Пешти

Координати: 41°40′8″N 21°47′6″E / 41.66889° СГШ; 21.78500° ИГД / 41.66889; 21.78500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Текот на Бабуна низ Пешти.

Пештиклисура на реката Бабуна на јужниот излез од Велес, на 5 километри оддалеченост од устието на реката Бабуна во Вардар. Долга е 430 м. Името го добила по големиот број на пештери во кои се откриени фосилни остатоци од цицачи стари од 70.000 до 10.000 години пред нашата ера. Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит. На високите карпи сè уште живее белоглавиот орел кој речиси е исчезнат од овие простори. Клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природен пејзаж со големи потенцијали за развој на рекреативниот туризам.[1]

Пештери[уреди | уреди извор]

  • Макаровец - се наоѓа на десната страна на реката
  • Маркова Пештера - позната по зачуваните остатоци од ранохристијанска црква
  • Понор
  • Четири Врати
  • на пешти се наоѓаат окулу 100 пештери поголеми и помали, а исто така на планината Клепа, а на планината Јакупица се наоѓа и една многу голема до сега не докрај испитана под самиот врв на Солунска Глава на самиот извор на реката Бабуна од каде и што се влегува, а покрај ова тука се наоѓаат и уште неколку други пештери.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Годишен зборник: Географски институт (15-16. изд.). Универзитет "Кирил и Методиј"--Скопје. Природно-математички факултет. 1966.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°40′8″N 21°47′6″E / 41.66889° СГШ; 21.78500° ИГД / 41.66889; 21.78500