Клисура (географија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Клисура (латински: clausura), кланец[1] или дервен[2] – тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.[3]

Клисури настануваат под дејство на флувијалната или речна ерозија. Клисурите се долини во речните текови кои настануваат со селективна ерозија на карпите, така што просторите со потврди карпи се стрмни и тесни.[4] Кај нас постојат бројни клисури — Дреновска, Демиркаписка, Бродска, Скочивирска и др.

Доколку клисурите се протегаат во помала должина тогаш се именуваат како сатески, се јавуваат во композитни долини на големи реки.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кланец“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „дервен“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „клисура“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Димитров, Никола; Котески, Цане (2015) (на македонски). ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. ISBN 978-608-244-216-7. https://www.researchgate.net/profile/Cane_Koteski/publication/284625484_Univerzitetski_ucebnik_po_Turisticka_geografija/links/56558c5408ae4988a7b0b699/Univerzitetski-ucebnik-po-Turisticka-geografija.pdf. посет. 14 мај 2019 г.