Ширините (Турија)
Ширините — археолошко наоѓалиште во делчевското село Турија. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време. Источно од маалото Црнгалка, на простор од околу 200 × 100 м се среќаваат голем број на делови од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди, а биле и најдени доцноантички монети.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 132. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |