Градиште (Габрово, Делчевско)
Градиште — археолошко наоѓалиште во околината на местото Габрово кај градот Делчево. Наоѓалиштето претставува градиште од доцната антика.
На високиот рид што се издига на североисточната страна од селото, на зарамнетото плато се гледаат остатоци од темели на одбрамбен ѕид. Во просторот што зафаќа површина од 120 × 80 м се среќава градежен материјал (камен, малтер и покривни ќерамиди) и фрагменти од питоси и керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Градиште — градиште од доцна антика;
- Скокото — населба од неолитско време;
- Црквиште — црква од средниот век;
- Делчево;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |