Роан Денис
Денис на Светското друмско првенство 2018 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Роан Денис | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 28 мај 1990 Аделаида, Јужна Австралија, Австралија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,82 м[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 72 кг[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2009-2010 2011 2012 | Австралиски институт за спорт Рабобанк Континентал Тим Џајко-АИС | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2013–2014 2014–2018 2019 2020-2021 2022- | Гармин-Шарп Ванти-Груп Гобер Бахреин-Мерида Тим Инеос Џамбо-Висма | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 18 октомври 2022 |
Роан Денис (англиски: Rohan Dennis; р. 28 мај 1990)[3] — австралиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[4]
Денис е роден, пораснат и живее во Аделаида, во сојузната држава Јужна Австралија, Австралија.[5] Ги освоил поединечните хронометри на светските првенства во 2018 и во 2019 година.[6]
Кариера
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]Денис ја започнал својата кариера со насока на велодромски велосипедизам и бил дел од австралиската репрезентација која освоила шест медали во екипна потера на Летните олимписки игри 2012.[7]
Гармин-Шарп (2013–14)
[уреди | уреди извор]Се приклучил на Гармин-Шарп во 2013 година[8][9] и го имал своето деби на Тур де Франс, повлекувајќи се од трката пред деветтата етапа.[10]
Во 2014 година, Денис завршил втор зад Бредли Вигинс на Трката околу Калифорнија, откако завршил втор зад Вигинс на хронометарот. Го повторил второто место на хронометарот на Комонвелтските игри зад Алекс Даусет.[11]
БМЦ Рејсинг Тим (2014–18)
[уреди | уреди извор]Во август 2014 година, Денис направил редок трансфер на средина на сезоната во екипата Ванти-Груп Гобер.[12] Го освоил Светското првенство во екипен хронометар со новата екипа.
На 8 февруари 2015 година поставил нов часовен рекорд од 52,491 километар, надминувајќи го рекордот на Матијас Брендле за над 600 метри.[13] Рекордот стоел до 2 мај 2015 година, кога бил срушен од британскиот возач Алекс Даусет.[14] Денис бил избран во составот на екипата за Тур де Франс 2015 како поддршка за Тиџеј ван Гардерен.[15] Го освоил поединечниот хронометар на првата етапа, забележувајќи просечна брзина од 55,446 км/ч и станал првиот носител на жолтата маичка на Тур.[16] Со овој резултат поставил нов рекорд за просечна брзина на поединечен хронометар на Тур де Франс.[17] Го освоил медалот Сер Хјуберт Оперман и трофејот за најдобар велосипедист од Австралија во 2015 година.[18]
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017[19], меѓутоа го напуштил Џиро на четвртата етапа по здобиените повреди при пад на втората етапа. Подоцна, на Вуелта а Еспања 2017, Денис ја поминал прв целта како дел од составот на БМЦ за победа на воведниот екипен хронометар на трката, со што ја освоил водечката црвена маичка и станал прв Австралиец да води на трката од Мајкл Метјус во 2014 година.[20]
На Џиро д’Италија 2018, Денис бил тесно поразен на воведниот хронометар од Том Димулен. Меѓутоа ја презел розовата маичка на втората етапа откако освоил временски бонус на средниот спринт. Со тоа, станал првиот Австралиец кој водел на Џиро од Сајмон Кларк во 2015 година и трет Австралиец кој ја носел водечката маичка на сите три големи трки, по Бредли Мекги и Кедел Еванс.[21] Тргнал за победа на хронометарот на етапата 16, завршувајќи ја трката на 16. место, 56 минути и 7 секунди зад победникот Крис Фрум.[22]
Кога ја освоил првата етапа на Вуелта а Еспања 2018 станал 95. возач во историјата, кој освоил најмалку една етапа на сите три големи трки и 15. возач кој освоил поединечен хронометар на секоја голема трка.[23] Го освоил и хронометарот на етапата 16 и ја напуштил трката веднаш потоа за да се подготвува за Светското првенство во Инсбрук, каде ја освоил хронометарската трка со над една минута пред бранителот на титулата Том Димулен од Холандија.[24] Исто така, му помогнал на БМЦ да дојде до бронзата во екипниот хронометар.
На крајот на 2018 година, освоил две големи австралиски награди: Спортист на годината од Австралискиот спортски институт и медалот „Хуберт Оперман“, кој го освоил и во 2015 година.[25]
Бахрен-Мерида (2019)
[уреди | уреди извор]Во август 2018 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на Бахреин-Мерида во 2019 година со двегодишен договор, заедно со колегите од БМЦ, Дамијано Карузо и Дилан Тенс.[26]
На 18 јули 2019 година се откажал од Тур де Франс 2019 во текот на етапата 12. Причината за откажување не била наведена.[27] Подоцнежните извештаи означиле дека неговото откажување било поради фрустрација од обезбедената опрема од екипата.[28] Во интервју, кое го дал во јануари 2020 година, Денис изјавил дека го напуштил Тур поради неговото психичко здравје поради тешкотии со екипата и бидејќи се плашел дека ќе има ефект на неговиот брак.[29]
На 25 септември 2019 година, Денис возел првпат по напуштањето од Тур де Франс, освојувајќи го златниот медал во поединечниот хронометар на Светското друмско првенство во Јоркшир.[6] Денис возел неозначен велосипед од брендот БМЦ на настапот на првенството, наместо предвидениот бренд Мерида. Неколку дена подоцна, неговата поранешна екипа Бахреин-Мерида потврдиле дека обострано го раскинале договорот со Денис на 13 септември.[28]
Тим Инеос (2020–2021)
[уреди | уреди извор]На 9 декември 2019 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на Тим Инеос за сезоната 2020.[30] Следниот месец Денис изјавил дека ги напуштил своите обиди да стане фаворит за генерален пласман на големите трки; наместо тоа, ќе се насочи на помали етапни трки и ќе работи како помошник на големите трки.[29] На Џиро д’Италија 2020, Денис доста придонел кон победата на трката на неговиот совозач Тео Гејган Харт со импресивните потези на етапата 18 (Стелвио) и етапата 20 (Сестриере). На етапата преку Стелвио ја освоил наградата Чима Копи, бидејќи бил прв кој го поминал врвот како највисоко искачување на трката.
Тим Џамбо-Висма (2022–денес)
[уреди | уреди извор]На 1 септември 2021 година било објавено дека Денис ќе се приклучи на Џамбо-Висма во 2022 година со двегодишен договор;[31] претходно во кариерата тој бил член на Рабобанк Континентал Тим, откако Рабобанк бил претходно име на Џамбо-Висма.[32] На неговата прва трка во годината го освоил неговото четврто национално хронометарско првенство.[33] Водел на Тур де Романди четири дена, пред да падне на осмото место на последната етапа која била поединечен хронометар, губејќи повеќе од две минути во однос на крајниот победник Александар Власов.[34]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Во мај 2017 година, партнерката на Денис, велосипедистката Мелиса Хоскинс, ја објавила веридбата на двојката како и нејзиното повлекување од трките.[35] Се венчале во февруари 2018 година.[36] Хоскинс се породила истата година со првото дете, син, две и пол седмици откако Денис го освоил првото светско хронометарско првенство.[37] Семејството живее на повеќе места, како Жирона, Ла Масана и Аделаида.[35]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2007
- 9. Светско јуниорско хронометарско првенство
- 2010
- 1. Светско велодромско првенство - Екипна потера
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 3. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 4. Краен пласман Трка Олимпија
- 5. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 6. Комонвелтски игри - Хронометар
- 10. Краен пласман Рингерике ГП
- 2011
- 1. Светско велодромско првенство - Екипна потера
- 4. Национално друмско првенство под 23 години
- 7. Национално хронометарско првенство
- 2012
- Национални друмски првенства под 23 години
- 1. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 1. Меморијал Давиде Фардели
- 1. Хроно Шампеноа
- 2. Олимписка екипна потера
- 2. Светско велодромско првенство - Екипна потера
- 2. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 2. Трофео Алсиде Дегаспери
- 4. Краен пласман Трка Олимпија
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 5. Краен пласман Тур Даун Андер
- 5. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
- 2013
- 1. Краен пласман Трка околу Алберта
- 2. Национално хронометарско првенство
- 8. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 2014
- Светски друмски првенства
- 2. Хронометар на Комонвелтските игри
- 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 3
- 2. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 2015
- Светски часовен рекорд: 52,491 км
- Светски друмски првенства
- 1. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- Тур де Франс
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 9 (TTT)
- 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2016
- 1. Национално хронометарско првенство
- Енеко Тур
- 1. Етапа 2 (ITT)
- 1. Етапа 5 (ТТТ)
- Светски друмски првенства
- 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 6 (ITT)
- 2. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 7b
- 5. Олимписки друмски хронометар
- 2017
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Тур ла Прованс
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- Тур де Свис
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 9 (ITT)
- 1. Етапа 2 Трка на Алпите
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Волта а Каталуња
- Светски друмски првенства
- 2. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 7 (ITT)
- 6. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2018
- Светски друмски првенства
- 1. Национално хронометарско првенство
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 16 (ITT)
- 1. Етапа 16 (ITT) Џиро д’Италија
- Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 7
- 7. Краен пласман Тур де Романди
- 9. Краен пласман Трка Абу Даби
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 2019
- 1. Светско хронометарско првенство
- 2. Национално хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 5. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2020
- 2. Национално хронометарско првенство
- 4. Краен пласман Тур Даун Андер
- 5. Светско хронометарско првенство
- 2021
- 1. Пролог Тур де Романди
- 1. Етапа 2 (ITT) Волта а Каталуња
- 3. Олимписки друмски хронометар
- 6. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 3 (ТТТ)
- 2022
- 1. Хронометар на Комонвелтските игри
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 8. Краен пласман Тур де Романди
Распоред на резултатите
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||||
Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | СО | 16 | — | 35 | — | — |
Тур | СО | — | 101 | СО | — | — | СО | — | — | — |
Вуелта | — | 84 | — | — | СО | СО | — | — | — | 52 |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||||
Етапна трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Париз-Ница | — | — | СО | — | — | — | — | — | 45 | СО |
Тирено-Адријатико | 77 | — | — | — | 2 | 79 | 95 | 87 | — | — |
Волта а Каталуња | — | — | — | СО | СО | — | — | НСО | 46 | 54 |
Трка околу Баскија | — | — | 42 | — | — | — | СО | — | — | |
/ Тур де Романди | 76 | 43 | 38 | — | — | 7 | — | 17 | 8 | |
Критериум ди Дофине | 8 | — | 34 | 68 | — | — | — | — | — | — |
Тур де Свис | — | 89 | — | — | 97 | — | 2 | НСО | 37 | СО |
Распоред на резултатите на првенствата
[уреди | уреди извор]Првенство | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Хронометар | не се одржало | 5 | не се одржало | 3 | не се одржало | |||||
Друмска трка | СО | — | |||||||||
Светски првенства | Хронометар | 12 | 5 | 6 | 6 | 8 | 1 | 1 | 5 | — | |
Друмска трка | СО | СО | — | — | — | СО | СО | — | — | ||
Екипен хронометар | 8 | 1 | 1 | 2 | 2 | 3 | не се одржало | ||||
Национални првенства | Хронометар | 2 | СО | 2 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | — | 1 |
Друмска трка | СО | СО | СО | СО | — | СО | — | — | — | СО |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rohan Dennis – The INEOS Grenadiers“. Посетено на 21 January 2021.
- ↑ „Rohan Dennis“. ProCyclingStats. Посетено на 21 January 2021.
- ↑ „RIDER PROFILES ROHAN DENNIS“. Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2014-03-27. Посетено на 4 juli 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Rohan DENNIS“. UCI. Посетено на 2 January 2022.
- ↑ „Rohan Dennis at Garmin-Sharp“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2013. Посетено на 6 јануари 2013.
- ↑ 6,0 6,1 „Road World Championships: Rohan Dennis defends time trial title“ (англиски). 2019-09-25. Посетено на 2019-09-26.
- ↑ „Olympics 2016 – Olympics 2016 Live Scores – Olympics 2016 Results“.
- ↑ Бенсон, Даниел (4 август 2012). „Роан Денис потпиша со Гармин-Шарп“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 4 август 2012.
- ↑ „Роан Денис во Гармин-Шарп“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-06-30. Посетено на 6 јануари 2013.
- ↑ „Роан Денис се повлекува од првиот Тур де Франс еден ден порано од планираното“. Velonation. 7 јули 2013. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ „Bittersweet silver for Dennis in the Commonwealth Games“. 31 July 2014.
- ↑ Rohan Dennis to join BMC Racing from Garmin-Sharp in rare mid-season transfer
- ↑ „Роан Денис постави нов часовен рекорд“. Cyclingnews.com. 8 февруари 2015. Посетено на 8 февруари 2015.
- ↑ „Алекс Даусет постави нов часовен рекорд од 52,937 км“. cyclingnews.com. 2 мај 2015. Посетено на 2 мај 2015.
- ↑ „Тур де Франс: БМЦ Рејсинг го објави составот за поддршка на Ван Гардерен“. cyclingnews.com. 24 јуни 2015. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ Вин, Најџел (4 јули 2015). „Роан Денис го надмина рекордот за брзина на хронометар на Крис Бордман“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ Зеб, Вудпауер (4 јули 2015). „Тур де Франс: Денис постави брзински рекорд и ја освои првата жолта маичка во Утрехт“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ „Rohan Dennis wins the 'Oppy' as Australian cycling's best in 2015“. ABC News. 13 ноември 2015. Посетено на 1 јуни 2016.
- ↑ „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
- ↑ Фотерингем, Аласдер (21 август 2017). „Dennis takes second Grand Tour lead of career in 2017 Vuelta“. cyclingnews.com. Посетено на 2 септември 2018.
- ↑ Фотерингем, Аласдер (5 мај 2018). „Dennis nets Giro d'Italia lead with time-bonus sprint“. cyclingnews.com. Посетено на 2 септември 2018.
- ↑ „Dennis: This Giro d'Italia was a big step forward for me“. cyclingnews.com. 28 мај 2018. Посетено на 2 септември 2018.
- ↑ „Vuelta a Espana 2018: Stage 1 Results“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2018-09-01.
- ↑ „Australia's Dennis conquers past to win cycling world title“. 27 September 2018.
- ↑ „Dennis wins the Oppy for a second time“. SBS Website. Посетено на 13 декември 2018.
- ↑ „Bahrain-Merida confirm signing of Rohan Dennis“. cyclingnews.com. 9 август 2018. Посетено на 2 септември 2018.
- ↑ „Bahrain-Merida launch investigation after Rohan Dennis quits Tour de France“. Cycling News. Посетено на 18 јули 2019.
- ↑ 28,0 28,1 Бенсон, Даниел (29 септември 2019). „Bahrain-Merida terminate Rohan Dennis' contract with immediate effect“. cyclingnews.com. Посетено на 1 октомври 2019.
- ↑ 29,0 29,1 Smith, Sophie (21 January 2020). „Dennis reveals mental health struggle behind Tour de France exit“. smh.com.au. Посетено на 25 September 2020.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2020-01-21.
- ↑ „'Dream asset' Dennis joins Team Jumbo-Visma for two years“. Џамбо-Висма. 1 September 2021. Посетено на 27 January 2022.
- ↑ Benson, Daniel (1 September 2021). „Rohan Dennis leaves Ineos Grenadiers for Jumbo-Visma“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 7 January 2022.
- ↑ Giuliani, Simone (12 January 2022). „Australian Road Championships: Rohan Dennis blitzes field to take out elite men's time trial“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 January 2022.
- ↑ Benson, Daniel (1 May 2022). „Rohan Dennis dramatically loses Tour de Romandie with final-day collapse“. VeloNews. Outside Media. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ 35,0 35,1 Braverman, Jessi (2 May 2017). „Melissa Hoskins announces retirement“. cyclingnews.com. Посетено на 25 September 2020.
- ↑ „Dennis wins the Oppy for a second time“. sbs.com.au. 24 November 2018. Посетено на 25 September 2020.
- ↑ Bacon, Ellis (12 January 2019). „Rohan Dennis: A monkey off my back“. cyclingnews.com. Посетено на 25 September 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Роан Денис“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Роан Денис“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Роан Денис“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Роан Денис“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 3 март 2016 г.
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Матијас Брендле |
Часовен рекорд (52,491 км) 8 февруари 2015 — 2 мај 2015 |
Наследник Алекс Даусет |
|
- Родени во 1990 година
- Австралиски велосипедисти
- Велодромски велосипедисти
- Светски прваци во велосипедизам
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016
- Олимписки велосипедисти на Австралија
- Олимписки сребрени медалисти за Австралија
- Олимписки бронзени медалисти за Австралија
- Олимписки медалисти во велосипедизам
- Луѓе од Аделаида
- Австралиски етапни победници на Тур де Франс
- Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија
- Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020