Постол (општина): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с fixing dead links
Ред 25: Ред 25:


== Селища ==
== Селища ==
Општината Постол е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“, со спојување на пет стари општини: Александар Велики, Пазар, Кир, Пласничево и Постол. Денес обединетта општина е поделена на пет општински оддели, кој соодветствуваат на поранешните општини.<ref>[http://www.kedke.gr/uploads/N38522010_KALLIKRATIS_FEKA87_07062010.pdf Ν. 3852/10]</ref>
Општината Постол е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“, со спојување на пет стари општини: Александар Велики, Пазар, Кир, Пласничево и Постол. Денес обединетта општина е поделена на пет општински оддели, кој соодветствуваат на поранешните општини.<ref>[http://web.archive.org/web/20100705024807/http://www.kedke.gr/uploads/N38522010_KALLIKRATIS_FEKA87_07062010.pdf Ν. 3852/10]</ref>


=== Општинска единица Александар Велики ===
=== Општинска единица Александар Велики ===

Преработка од 15:57, 8 септември 2014

Општина Постол
Δήμος Πέλλας

Општина Постол на картата на областа Централна Македонија

  1 - Пазар
  2 - Постол
  3 - Кир
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: {{{округ}}}
Гео. област:
Население: 65 497 (2001)
Седиште: Пазар
Нас. места: 46
Пошт. бр.: 581 00
Пов. бр.: 23820-2
Портал: giannitsa.gr/

Постол или Пела (грчки: Δήμος Πέλλας, Димос Пелас) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Пазар или Ениџе Вардар (гр. Јаница). Наречена е по градот Постол, кој на грчки го носи името на стариот град Пела — престолнината на Древна Македонија, согласно грчката политика на присвојвуање на древната историја на Македонија. Населените места во општината традиционално се сметаат за воденски или пазарски (ениџевардарски), зависно од нивната местоположба.

Селища

Општината Постол е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“, со спојување на пет стари општини: Александар Велики, Пазар, Кир, Пласничево и Постол. Денес обединетта општина е поделена на пет општински оддели, кој соодветствуваат на поранешните општини.[1]

Општинска единица Александар Велики

Поранешната општина Александар Велики на картата на некогашниот округ Постол.

Според пописот од 2001 г., општината Александар Велики (Δήμος Μεγάλου Αλεξάνδρου) со седиште во Кадиново (Галатадес) има 8.140 жители ии ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Кадиново
  • село Кадиново (или Кадиино, Γαλατάδες, Галатадес) (2.339 жители)
  • Општински оддел Карајотица
  • село Карајотица (или Кариотица, Καρυώτισσα, Кариотиса) (1.999 жители)
  • Општински оддел Липариново
  • Општински оддел Лозаново
  • село Лозаново (Παλαίφυτο, Палефито) (1.468 жители)
  • Општински оддел Сарбегово
  • Општински оддел Свети Георги
  • село Свети Георги (или Дорт Армутлар, Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос) (359 жители)
  • Општински оддел Трифулчево (1.001 жители)

Општинска единица Кир

Поранешната општина Кир на картата на некогашниот округ Постол.

Според пописот од 2001 г., општината Кир [2] (или Кирос, Δήμος Κύρρου) со седиште во Неос Милотопос има 7.645 жители ии ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Неос Милотопос (2.619 жители)
  • Општински оддел Бабјани
  • Општински оддел Вехти Пазар (1500 жители)
  • Општински оддел В’дришта
  • село В’дришта (Παλαιός Μυλότοπος, Палеос Милотопос) (831 жители)
  • Општински оддел К’шлар
  • село К’шлар (Αχλαδοχώρι, Ахладохори) (417 жители)
  • Општински оддел Обор
  • село Обор (Αραβησσός, Арависос) (1.514 жители)
  • Општински оддел Спирлитово

Општинска единица Пазар

Поранешната општина Енидже Вардар на картата на некогашниот округ Постол.

Според пописот од 2001 г., општината Пазар (Δήμος Γιαννιτσών) има 31.442 жители ии ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Пазар (29.364 жители)
  • град Пазар (или Ениџе Вардар, Γιαννιτσά, Јаница) (26.296 жители)
  • село Аларе (Αρχοντικό, Архондико) (231 жители)
  • село Дамјан (Δαμιανό, Дамјано) (381 жители)
  • село Елевтерохори (Ελευθεροχώρι) (883 жители) новосоздадено
  • село Киркалово (Παραλίμνη, Паралимни) (816 жители)
  • село Литовој (Λεπτοκαρυά, Лептокарија) (215 жители)
  • село Пилорик (Πενταπλάτανος, Пендаплатанос) (956 жители)
  • село Радомир (Ασβεσταριά, Асвестарија) (35 жители)
  • село Чаушлиево (Μεσιανό, Месиано) (341 жители)
  • Општински оддел Балъджа
  • село Балџа (Μελίσσι, Мелиси) (983 жители)
  • Општински оддел Крушари
  • село Крушари (Αμπελείες, Амбелиес) (1.095 жители)

Општинска единица Пласничево

Поранешната општина Пласничево на картата на некогашниот округ Постол.

Според пописот од 2001 г., општината Пласничево (Δήμος Κρύας Βρύσης) со седиште во Пласничево има 10.975 жители ии ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Пласничево
  • Општински оддел Врежот
  • село Врежот (Άγιος Λουκάς, Агиос Лукас) (1.555 жители)
  • Општински оддел Голо Село
  • село Голо Село (Ακρολίμνη, Акролимни) (1.340 жители)
  • Општински оддел Долно Власи (1.545 жители)
  • село Долно Власи (Εσώβαλτα, Есовалта) (989 жители)
  • село Чичигаз (Σταυροδρόμι, Ставродроми) (556 жители)

Општинска единица Постол

Поранешната општина Постол на картата на некогашниот округ Постол.

Општината Постол (Δήμος Πέλλας) е сместена во источниот дел на округот и, покрај центарот Постол (Пела), опфаќа и 6 села во северозападниот дел на Солунското Поле.

Со почеток на 28 јуни 1918 г., Постол (под името Агии Апостоли) била општина која ги опфаќала селата Грубевци, Рамел и Ливадица.[3] Во 1922 г. тие се одвоени од неа и присоединети кон општината Бозец. На 2 март 1926 г., Постол е прекрстен во Палеа Пела,[4] а во 1975 г. — во Пела.[5] Општината ја добила сегашната големина со планот „Каподистрија“.

Според пописот од 2001 г., општината Постол има 7.295 жители ии ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Постол
  • град Постол (Πέλλα, Пела) (2.450 жители)
  • Општински оддел Бозец
  • село Бозец (Άθυρα, Атира) (1.693 жители)
  • Општински оддел Грубевци
  • село Грубевци (Αγροσυκία, Агросикија) (384 жители)
  • Општински оддел Кониково
  • Општински оддел Неа Пела
  • село Неа Пела (Νέα Πέλλα) (1.606 жители) новосоздадено
  • Општински оддел Рамел (1.685 жители)
  • село Рамел (Ραχώνα, Рахона) (626 жители)
  • село Ливадица (Λιβαδίτσα) (59 жители)

На територијата на општинската единица е и сега непостоечкото село Тагармишево (или Тагармиш, Υδρόμυλοι, Идромили).

Поврзано

Наводи

  1. Ν. 3852/10
  2. Произволно дадено грчко име што не се однесува на ниедно постоечко населено место.
  3. ΦΕΚ 152 ,1918
  4. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  5. ΦΕΚ 97, τεύχος Α΄ 1926