Скопје - Велес; Скопје - Гевгелија - Солун (Коридор 10); Скопје - Битола; Скопје - Кочани
Растојание
30,2 км (од Скопје)
Перони
1
Колосеци
3
Железничката станица „Кадина Река“ — железничка станица во Република Македонија која се наоѓа на пругата Скопје - Велес, односно на меѓународниот железнички коридор 10 на линијата Скопје - Гевгелија - Солун. Таа е 5. станица и 8. постојка на овие пруги. Железничката станица Кадина Река е сместена непосредно на десниот брег на реката Вардар во Таорската Клисура, веднаш по утоката на Кадина Река во Вардар. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 30,2 километри[1]. Станицата Кадина Река има функција на железничка раскрсница (разминувачница) и на неа се наоѓаат три електрифицирани колосеци. Во минатото сè до отворањето на стојалиштето Смесница во јуни 2010 година, Кадина Река како железничка станица била користена најповеќе од жителите на Смесница и околните блиски села во долното течение по долината на Кадина Река, а денес главни патници кои патуваат до оваа станица се рибари кои ловат риба во Вардар или планинари кои се искачуваат на планината Голешница, како и капачи кои одат на капење и излети на Кадина Река во летниот период. На железничката станица Кадина Река, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.