Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Матка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Успение на Пресвета Богородица
Црква Св. Богородица - Матка.jpg

Црквата „Св. Богородица“ во Матка

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба
Населено место Матка (село)
Општина Сарај
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба XIV век
Мрежно место uspenie-matka.org.mk
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) — манастир во кањонот Матка веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 км од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Неговиот патронен празник, меѓу народот познат како „Голема Богородица“, се одржува секоја година на 28 август, при што манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани кои учествуваат на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Многу е веројатно дека кањонот и пошироката област го добиле името Матка токму поради овој манастир посветен на Мајката Божја, чие име на старословенски (црковнословенски) е мать (мат).

Поглед на манастирот Успение на Пресвета Богородица на Матка

Манастирот е изграден во средината на XIV век, на старо култно место.[1] Точното време на подигање на црквата не е познато ниту првиот ктитор. На првобитната црква, веројатно во бурните настани на воспоставување турска власт во Македонија и страдале покривот и фреските. Многу подоцна, во 1497 година, извесна госпоѓа Милица ја затекнала црквата без покрив. Таа инвестирала, црквата повторно да добие покрив и живопис и да се изгради припрата. Овие податоци стојат на натписот над влезната врата однатре. Според овој натпис, јасно е дека протогената градба на црквата потекнува од XIV век, додека покривот, припратот и внатрешниот фреско-живопис се од крајот на XV век. Во потрага по времето на изградба на првобитната црква може да се додаде и надгробната плоча на христијанката Марија, откриена во црквата пред олтарот.

Црквата има форма на стеснат крст впишан во квадратна основа. Куполата лежи врз осмоаголен тамбур носен од масивни пиластири. Централната апсида на црквата од надворешната страна е тристрана. Со својата архитектурна концепција оваа црква не излегува од рамките на византиската архитектура од овој период. Прозорците се мали и високо поставени. Ваквиод објект припаѓа на типот градби од XIV век поврзани за благородничката сакрална архитектура. Манастирот е познат и како Манастир Матка, а бил централен (матичен) за повеќе цркви, манастири и монашки скитови што се наоѓале во овој дел од теснецот на реката. Тоа го поврзуваат записите поврзани си животот во манастирот. Култот кон Света Богородица, во манастирот Матка, бил мошне силен и манастирот го посетувале видливи гости, како, на пример, патријархот на Пеќката патријаршија Арсениј IV.[2] И во денешни времиња овој манастир е доста важно место при што е често посетен и од современи важни личности, како Претседателот на Република Македонија.[3]

Конаците во манастирот

Во манастирот постои поменик, во кои се запишани имињата на многу дарители на манастирот од целиот скопски регион, вклучувајќи и имиња на луѓе од села кои денеска се населени со муслиманско (албанско) население, што претставува важен споменик со непроценливо значење за историјата на скопската област. Токму податоците од поменикот на овој манастир се често користени во книгите на познатиот антропогеограф Јован Трифуноски (види ја неговата книга: Слив Маркове Реке - антропогеографска поматрања).


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]