Црква „Св. Спас“ - Матка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Спас

Црквата Свети Спас во кањонот Матка

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Матка
Општина Сарај
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба XIV век
Архитектонски опис

Свети Спасправославен христијански храм којшто се наоѓа во кањонот Матка, високо над левиот брег на реката Треска во непосредна близина на селото Горна Матка. Црквата се наоѓа на зарамнето планинско плато точно над браната и хидроцентралата Матка, во месноста Петров Камен под Марков Град, на 1 час пешачење од манастирот Успение на Пресвета Богородица и во непосредна близина под разрушената средновековна црква Света Недела. До црквата води и широк земјен пат од селото Горна Матка.

Историја[уреди | уреди извор]

По долги години на запуштеност и неактивност од неодамна во црквата повторно почнале да се одржуваат општонародни прослави на нејзиниот патронен празник Спасовден (Воведение Христово), на почетокот на летото,[1] на кои присуствуваат стотици верници од Скопје и околните села Шишево, Сарај, Горна и Долна Матка. На 19 септември 2010 година, во пресрет на верскиот празник Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Мала Богородица, беа свечено поставени и осветени темелите за изградба на нова ѕидана камбанарија висока 9 метри.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува мал еднокорабен храм. Нејзината изградба датира најверојатно од доцниот 14 век била изградена врз контурите на постар и многу поголем култен објект. Месното население со оваа црква го поврзува мошне силниот култ кон Свети Спас.[2]

Остатоци од други цркви[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на црквата Свети Спас, непосредно јужно и југозападно во дворот на црквата стојат остатоците од темелите на 2 ранохристијански цркви Света Троица и Свети Ѓорѓија, кои се обележани со икони од овие светци. Свети Тројца или Св.Архангел Михаил е јужната градба. Tоа е црква од 12-13 век, времето на византиските владеења. На овој простор се наоѓаат расфрлани или вградени во црквите повеќе камени архитектонски делови кои, според своите одлики, потекнуваат од раноримскиот и доцноантичкиот период. Тие припаѓале на две култни градби: храм и базилика.[2] Остатоците од црквата Света Троица (Св. Архангел Михаил) се позабележителни и во нив и во денешно време во олтарниот дел стојат крст, икони и кандило за свеќи, додека низ целата површина на храмот стојат повеќе од остатоци од столбови карактеристични за римското време.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]