Ќерамидарка (Нов Истевник)
Ќерамидарка — археолошко наоѓалиште во делчевското село Нов Истевник. Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичкото време. На левиот брег на долот Каракостовски Ендек, до утоката на реката Желевица, на голем простор има грамади од камења и делови од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 130. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |