Црква „Св. Недела“ - Матка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Недела
Црква „Св. Недела“ - Матка 2015 a.jpg

Поглед остатоците на црквата „Св. Недела“ над кањонот Матка

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба
Координати 41°29′51″ СГШ 22°22′02″ ИГД / 
Населено место Матка
Општина Сарај
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба XIII - XIV век
Архитектонски опис
Архитектонски тип еднокорабна
Портал „МПЦ“

Света Недела — средновековековен православен христијански храм во урнатини, сместен високо во кањонот Матка во месноста Марков Град од левата страна на реката Треска.[1] Оваа црква се смета дека е изградена во XIII или XIV век, истовремено со изградбата на блиските околни цркви и манастири Свети Никола Шишевски (од спротива), Свети Андреја (југоисточно во долот), Свети Спас (непосредно северно) и Успение на Пресвета Богородица.

Градба[уреди | уреди извор]

Црквата Света Недела е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Свети Никола и Свети Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите од внатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, потоа фигурата на Света Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид, а постарата литература од 1912 годнна забележала дека десно од светителката бил портетот на ктиторот кој и го пружа моделот на црквата.

Ископувања[уреди | уреди извор]

Централниот станбен објект со правоаголна основа беше археолошки ископуван. Резултатите покажаа дека животот во него се одвивал низ 14. век во исто време кога егзистирала и црквата. Откриени бројни делови од грнчарија, потоа животински коски. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот помеѓу 1350-та и 1360-тата година.[2] Се претпоставува дека во него жпвеел господарот на Матка - Бојко. Народната месна традиција се раскажува за убавата Бојана господарка на овој град, која бранејки го од Турците за да не им падне во раце се самоубила скокајќи во реката. Тука е очигледна сличноста на имињата: Бојана - Бојко. Западниот подград е голем 120 х 50 метри. Опфатен со силен одбрамбен ѕид, широк 1,80 м, на едно место сочуван во височина до 3 метри, и тој се наоѓа веднаш западно под црквата на самиот нејзин влез. Најверојано во минатото оваа црква била селска црквата на некогашното (сега непостоечко) село Ивање кое според преданијата во една дупка (дол, рупа) имало црква посветена на Света Недела каде за време на селската слава се приредувал голем собор на кој „по седумдесет“ ивањски девојки пееле и играле оро[3]

Денес[уреди | уреди извор]

Иако црквата е во рушевини, сепак таа е доста посетено место од верници и планинари. Во нејзе постојат повеќе икони од светицата Недела, Богородица и Исус Христос, како и кандило за палење свеќи. Во непосредна близина на црквата е изграден летниковец од страна на планинарите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://mn.mk/turizam/1644-Matka-3-del
  2. http://www.mn.mk/istorija/1428-MATKA---Vekovno-svedostvo-i-ziva-istorija
  3. Трифуноски, Ф. Јован За средновековните села на манастирот Св. Андреја крај Треска. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје, Историско-филолошки оддел, кн.4, бр.2, Скопје 1951. стр.6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]