Матка (кањон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кањон-Матка)
Кањон Матка
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
Најблизок градСкопје
Површина65,75 км2
Воспоставен(а)1994 (1994)
Поглед на кањонот Матка
Поглед на кањонот Матка од врвот Раса

Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските одлики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.[1]

Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на ледничкиот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемски растенија и животни.

Од вкупниот број на 1.000 видови на растенија, 20% се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). Во месноста Матка се откриени два нови видови на вистински пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемски мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.

Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошкиот парк „Јовица Гроздановски“, наречен според трагично загинатиот алпинист. Паркот е составен од три пештери (Врело, Убава и Крштана), како и една подводна пештера (Подврело)[2]

Културно-историско наследство во кањонот Матка[уреди | уреди извор]

Поради особеностите на самиот терен и тешката пристапност која нудела поголема сигурност, во минатото во кањонот Матка биле изградени поголем број на цркви и манастири и останати сакрални објекти. Поради големиот број на цркви и манастири, Матка го носи и името Света Гора. Денес постојат повеќето цркви од средновековниот период, поголемиот дел се зачувани во целост, а некои се во рушевини или постојат само нивни темели. Во кањонот Матка постојат следниве цркви и манастири:

Покрај верските објекти, високо во кањонот Матка, стојат и остатоците (ѕидините) од некогашната средновековна крепост Марков Град. Таа била изградена како збег за населението и манастирските цркви, во времето на доаѓањето на Османлиите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стефанка Хаџи Пецова, Михаило Зиков, Пене Панев, Душан Манаковиќ, Раде Дренковски, Илија Дроздовски, Вера Коробар, Бисерка Филипова, Стефан Бужаровски, Маликна Ристевска Јорданова (1999). Планинскиот масив Јакупица: истражување и вреднување на природното богатство. Студентски збор.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. "Пештерата Врело во кањонот Матка", Економија и бизнис, година 16, број 178, април 2013, стр, 86-87.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]