Шишевска Клисура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шишевска Клисура is located in Република Македонија
Шишевска Клисура
Шишевска Клисура
Шишевска Клисура (Република Македонија)

Шишевска Клисура или Голема Клисураклисура во Република Македонија, која се протега од с. Девич до с. Шишево во долината на реката Треска во должина од 66,2 км. По должина е втора клисура во Република Македонија.

Клисурата е предиспонирана со раседни линии и всечена е помеѓу планините: Добра Вода, Сува Гора и Осој од левата и Даутица, Караџица, Сува Планина и Водно од десната долинска страна. На потегот помеѓу Лукоечко Речиште и манастирот Св. Богородица во должина од 15 м е вистински кањон, а неговите страни се стрмни и високи преку 1.100 м.

Поврзано[уреди | уреди извор]