Врница (Драмче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Врница — некропола - тумули од железното време. На околу 1,5 км од селското училиште, покрај патот за Делчево има мало плато што се издига над месноста Мал Чифлик, на кое се наоѓаат 8 тумули со приближно исти димензии, и тоа: пречник во основата од околу 10 м и зачувана височина од 0,20 до 0,30 м. Овде Ефрем Георгиев откопал три мали керамички сатчиња. Тумулите се делумно оштетени.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.