Дримколска Клисура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дебарското Езеро во Дримколската Клисура помеѓу падините на Стогово и Караорман на исток (лево) и Јабланица на запад (десно)
Заезерувањето на Дебарското Езеро на отворот на клисурата на север
Заезерувањето на езерото Глобочица на отворот на клисурата на југ
За други значења на поимот Дримкол, видете на појаснителната страница

Дримколската Клисура преставува импозантна клисура во Македонија која се протега по тркот на реката Црни Дрим. Се протега во должина од 28 км, помеѓу утоката на реката Лениште до поранешната утока на Радика. Стрмните долински страни Црни Дрим ги изградила помеѓу западните ограноци на Караорман и на Стогово, а источните на планината Јабланица. Денес Дримколската Клисура е заезерена со изградба на двете познати вештачки акумулации: Шпилје и Глобочица. Единствено само под браната Глобочица се формира краток речен тек. Клисурестите страни се дисецирани со долините на повеќе кратки речни текови кои имаат голем наклон и при утоката во езерото формирале наноси. Низ клисурата минува регионалниот пат СтругаДебар.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Makedonska akademija na naukite i umetnostite (20-23 Oktomvri 1971 godina) (на македонски). Simpozium za Problematikata na Regulacijata na Ohridskoto Ezero. Ohrid: Makedonska akademija na naukite i umetnostite.