Бадерска Клисура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бадерската Клисура (позната и како Прнарска Клисура[1]) преставува епигенетска клисура во долниот тек на реката Пчиња. Се протега помеѓу селото Бадер во Скопската Котлина до вливот на реката Пчиња во Вардар во должина од 9,5 km. Таа е всечена во палеозојски шкрилци помеѓу ридовите Каменица (479 m) и Ветерски Рид (508 m), на исток и Мрамор (418 m) и Прнар (489 m), на запад. Во клисурата се изградени изразити вклештени меандри. Низ клисурата минува дел од автопатот СкопјеВелес.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год.
  2. Marković, Jovan Đ. (1967) (на српско-хрватски). Geografske oblasti Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije. Zavod za izdavanje udžbenika Socijalističke Republike Srbije.