Матка (кањон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кањон Матка
Кањон Матка 17.jpg
Најблизок градСкопје
Површина65,75 км2
Воспоставен(а)1994 (1994)
Кањонот Матка, близу браната на хидроакумулациското езеро Матка.
Поглед на кањонот Матка од месноста Маркови Порти

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.[1]

Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни.

Од вкупниот број на 1 000 видови на растенија, 20 % се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На локалитетот Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.

Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошкиот парк "Јовица Гроздановски", наречен според трагично загинатиот алпинист. Паркот е составен од три пештери (Врело, Убава и Крштана), како и една подводна пештера (Подврело)[2]

Културно-историско наследство во кањонот Матка[уреди | уреди извор]

Поради особеностите на самиот терен и тешката пристапност која нудела поголема сигурност, во минатото во кањонот Матка биле изградени поголем број на цркви и манастири и останати сакрални објекти. Поради големиот број на цркви и манастири, Матка го носи и името Света Гора. Денес постојат повеќето цркви од средновековниот период, поголемиот дел се зачувани во целост, а некои се во рушевини или постојат само нивни темели. Во кањонот Матка постојат следниве цркви и манастири:

Покрај верските објекти, високо во кањонот Матка, стојат и остатоците (ѕидинитие) од некогашната средновековна крепост Марков Град. Таа била изградена како збег за населението и манастирските цркви, во времето на доаѓањето на Османлиите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Панев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Маликна Ристевска Јорданова (1999). Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство. Студентски збор. 
  2. "Пештерата Врело во кањонот Матка", Економија и бизнис, година 16, број 178, април 2013, стр, 86-87.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]