Пресечен Камен - Градиште (Очипала)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пресечен Камен - Градиште, градиште од доцноантичкото време. На местото на кое Брегалница ја напушта долината на Пијанец, на десниот брег се издига висок рид на чиј зарамнет врв, со простор од 250 × 80 м, се гледаат остатоци од бедем граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на градиштето има грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови и питоси, а биле откриени и повеќе монети кои се чуваат кај Драган Арсов, професор од селото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.