Мозамбички Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мозамбички Канал)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположба на Мозамбичкиот Проток

Мозамбички Проток или Мозамбички Канал (португалски: Canal de Moçambique, малгашки: Lakandranon'i Mozambika, француски: Canal du Mozambique) — дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка, претежно Мозамбик. Тука, во II Светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили.

Протокот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400 до 950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР.

Граници[уреди | уреди извор]

Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), Мозамбичкиот Проток ги има следниве граници:[1]

На север. Линија од устието на реката Рувума (10°28′S 40°26′E / 10.467°ЈГШ 40.433°ИГД / -10.467; 40.433) до Рас Хабу, северниот врв на островот Голем Комор, кој е северниот од Коморските Острови, до 'ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар (11°57′S 49°17′E / 11.950°ЈГШ 49.283°ИГД / -11.950; 49.283).

На исток. Западниот брег на Мадагаскар.

На југ. Линија од 'ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот 'Рт (Оро) на континенталниот дел (26°53′S 32°56′E / 26.883°ЈГШ 32.933°ИГД / -26.883; 32.933).

На запад. Копното на ЈАР.[2]

Острови во протокот[уреди | уреди извор]

Комори[уреди | уреди извор]

Мозамбик[уреди | уреди извор]

Примерас и Сегундас (архипелаг)

Франција[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho-ohi.net/iho_pubs/standard/S-23/S23_1953.pdf. посет. 7 февруари 2010 г.  (англиски)
  2. За поисправна западна граница се смета брегот на поточно Мозамбик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 18°S 41°E / 18°ЈГШ 41°ИГД / -18; 41