Алтај (рус. Республика Алтай) е автономна република во составот на Руската Федерација.
Има површина од 92.600 км2. Има 202.947 жители. Се наоѓа во самиот центар на Азија, каде се спојуваат руската тајга, степите на Казахстан и полупустините на Монголија. Главен град е Горно Алтајск.
Шумите покриваат 25% од територијата. Најголеми реки се Катун и Бија. Постојат повеќе од 7.000 езера со вкупна површина од 700 км2. Најголемо е езерото Телецкое, кое е долго 80 километри и 5 километри широко. Најголема длабочина на тоа езеро е 325 метри. Републиката се наоѓа точно внатре во планинскиот систем Алтај. Постојат минерални извори во планинитe Алтај. На Алтај се наоѓаат и многу ледници. Што се однесува на рудното богатство, Република Алтај располага со злато, сребро, литиум, железна руда. На пониските предели климата е умерено континентална.
Населението во републиката чини 203,900 жители. (2005). Густината на населението е: 2,2 жит./км2 (2005), уделот на градското население е: 25,9 % (2005). Според пописот во 2002 во Алтај живеат следниве народи: