Прејди на содржината

Железничка станица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед од Водно на главната железничка станица во Скопје

Железничка станица — место каде што запираат возови за да се качат или симнат патници, како и да се товари или истовари товар.[1]

Вообичаено се состои од најмалку еден перон, еден колосек и станица која пружа дополнителни услуги како продавање билети, чекалници и услуги за багажот/товарот.

Местата на кои патниците само понекогаш се качуваат или го напуштаат возот, понекогаш составени од краток перон и место за чекање означени само со знак се нарекуваат железнички стојалишта.

Станиците може да бидат на земја, подземја или издигнати. Истите може да бидат поврзани и со други превозни средства како автобуси, трамваи или други системи за масовен превоз.

  1. „станица - резултати од пребарување | Дигитален речник на македонскиот јазик“. drmj.eu. Посетено на 2024-08-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]