целото село е свртено на југ. Нивите се наоѓаат околу селото, како и шумата.[3]
Куќите се поделени на три маала, кои се оддалечени по 200 метри едно од друго: Огненовци, Средно и Горно Маало.[3]
Селото од север се граничи со атарот на селото Требовље, на исток атарот на селото Брест се простира до езерото Козјак и атарот на селото Брезница, на југ граничи со атарот на селото Рамне а на западната страна со атарот на селото Звечан и со атарот на селото Косово.
Пред изградбата на вештачката акумулација „Козјак“, од селото Брест преку Белица и шумскиот резерват „Јасен“ било можно да се стигне до Скопје и со моторни возила. После изградбата на акумулацијата „Козјак“, сообраќајната комуникација на целиот поречки регион со Скопската Котлина практично е прекината.
Селаните од Брест, пред поголемите миграции предизвикани со процесот на индустријализација во минатиот век, користеле патишта и врвулици по планинските сртови за комуникација со полошката котлина (Гостивар и Тетово) и скопската котлина (Скопје). Преку овие патишта релативно брзо се стигнувало до поголемите економски центри во гореспоменатите котлини. Најчесто селаните тргувале (продавале) земјоделски производи и добиток а купувале (сол, шеќер, газија, облека и сл.) По овие патишта се движеле и тајфи на мајстори кои изведувале градежни работи или пак работеле како наемни работници во полињата на полошката и скопската котлина.
Извори на питка вода
[уреди | уреди извор]Во околината на селото постојат повеќе извори на питка вода. Во селото има изградено и селски водовод кој се снабдува со вода од две локации, каптажата на изворот Горник (под врвот Фојник), како и од изворот во Бозов дол. Првата каптажа е со помала издашност, во минатото доволна за напојување на трите селски чешми (во трите селски маала). Водата од оваа каптажа стигнува до селските чешми по пат на природен пад. Но, со изградбата на селскиот водовод кога се доведува вода до повеќето селски куќи издашноста на овој извор не е доволна за задоволување на потребите на селаните. Од тие причини изграден е нов цевковод кој ги зафаќа водите од изворот во Бозов дол. Овој извор е со поголема издашност и може да ги задоволи потребите на селаните, но неговото одржување е скапо од причини што водата се пренесува со потисни пумпи кои се придвижуваат со електрична енергија бидејќи каптажата се наоѓа на помала надморска височина од селото.
Околу селото постојат следниве извори на питка вода: Горник, Шошор, Бозов Дол, Сртеш и Река.
Историја
[уреди | уреди извор]По народното предание селото порано постоело и броело 100 куќи, кои биле сместени низ шумата. Куќите биле на местата Горен и Долен Брест и на Подиште, на левиот брег од долината на Треска. Но, по појавата на чума, селото се уништило и останал само еден човек. Тој човек имал три сина и од нив настанало денешното село.[3]
Во минатото, селото имало имот и во долината на Треска, но некој Таро, Турчин од Зајас, на сила го одземал овој имот. Подоцна, и тој самиот бил принуден да го предаде имотот, но не им го вратил на мештаните на Брест, туку го продал на селаните од Тажево и Брезница.[3]
Во XIX век, Брест било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство. За време на отоманскиот период, селото било условено да дава данок во вид на млеко на дебарските Турци.[3]
Во Масакрот кај Дервишка Нива во 1916 година од страна на бугарската војска, од Брест биле погубени Јован Ѓуроски и Марко Крстески.
Од селото Брест се и војводата Саздан Јаковчески со комитите: Коне Стаменкоски, Божин Трпчески, Трајко Грозданоски, Оливер Смилески, Миладин Ѓорѓиески, Никола Ѓорѓиески, Трифун Цветаноски и Здравко Трпкоски.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е зафаќа површина од 17 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.105,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 270,3 хектари, а на пасиштата само 12 хектари.[4]
Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во пописниот дефтер за 1467/68 година бр. 4 стр. 197-289, селото Брест се спомнува како хаски имот кој имал 15 куќи, наведено е дека имало вкупно 9 мажи, домаќини, од кои еден неженет. Тогашното население плаќало приход на државата во акчиња и тоа: 200 акчиња пченица, 200 акчиња ушур од лозје, 10 акчиња од ореви, 6 акчиња од лен, 14 акчиња од бостан, 15 акчиња данок на воденици, 5 акчиња данок на свињи, 30 акчиња свадбарина, 506 акчиња испенџе, се вкупно 1.106 акчиња данок. Според утврдениот данок, селото во тоа време било економски помоќно од во тоа време Македонски Брод.[6]
Во публикацијата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград 1878 година, за Брест е наведено дека е село со 11 домаќинства со 50 жители.[7]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брест имало 204 жители, сите Македонци.[8] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брест имало 160 жители.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брезе се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[11]
Селото е мошне раселено, така што бројот на населението се намалил од 405 жители во 1961 година, на 234 жители во 1994 година, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Брест имало 189 жители, од кои 186 Македонци и 3 Срби.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 110 Македонци, 1 Албанец и 7 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 204 | 160 | 378 | 439 | 405 | 427 | 325 | 253 | 234 | 189 | 118 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
[уреди | уреди извор]Брест е македонско православно село.[3]
Според истражувањата на Петар Јовановиќ во 1930-тите години родови во селото се: Огненовци (7 к.), Трипуновци (3 к.), Волчевци (6 к.), Трајановци (5 к.), Стојановци (12 к.) и Мартиновци (4 к.), според народното предание овие родови потекнуваат од еден предок; Пуровци (1 к.), доселени се од Прилеп или Прилепско.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Брест се наоѓале селата Бенче, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне Самоков, Старо Село и Сушица. Општината Самоков постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0255 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 162 гласачи.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 144 гласачи.[20]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[21]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[22]
- Црква „Св. Талалеј” — главна селска црква;
- Црква „Св. Јован Крстител” — помала црква во изградба во Горно Маало;
- Црква „Св. Петка” — гробјанска црква; и
- Црква „Св. Преображение” — црква сместена на врвот Фојник.
-
Св. Јован Крстител
-
Св. Петка
-
Св. Преображение
-
Св. Талалеј
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Брест
- Крсте Павлоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Петре Павлоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Василе Павлоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Крале Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Јованче Филипоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Генадија Мерџаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Стојанче Трендафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Герасим Боrданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Илија Ставрески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Наумче Дукоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Тренко Јосифоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Огнен Трпкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Томе Трпкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Мено Маџоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Трпе Радески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Стале Таноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[23]
- Маџо Маџовски — македонски борец за време на турското ропство[24]
- Јован Алексоски (1911 - 1944) — загинат во НОБ.[25]
- Марко Крстески (1919 - 1944) — загинат во НОБ.[25]
- Ратомир Грозданоски (р. 1959) — македонски теолог, професор и протоѓакон
- Коста Станоевски — секретар на Скопската епархија на МПЦ.[26]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]После интензивирањето на миграцијата поголемиот дел од населението од Брест се иселува во Македонски Брод, прилепските села и Прилеп, селата од полошкиот регион и во Скопје и околината на Скопје. Дел од населението мигрира во запдноевропските земји, најчесто Германија.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото и врвот Фојник во позадината
-
Селото погледнато од црквата „Св. Јован Крстител“
-
Врвот Фојник
-
Селото заедно со црквата „Св. Јован Крстител“
-
Поглед на селото
-
Врвот Фојник над селото Брест
-
Камен од храмот на Свети Илија над селото Брест
-
Глетка од селото од север
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 332.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 39. Посетено на 20 септември 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер бр. 4 1467/68 година, Скопје 1971 година, стр. 250
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 септември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 март 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 23,00 23,01 23,02 23,03 23,04 23,05 23,06 23,07 23,08 23,09 23,10 23,11 23,12 23,13 23,14 23,15 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
- ↑ Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
- ↑ 25,0 25,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Опело за упокој на Божјото чедо Коста. preminportal.com.mk, пребарано на 9 август 2012 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Брест (Порече) на Ризницата ?
|