Прејди на содржината

ЖС „Рајко Жинзифов“

Координати: 41°47′17″N 21°42′07″E / 41.78806° СГШ; 21.70194° ИГД / 41.78806; 21.70194
Од Википедија — слободната енциклопедија
ЖС „Рајко Жинзифов“
Поглед на железничката станица
Општи информации
МестоС’лп
Општина Велес
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииСкопјеГевгелија
Перони3

Железничка станица „Рајко Жинзифов“ (во минатото позната и како С'лп, по блиското истоимено село со тоа име) — железничка станица во Македонија, која се наоѓа на пругата Скопје - Велес, односно на меѓународниот железнички коридор 10 на линијата Скопје - Гевгелија - Солун.

Претставува шеста станица и десетта постојка на овие пруги. Сместена е непосредно до десниот брег на реката Вардар во Таорската Клисура, веднаш наспроти автопатот „Александар Македонски“ (Е-75) Скопје - Велес, од каде што се пружа прекрасна панорамска глетка на целата железничка станица со околината. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 40,9 километри[1].

Железничката станица со околината

Железничката станица „Рајко Жинзифов“ поседува 3 електрифицирани колосеци и има патничка и товарна функција. Станичната зграда се одликува со убаво и традиционално архитектонско решение за железнички станици од минатиот век, а поседува затворена чекална за зимски и отворена и покриена чекална за летни услови. Главни патници на оваа станица се жителите на околните села С'лп, Сопот и Белештевица, кои патуваат за Велес или нивните роднини кои живеат таму или во Скопје, потоа рибари кои ловат риба во реката Вардар, планинари кои се искачуваат на планината Белештевица и излетници кои одат на првомајски или летни излети на велешкото Езеро Младост. Во непосредна близина на станичната зграда се наоѓа споменик - биста на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов во чија чест е крстена станицата и лековит извор на вода посветен на св. Недела. На железничката станица Рајко Жинзифов, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.

Галерија

[уреди | уреди извор]
Помошни објекти
Железничката станица
  1. „МЖ Инфраструктура - Објава на мрежи“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 2012-07-19.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°47′17″N 21°42′07″E / 41.78806° СГШ; 21.70194° ИГД / 41.78806; 21.70194