Прејди на содржината

Macedonian Bike Riders

Од Википедија — слободната енциклопедија
Macedonian Bike Riders
Инфомации за тимот
UCI кодMBR
ЛоциранСкопје, Македонија
Основан2014 (2014)
Статусаматерска екипа
Дрес на Macedonian Bike Riders
Дрес на Macedonian Bike Riders

Дрес

Macedonian Bike Riders (се чита: Маседонијан Бајк Рајдерс) — аматерска велосипедска група од Скопје, Македонија, основана во 2014 година. Групата вози во околината на Скопје, како и целодневни тури и до подалечните краеви во Македонија. Воедно, групата на своите возења собира средства кои ги донира во хуманитарни цели, а исто така и некои од турите биле целосно хуманитарни. Неформално е предводена од Горан Богоевски.

Досега, групата има извозени 65 подолги тури, кои најчесто биле возени во недела низ различни места во Македонија, главно почнувајќи ги од Скопје. Претставува една од неколкуте групи и поединци во Македонија кои се дел од велосипедскиот туринг.

Во текот на 2015 година, групата започнала да вози и ноќни тури до поблиските места во Скопје, најчесто одржувани во денот среда.

Историја

[уреди | уреди извор]

Целодневни тури

[уреди | уреди извор]

Својата прва тура, групата ја извозела на 15 ноември 2014 година (сабота) до селото Седларево. Оттогаш, скоро секоја недела, групата вози до најразлични места во Македонија, започнувајќи од пред платото на Универзална сала во Скопје.

Првата организирана тура на групата била одржана на 15 ноември 2014 година (сабота) до тетовското село Седларево, Општина Желино, до кое води асфалтен пат, кој се двои од стариот пат СкопјеТетово по месноста Карпалак. Вкупната должина на турата изнесувала 98 километри, а самото искачување до селото околу 15 километри, стигнувајќи до надморска височина од 1.390 метри. Турата водела до самото село Седларево, а подоцна се продолжило по земјен пат над селото во должина од околу девет километри.

Фотографии од турата

Втората тура на групата вклучувала искачување до познатата мегалитската опсерваторија Кокино, близу истоименото село со вкупна должина од 139 километри и искачување од околу 17 километри, стигнувајќи до познатиот Татиќев Камен на Кокино, претходно застанувајќи во самото село. Турата се одржала на 22 ноември 2014 година.

Фотографии од турата

Следната тура била изведена до селото Кучково, во близината на Скопје, на пократко растојание за разлика од првите две. Оваа и наредните тури на групата биле со скратено растојание поради влошување на временските услови и студеното време. Третата тура била одржана на 29 ноември 2014 година во вкупна должина од 35 километри. Било возено по асфалтниот пат до селото, а подоцна до осветлениот крст поставен над селото до кој води макадам.

Фотографии од турата

Уште една пократка тура, во близина на Скопје, односно на планината Водно. Била одржана на 14 декември 2014 година во вкупна должина од 30 километри. Воедно оваа тура била и последна целодневна тура изведена од страна на групата за 2014 година.

Фотографии од турата

Првата тура за 2015 година била одржана на 8 февруари 2015 година до скопското село Раштак, возејќи на растојание од 50 километри. До селото води асфалтен пат. Турата опфаќала возење до селото Раштак, а подоцна долж течението на Раштанска Река во должина од околу еден километар.

Фотографии од турата

Втората тура за 2015 година била повторно одржана во близината на Скопје, односно до кањонот Матка во вкупна должина од 32 километри. Во текот на 2015 година, кањонот Матка ќе стане едно од четирите места до кои ќе се изведуваат ноќните тури на групата.

Фотографии од турата

Седмата тура на групата повторно била кратка и била одржана до селото Кучково, во вкупна должина како и претходната, односно 35 километри. Ова било вторпат групата да вози целодневна тура до крстот над селото, кој подоцна ќе стане едно од местата за ноќните тури на групата.

Фотографии од турата

Со подобрување на временските услови, групата започнала со тури на подолги растојанија. Така, на 1 март 2015 година, групата за првпат се упатила кон Велешкото Езеро, возејќи вкупно 100 километри. Турата била возена преку стариот пат Скопје — Велес, кој се движи помеѓу двата дела на новиот автопат.

Фотографии од турата

Следната тура на 15 март 2015 година била возена до тетовското село Беловиште, во вкупна должина од 120 километри. Турата била најдолга за 2015 година од извозените и втора по должина од дотогаш извозените на групата. Турата завршила во месноста Петачко Водиче сместено на околу еден километар над селото.

Фотографии од турата

Десеттата тура на групата била друмска и се одржала до видиковецот сместен над вештачкото езеро Козјак. До езерото води асфалтен пат со исклучување од населбата Драчево и турата била во вкупна должина од 80 километри. Се одржала на 21 март 2015 година.

Фотографии од турата

Турата со број 11 на групата била планирана да се изведе до врвот Рамно (1.653 м.), но сепак поради лошите временски услови и снежните наноси на патот, турата била скратена и наместо првично планираните 70 километри, биле извозени само 58 километри. Била одржана на 28 март 2015 година. Воедно, познатата „хумка“ била за првпат донесена на оваа тура.

Фотографии од турата

Следната тура повторно била во тетовскиот крај со посета на познатиот Лешочки манастир, за време на вториот ден на Велигден. Била одржана на 13 април 2015 година во вкупна должина на 95 километри.

Фотографии од турата

Тринаесетта тура на групата била планинска, при што било возено до Кадина Река, во подножјето на планината Китка. Била изведена на 19 април 2015 година во вкупна должина од 80 километри. Иако планинска тура, сепак вклучувала само четири километри земјен пат, а останатиот дел бил асфалтен.

Фотографии од турата

Четиринаесеттата тура на групата била повторно планинска возејќи до Маркова Река, во месноста Долен Габер. Самата рута на трката се движела преку Пантелејмон — Средно Водно — Маркови Кули — Сопиште — Горно Соње — Долно Соње — Говрлево — Осинчани — Мелчиште — Маркова Река, со наизменично движење на земја и на асфалт. Вкупната должина на турата била 72 километри и била одржана на 25 април 2015 година.

Фотографии од турата

Турата со број 15 ја однела групата по првпат надвор од границите на Македонија, односно со соседната држава Србија. Групата на оваа тура се упатила кон манастирот „Св. Прохор Пчински“, возејќи друмска тура по асфалтни регионални патишта преку Куманово и Старо Нагоричане и минувајќи низ граничниот премин „Прохор Пчински“, при што извозела вкупно 145 километри. Оваа тура се одржала на 3 мај 2015 година.

Фотографии од турата

Шеснаесеттата тура била возена на 10 мај 2015 година до планинарскиот дом „Караџица“, сместен на истоимената планина. Вкупната должина на турата изнесувала 103 километри. Турата пред сè, се возела по земјен пат, па така самиот асфалт завршува некаде после селото Горно Количани. Последниот дел на турата се возел во богат шумски предел, каде постои земјен шумски пат до самиот дом, но и понатаму кон Бегово Поле и Солунска Глава.

Фотографии од турата

Една недела подоцна, на 17 мај 2015 година, групата по вторпат за 2015 година се упатила кон езерото Младост, близу Велес. Вкупната должина на турата изнесувала 100 километри. Возењето се одвивало преку скопските села Таор и Катланово, а подоцна по стариот пат Скопје — Велес, по кој групата и се вратила.

Фотографии од турата

Осумнаесеттата тура на групата се одржала на 23 мај 2015 година, возејќи кон месноста Долен Габер, во непосредна близина на Марков Манастир. До Долен Габер се стигнува преку земјен пат во должина од 2 километри од самиот манастир, долж течението на Маркова Река. Турата била во вкупна должина од 50 километри.

Фотографии од турата

Како поддршка на втората хуманитарна велосипедска трка во организација на СОС Детско село Македонија, групата 31 мај 2015 година возела заедно со членовите на трката до граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница. Потоа, групата се упатила кон планината Скопска Црна Гора. Трката имала вкупна должина од 53 километри.

Фотографии од турата

На 7 јуни 2015 година групата се упатила кон освојување на областа околу градот Свети Николе. Турата била предвидена да биде од мешовит вид, односно планинско-друмска. Најпрвин се одело преку селото Дивље и познатиот средновековен Ѓуришки манастир на Градиштанска Планина. Планираниот одмор на групата бил предвиден во самиот град Свети Николе. Вкупното поминато растојание на турата изнесувало 120 километри.

Фотографии од турата

Прва организира тура со автобус на групата со почетна точка од некое друго место, освен Скопје. Групата на 14 јуни 2015 година се упатила кон градот Крушево, од каде што било планирано да тргнат да возат на растојание од 46 километри. Турата опфатила посета на гробовите на Тоше Проески и на Питу Гули, посета на споменикот Македониум, манастирот „Св. Преображение“, селото Горно Дивјаци, каде групата го имала и својот ручек.

Фотографии од турата

Турата со број 22 се одржала на 28 јуни 2015 година и групата по вторпат се упатила кон месноста Долен Габер, на самиот брег на Маркова Река, оддалечено околу 2 километри од самиот Марков манастир. Вкупното растојание кое било поминато изнесувало 50 километри.

Фотографии од турата

Како и минатата тура, групата повторно се упатила кон посетено место, односно возела до тетовското село Беловиште. Покрај посетата на самото село, групата се упатила и кон месноста Петочко Водиче, над самото село, каде се наоѓа новоизградената црква „Св. Петка“. Турата се возела на 5 јули 2015 година со вкупно поминати 120 километри.

Фотографии од турата

На 12 јули 2015 година групата се упатила кон посета на планинарскиот дом „Китка“, сместен на истоимената планина. Вкупната должина на турата изнесувала 90 километри. До домот води земјен пат кој започнува нешто после селото Црвена Вода, а самиот дом е сместен во длабока шума на падините на планината.

Фотографии од турата

Дваесет и петтата рута се возела до кањонот Матка до самиот манастир „Св. Андреја“ во вкупна должина од 50 километри. Рутата водела преку Средно Водно, а подоцна кон патот за манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Горно Нерези. Подоцна се продолжило кон Долно Нерези и селата Крушопек, Лака и Шишево и преку селото Глумово се стигнало до конечното одредиште. Турата била извозена на 19 јули.

Фотографии од турата

На 26 јули 2015 година групата се упатила кон Катланово со завршница во базенот АБЦ, којшто се наоѓа во непосредна близина. Се возела главно по рамен терен преку Маџари-Трубарево-Јурумлери-Идризово-Петровец. Турата била пократка поради топлото време и опфатила вкупна должина од 62 километри.

Фотографии од турата

По вторпат групата се упатила надвор од Скопје, организирано патувајќи со автобус до градот Охрид, со цел возење околу целото Охридско Езеро. Тргнувањето било рано наутро во саботата на 1 август 2015 година, додека самиот почеток на возењето околу езерото започнал во 10:00 часот од Билјанини Извори. Потоа групата се упатила кон градот Струга и кон граничниот премин Ќафасан. Воедно, оваа тура претставува и втора тура во која групата излегла од границите на земјата, притоа посетувајќи ја Албанија. Во Албанија, групата направила пауза и краток одмор во градот Подградец, по што преку преминот „Св. Наум“ се вратила во Македонија. Групата се вратила во Скопје во доцните вечерни часови, притоа извозувајќи 94 километри во текот на денот.

Фотографии од турата

Една недела подоцна, турата возела друмска тура до самиот Лешочки манастир, кого го посетила по вторпат во текот на годината. Групата возела преку стариот пат за Тетово кон манастирот, а на враќање се враќала преку патот Теарце-Радуша-Кондово. Турата била извозена на 9 август во вкупна должина од 92 километри.

Фотографии од турата

Турата 29 била планинска и се возела до планинарскиот дом „Караџица“, сместен на истоимената планина. Имало две големи искачувања, првото преку Преслап и второто кон самиот дом. Самиот терен на возење се изменил после селото Црвена Вода, од каде што завршил асфалтниот пат и продолжил земјен пат, кој траел сè до самиот дом, кој се наоѓа на 1.460 метри надморска височина. Била извозена на 16 август 2015 година во вкупна должина од 96 километри.

Фотографии од турата

Уште една планинска тура на групата, овој пат упатувајќи се кон планината Скопска Црна Гора. Се возело преку Визбегово и селото Бањани по планински земјени патеки, стигнувајќи до врвот Рамно, а подоцна и до Спирова колиба, во непосредна близина на врвот. Подоцна, групата се вратила по асфалтниот пат и одморила во селото Побожје. Вкупната должина на турата изнесувала 74 километри и била извозена на 23 август.

Фотографии од турата

Првпат групата организирала дводневна тура во вкупна должина од 278 километри, извозени во викендот на 29/30 август 2015 година.

Ден 1

Првиот ден групата се упатила преку селото Таор и стариот пат Скопје - Велес до градот Велес, каде направиле кратка пауза, по што продолжила да се движат преку регионалниот пат до селото Богомила, кое било крајно одредиште на првиот ден. Самото ноќевање било во мотелот „Ѕидан мост“ во селото Богомила.

Фотографии од првиот ден
Ден 2

Во вториот ден, групата рано наутро најпрвин се упатила преку земјениот стар пат за Прилеп, кој се двоел од локалниот пат Богомила - Нежилово. Групата направила пауза во прилепското село Ропотово, како и самиот град Прилеп, по што продолжила кон Прилепско Езеро, од каде што се упатила кон Присадскиот манастир по стариот пат за Велес. По исклучително тешкиот терен и топлината, групата пристигнала во селото Извор, од каде што се упатила назад кон Велес и Скопје. Групата се вратила назад околу полноќ, извозувајќи 180 километри.

Фотографии од вториот ден

На 6 септември 2015 година групата се упатила кон тетовското село Вратница. Рутата била друмска и се возела преку селата Кондово-Радуша-Јегуновце и завршила на Вратничко Езеро, во близина на истоименото село. На враќање, групата не се вратила преку истите патишта, туку најпрвин возела преку земјени патишта, за подоцна да се приклучи на истиот регионален пат. Вкупното изминато растојание изнесувало 103 километри.

Фотографии

Турата 33 била возење до мегалитската опсерваторија Кокино близу истоименото село по вторпат во историјата на групата, а првпат во 2015 година. Друмската тура се возела преку стариот регионален пат Скопје-Куманово. Од градот Куманово се продолжило на магистралниот пат кој води до граничниот премин Деве Баир, исклучувајќи се кај селото Младо Нагоричане. Турата била извозена на 13 септември 2015 година.

Фотографии

Следувала уште една долга друмска тура, овој пат во западниот дел на Македонија. На 20 септември 2015 година групата се упатила кон изворите на најголемата македонска река Вардар, сместени во гостиварското село Вруток. Групата возела преку стариот пат за Тетово, а од градот продолжила по регионалниот пат кој поминува низ потшарпланинските села, како Боговиње до Гостивар. На враќање групата се вратила преку селата Радиовце и Челопек, приклучувајќи се на стариот регионален пат кај селото Желино. На враќање кон Скопје, групата ја зафатило невреме проследено со дожд и град. Вкупното поминато растојание изнесувало 155 километри.

Фотографии

На 4 октомври 2015 година, групата ја извозела најдолгата еднодневна тура во своето постоење, упатувајќи се кон градот Крива Паланка. Групата тргнала од Скопје во раните утрински часови преку стариот пат за Куманово преку селото Арачиново, а подоцна преку државниот пат А2 низ Ранковце до градот Крива Паланка. Групата цело време возела по асфалтираните регионални патишта во вкупна должина од 190 километри во обете насоки. Воедно, возењето на оваа тура била од хуманитарен карактер, при што биле донирани сите средства дотогаш собрани од хумката на групата, како и дополнителни парични средства од страна на членовите на групата, при што средствата биле наменети за лекување на Јоце Блажевски. Групата била пречекана од многубројни граѓани на Крива Паланка, каде се одржувала и Розова хуманитарна трка.[1]

Фотографии

Следната тура се одржала на скопската планина Водно, при што се состоела од два дела и била насловена како „Маратон Водно“. Првиот дел групата го возела заедно со настанот „Прв до Врв“ сè до Милениумскиот крст, за потоа групата да продолжи низ земјените патеки по планината. Најпрвин спуштајќи се кон селото Горно Соње, групата подоцна преку Маркови Кули повторно се вратила на Средно Водно. Потоа, се спуштила до Капиштец, за подоцна преку Жданец и Горно Нерези да се упатат кон Крушопек, а оттаму и за Матка, каде што групата ја завршила турата. Турата се одржала на 18 октомври 2015 година и била во вкупна должина од 57 километри.

Фотографии

На 25 октомври 2015 година, групата се упатила кон еден од нашите скијачки центри Попова Шапка, сместен на Шар Планина. Групата и на одење и на враќање се движела по стариот пат од Скопје за Тетово преку селото Желино. Подоцна, од Тетово групата се упатила кон самиот скијачки центар до кој води целосно асфалтен пат од самиот град. Турата била во вкупна должина од 130 километри.

Фотографии

Триесет и осмата тура се возела кон градот Велес, од каде што групата заедно со велешки велосипедисти ја извозеле земјената патека која требало да се вози во рамките на манифестацијата „Питијада 2015“. Земјената патека почнувала надвор од градот, зад металуршкиот комбинат „Топилница“, а завршила во близина на ЖС „Рајко Жинзифов“, од каде групата преку висечки мост на реката Вардар се упатила кон Велешкото Езеро како крајно одредиште. Турата била извозена на 1 ноември 2015 година во вкупно растојание од 125 километри.

Фотографии

На 8 ноември 2015 година, групата возела до тетовското село Седларево, сместено на 1.281 метар надморска височина, на северните падини на Сува Гора. Рутата се возела по стариот пат за Тетово, а по одминувањето на месноста Карпалак, патот вртел в лево и започнувал да се искачува. Искачувањето траело 15 километри, при што до самото село водел асфалтен пат. Турата била во должина од 80 километри.

Фотографии

По една недела пауза поради прослава на првиот роденден на групата, на 21 ноември 2015 година, групата се упатила кон скопското село Кожле, сместено близу устието на реката Пчиња во Вардар. Рутата се движела кон населбата Драчево, а подоцна преку селото Таор, групата стигнала до Катланово, каде започнала да се искачува најпрвин кон селото Блаце, а подоцна и кон селото Кожле. Од самото село, групата се искачила до телекомуникациските антени, од каде се гледало самото устие, како и автопатот до Велес. Целата тура се возела на асфалт и била во вкупна должина од 82 километри.

Фотографии

Наредната недела, на 29 ноември 2015 година, групата се упатила кон планината Осој (месност Ивање), каде се наоѓа еден од влезовите на природниот резерват Јасен. Се возело преку локалниот пат кој поминувал низ селата Крушопек, Грчец и Шишево, при што се стигнало до селото Глумово, по чие поминување, групата започнала да се искачува кон планината. Должината на турата изнесувала само 42 километри, поради студените и снежни временски услови на врвот на планината.

Фотографии

Исклучително магливото време во Скопје не било пречка за одржување на турата кон уште еден од влезовите на природниот резерват Јасен, односно влезот над селото Нова Брезница, кога групата возела до месноста „Кула“. Турата се одржала на 6 декември 2015 година во магливо време, но и со сонце на одредиштето на турата. Вкупната должина изнесувала 84 километри.

Фотографии

На исклучително студено време, на 13 декември 2015 година, се одржала турата кон Лешочкиот манастир, на која присуствувале малкумина членови на групата. Групата и во двете насоки возела по регионалниот пат од селото Кондово, преку Радуша и Јегуновце. Биле извозени 96 километри.

Фотографии

На 19 декември 2015 година, групата се упатила кон скопското село Дивље, Општина Петровец. Групата се движела преку патот за Драчево, па преку селата Таор и ’Ржаничино се упатила кон крајното одредиште. Пред селото Средно Коњари започнувало искачувањето до селото Дивље, кое било во должина од 6 километри. Вкупната должина на рутата била 86 километри.

Фотографии

Како последна тура за годината 2015 бил одбран највисокиот врв на планината Скопска Црна Гора, врвот Рамно, со продолжување до т.н. „Спирова колиба“. Турата била одржана во зимски услови, а дел од асфалтниот пат по кој се движеле бил замрзнат на одредени осојничави места, но сепак била извозена во целост. Поради овие услови, враќањето било изменето и групата се вратило по земјени патишта до селото Љубанци. Целата должина на турата била 60 километри.

Фотографии

Прва тура во 2016 година била посета на градот Тетово по првпат од постоењето на групата. И во двете насоки бил користен регионалниот пат преку Сарај и Желино. Турата била одржана во зимски услови, поради што имала и помала посетеност. Имала вкупна должина од 84 километри.

Фотографии

Уште една посета на близок град до Скопје, кога групата возела до Куманово по првпат од постоењето на групата. И во двете насоки бил користен стариот пат преку Арачиново и Никуштак. Турата била одржана во зимски услови. Имала вкупна должина од 70 километри.

Фотографии

Планинска тура преку селото Орашје и посета до Вратница, искористувајќи го земјениот пат помеѓу Долно Орашје и Орашје. Се возело преку стариот локален пат Кондово и Радуша. Имала вкупна должина од 72 километри.

Фотографии

Друмско возење на 21 февруари преку селата Желино - Сиричино - Шемшево - Жилче - Теарце, со крајно одредиште на шарпланинското село Беловиште. Имала вкупна должина од 105 километри.

Фотографии

Посета на уште еден град Велес блиску до Скопје. Се возело преку стариот регионален пат од Катланово. Било возено на 28 февруари во вкупна должина од 114 километри.

Фотографии

Повторна посета на Полошката Котлина и на градот Гостивар. Се возела друмска тура преку стариот регионален преку селата Желино-Стримница-Челопек. Било возено на 6 март во вкупна должина од 135 километри.

Фотографии

Возење до една од хидроцентралите на реката Треска, Света Петка, која се наоѓа во непосредна близина на Скопје. Се возела по регионалниот пат за Козјак. Била возена на 27 март во вкупна должина од 70 километри.

Фотографии

Оваа тура за првпат беше возена до тетовското село Рогачево преку регионалниот пат Скопје-Кондово-Радуша-Орашје. Од селото Орашје се извозе по земјен пат кој излегува над село Вратница. Турата се возела на 3 април 2016 година во вкупна должина од 84 километри.

Фотографии

Оваа тура била возена по првпат на 10 април до скопското село Тисовица во должина од 86 километри. Рутата на возење била преку Драчево и Зелениково, каде што се продолжи по земјен пат.

Фотографии

Целодневни

[уреди | уреди извор]
Број Датум Одредиште Км¹ Рута
1 15 ноември 2014 Планинска Седларево 98
2 22 ноември 2014 Планинска Кокино 139
3 29 ноември 2014 Ридеста Кучково 35
4 14 декември 2014 Планинска Водно 30
5 8 февруари 2015 Ридеста Раштак 50
6 15 февруари 2015 Рамна Матка 32
7 22 февруари 2015 Ридеста Кучково 35
8 1 март 2015 Среднопланинска Велешко Езеро 100
9 15 март 2015 Среднопланинска Беловиште 120
10 21 март 2015 Среднопланинска Видиковец Козјак 80
11 28 март 2015 Планинска Рамно 58
12 13 април 2015 Ридеста Лешочки манастир 95
13 19 април 2015 Ридеста Кадина Река 80
14 25 април 2015 Ридеста Маркова Река 72
15 3 мај 2015 Среднопланинска Прохор Пчински 145 Врска[мртва врска]
16 10 мај 2015 Планинска ПД „Караџица“ 103
17 17 мај 2015 Ридеста Велешко Езеро 100
18 23 мај 2015 Ридеста Марков манастир 50
19 31 мај 2015 Среднопланинска Скопска Црна Гора 53
20 8 јуни 2015 Среднопланинска Свети Николе 120
21 14 јуни 2015 Среднопланинска Крушево 46
22 28 јуни 2015 Рамна Долен Габер 50
23 5 јули 2015 Среднопланинска Беловиште 120
24 12 јули 2015 Планинска ПД „Китка“ 90
25 19 јули 2015 Ридеста Матка 50
26 26 јули 2015 Рамна Катланово 62
27 1 август 2015 Среднопланинска Охридско Езеро 94
28 9 август 2015 Ридеста Лешочки манастир 92 Врска[мртва врска]
29 16 август 2015 Планинска ПД „Караџица“ 96
30 23 август 2015 Планинска Рамно 74 Врска Архивирано на 10 март 2016 г.
31 29/30 август 2015 Планинска Богомила 278 Врска 1 Архивирано на 12 март 2016 г.
Врска 2 Архивирано на 12 март 2016 г.
32 6 септември 2015 Ридеста Вратница 103 Врска[мртва врска]
33 13 септември 2015 Планинска Кокино 138 Врска Архивирано на 11 март 2016 г.
34 20 септември 2015 Среднопланинска Вруток 155 Врска[мртва врска]
35 4 октомври 2015 Ридеста Крива Паланка 190 Врска Архивирано на 11 март 2016 г.
36 18 октомври 2015 Планинска Водно 57 Врска[мртва врска]
37 25 октомври 2015 Планинска Попова Шапка 130 Врска Архивирано на 11 март 2016 г.
38 1 ноември 2015 Ридеста Велес 125 Врска Архивирано на 12 март 2016 г.
39 8 ноември 2015 Планинска Седларево 80 Врска Архивирано на 12 март 2016 г.
40 21 ноември 2015 Ридеста Кожле 82 Врска Архивирано на 12 март 2016 г.
41 29 ноември 2015 Среднопланинска Горна Матка (Јасен - Ивање) 42 Врска Архивирано на 12 март 2016 г.
42 6 декември 2015 Среднопланинска Нова Брезница (Јасен Исток) 84 Врска Архивирано на 12 март 2016 г.
43 13 декември 2015 Ридеста Лешочки манастир 96 Врска Архивирано на 11 март 2016 г.
44 19 декември 2015 Среднопланинска Дивље 86 Врска Архивирано на 11 март 2016 г.
45 27 декември 2015 Планинска Рамно 60 Врска[мртва врска]
46 10 јануари 2016 Рамна Тетово 84 Врска Архивирано на 12 март 2016 г.
47 31 јануари 2016 Ридеста Куманово 75 Врска[мртва врска]
48 7 февруари 2016 Ридеста Вратница 74 Врска[мртва врска]
49 21 февруари 2016 Ридеста Беловиште 110 Врска[мртва врска]
50 28 февруари 2016 Среднопланинска Велес 118 Врска[мртва врска]
51 6 март 2016 Ридеста Гостивар 136 Врска[мртва врска]
52 6 март 2016 Ридеста ХЕЦ „Св. Петка“ 72 Врска[мртва врска]
53 3 април 2016 Ридеста Рогачево 84 Врска[мртва врска]
54 10 април 2016 Среднопланинска Тисовица 84
Број Датум Одредиште Км
1 13 мај 2015 Пантелејмон 16
2 20 мај 2015 Кучково 35
3 28 мај 2015 Матка 32
4 3 јуни 2015 Маркови Кули 18
5 17 јуни 2015 Пантелејмон 16
6 24 јуни 2015 Кучково 35
7 1 јули 2015 Матка 32
8 8 јули 2015 Маркови Кули 18
9 15 јули 2015 Пантелејмон 16
10 22 јули 2015 Кучково 35
11 30 јули 2015 Матка 32
12 5 август 2015 Маркови Кули 18
13 12 август 2015 Пантелејмон 16
14 19 август 2015 Кучково 35
15 27 август 2015 Матка 32
16 2 септември 2015 Маркови Кули 18
17 16 септември 2015 Пантелејмон 16
18 23 септември 2015 Кучково 35
19 1 октомври 2015 Матка 32
20 14 октомври 2015 Милениумски крст 22

¹ = Километрите во табелата се однесуваат на извозените километри од местото на тргнување до крајното одредиште.
† = трката не била изведена до крај, поради лошите временски услови

Хумка претставува кратенка од зборовите „ХУМанитарна КАсичка“ која се носи на секоја официјална тура во која се собираат парични средства. Штом се дојде до одредена сума, парите се донираат за хуманитарни цели. На 4 октомври 2015 година, денот кога групата извозела до Крива Паланка, првпат било донирано и средствата биле наменети за Јоце Блажевски, кој боледува од церебрална парализа.

Првата „хумка“ била донесена на турата со број 11 до врвот Рамно на Скопска Црна Гора на 29 март 2015 година. Самата касичка е порцеланска во облик на бубамара и досега се имаат сменето три бои, започнувајќи со црвена боја, потоа зелена и моменталната жолта боја.

  1. „Розова трка во Крива Паланкa“. А1.он. Скопје: А1.он. 4 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2016-01-24. Посетено на 5 февруари 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]