Прејди на содржината

Региони на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Македонски региони)
Регионите на Македонија.

Регионите на Македонија се усвоени во Владата на Македонија во 2007 година, а во Собранието на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски. Општините се единиците на локална самоуправа и на административната поделба на Македонија, додека регионите служат за статистички, економски и административни цели.

Најголем регион по површина е Пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, Скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија.

Руралните населби се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите. Полошкиот и Југозападниот Регион се издвојуваат според високото учество на населението кое живее во руралните средини, додека во другите региони руралните населби се поретко населени.[1]

Како земја-кандитат за членство во Европската Унија, Македонија (код: MK) е вклучена во тристепената номенклатура на територијални статистички единици (NUTS). Покрај тоа постојат и два нижи степена што се однесуваат на општините и населените места.

Население

[уреди | уреди извор]

Според проценките на Заводот за статистика, населението по региони е:[2]

2010
Регион Население Густина
(жит/км²)
 Вардарски 153.858 38,1
 Источен 179.770 50,8
 Југозападен 221.855 66,4
 Југоисточен 172.858 63,1
 Пелагониски 234.137 49,6
 Полошки 314.804 130,3
 Североисточен 175.045 75,8
 Скопски 602.677 322,4

2011
Регион Население Густина
(жит/км²)
 Вардарски 153.822 38,1
 Источен 179.387 50,7
 Југозападен 221.517 66,3
 Југоисточен 173.056 63,2
 Пелагониски 233.628 49,5
 Полошки 315.964 130,8
 Североисточен 175.266 75,9
 Скопски 605.899 334,2

2012
Регион Население Густина
(жит/км²)
 Вардарски 153.659 38,0
 Источен 178.814 50,6
 Југозападен 220.840 66,1
 Југоисточен 173.187 63,2
 Пелагониски 232.959 49,4
 Полошки 317.003 131,2
 Североисточен 175.442 75,9
 Скопски 609.140 336,0

Македонија, според Собранието на републиката, е поделена на осум региони.[1]

Вардарски Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион се простира во централниот дел на Македонија и го опфаќа средното сливно подрачје на реката Вардар, долните теченија на притоките Брегалница и Црна Река и крајниот западен дел од Овче Поле. Зафаќа површина од 4.042 квадратни километри или 16,2 проценти од територијата на Македонија. Вардарскиот Регион го соочинуваат следните општини:[1]

Вардарскиот Регион во рамките на Македонија.
  1.  Велес
  2.  Градско
  3.  Демир Капија
  4.  Кавадарци
  5.  Лозово
  6.  Неготино
  7.  Росоман
  8.  Свети Николе
  9.  Чашка

Источен Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион го опфаќа сливното подрачје на реката Брегалница и зафаќа површина од 3.537 квадратни километри или 14,2 проценти од територијата на Македонија. Источниот Регион го соочинуваат следните општини:[1]

Источниот Регион во рамките на Македонија.
  1.  Берово
  2.  Виница
  3.  Делчево
  4.  Зрновци
  5.  Карбинци
  6.  Кочани
  7.  Македонска Каменица
  8.  Пехчево
  9.  Пробиштип
  10.  Чешиново-Облешево
  11.  Штип

Југозападен Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион го опфаќа сливот на Охридското Езеро и сливното подрачје на реката Треска, зафаќа површина од 3.340 квадратни километри или 13,4 проценти од територијата на Македонија. Југозападниот Регион го соочинуваат следните општини:[1]

Југозападниот Регион во рамките на Македонија.
  1.  Вевчани
  2.  Дебар
  3.  Дебрца
  4.  Кичево
  5.  Македонски Брод
  6.  Охрид
  7.  Пласница
  8.  Струга
  9.  Центар Жупа
Во март 2013 година општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј биле припоени кон општина Кичево.

Југоисточен Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-валандовската Котлина, односно сливното подрачје на Струмичката Река и долното сливно подралје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Македонија. Југоисточниот Регион го сочинуваат општините:[1]

Југоисточниот Регион во рамките на Македонија.
  1.  Богданци
  2.  Босилово
  3.  Валандово
  4.  Василево
  5.  Гевгелија
  6.  Дојран
  7.  Конче
  8.  Ново Село
  9.  Радовиш
  10.  Струмица

Пелагониски Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион ги опфаќа Пелагониската и Преспанската Котлина, зафаќа површина од 4.717 квадратни километри или 18,9 проценти од територијата на Македонија. Пелагонискиот Регион го сочинуваат општините:[1]

Пелагонискиот Регион во рамките на Македонија.
  1.  Битола
  2.  Демир Хисар
  3.  Кривогаштани
  4.  Крушево
  5.  Могила
  6.  Прилеп
  7.  Ресен
  8.  Новаци
  9.  Долнени

Полошки Регион

[уреди | уреди извор]
Полошкиот Регион во рамките на Македонија.

Овој регион ги опфаќа Полошката Котлина, Мавровската Висорамнина, планинскиот масив Бистра и долината на реката Радика. Вкупната површина на регионот е 2.416 квадратни километри или 9,7 проценти од територијата на Македонија. Полошкиот Регион го сочинуваат општините:[1]

  1.  Боговиње
  2.  Брвеница
  3.  Врапчиште
  4.  Гостивар
  5.  Желино
  6.  Јегуновце
  7.  Маврово и Ростуше
  8.  Теарце
  9.  Тетово

Североисточен Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион го зафаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Вкупната површина на регионот изнесува 2.310 квадратни километри, што претставува 9,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Североисточниот Регион го сочинуваат општините:[1]

Североисточниот Регион во рамките на Македонија.
  1.  Кратово
  2.  Крива Паланка
  3.  Куманово
  4.  Липково
  5.  Ранковце
  6.  Старо Нагоричане

Скопски Регион

[уреди | уреди извор]

Овој регион ја опфаќа скопската котлина, а неговата површина изнесува 1.812 квадратни километри или 7,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Скопскиот Регион го сочинуваат општините:[1]

Скопскиот Регион во рамките на Македонија.
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 „Македонија и официјално поделена на региони (македонски). ЏИН ПРОДУКЦИЈА и Здружението на економски новинари. Архивирано од изворникот на 2009-10-05. Посетено на 2 октомври 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Регионите во Македонија, 2013

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]