Градиште (Тработивиште)

Координати: 41°53′15″N 22°49′00″E / 41.88750° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.88750; 22.81667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште


Местоположба 41°53′15″N 22°49′00″E / 41.88750° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.88750; 22.81667
Основни податоци
Место Тработивиште
Општина Делчево
Тип

 градиште


Период римско време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во околината на село Тработивиште. Претставува градиште од римското време. На североисточниот крај на селото се издига височинка со елипсовидно зараменето плато со димензии 150х150 м, издолжено во правец север-северозапад-југоисток. По неговиот раб се гледаат контурите на бедемот, кои се наместа раскопувани. По површината на теренот има римски тулатули, фрагменти керамички садови, питоси и повеќе монети од II до VI век. На североисточниот крај има друго плато одвоено со длапка, на кое биле откриени водоводни цевки и еден натпис кој, според кажувањето, бил однесен во Скопје(?). Наоѓалиштето е познато од порано во литературата, а И. Венедиков го идентификува со античкиот град Армонија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан, Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 132, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069