Стар Манастир (Дамјан)

Координати: 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД / 41.61306; 22.36111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стар Манастир


Местоположба 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД / 41.61306; 22.36111
Основни податоци
Место Дамјан
Општина Радовиш
Тип



Период железно време
доцноримско време
Портал „Археологија“

Сурим Врчва археолошко наоѓалиште во радовишкото село Дамјан. Претставува утврдена рударска населба од железно време и од доцноримско време. Лежи на падините од ридот кој на север се спушта до коритото на Тополничка Река. На источниот крај минува полскиот пат за селото Дамјан, а на западниот се коповите и објектите на рудникот „Дамјан“. Се работи за мало плато, вештачки зарамнето, со извонреден поглед кон влезот во Радовишко Поле од клисурата Пилав Тепе, на кое се гледаат остатоци од бедем на мала населба - кастел, со простор од околу 60 × 40 м. На површината има фрагменти од доцноримска керамика, питоси и тегули, а на падините се среќаваат фрагменти од керамика од [[железно време, по фактурата слична на керамиката од Криви Дол во Радање (Штип). При увидот во 1987 година е пронајдено дека од притисокот на тежината од јаловината, нафрлена од рударските копови, настанало лизгање на теренот кое на населбата нанело катастрофални оштетувања. Поточно, челниот бедем е прекинат на неколку места и е поместен од вертикалната и хоризонталната оска речиси по целата должина. На средината и на јужниот ќош, надворешното лице на бедемот е оголено во висина и до 2 м, така што сосема добро се гледа начинот на ѕидањето, изведено од делкани блокови, кршен камен и варов малтер. Постои опасност населбата да биде уништена во најблиско време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 326, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Богати наоди од истражувањата на локалитетот Тополничка река кај Радовиш. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на 2020-09-08.