Прејди на содржината

Исус Христос

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Божји Син)
Исус Христос
ישוע
Роден 7–2 г. п.н.е.
Витлеем, Јудеја, Римско Царство
Починал 26–36 г. од н.е.
Голгота, Ерусалим, Римско Царство
Занимање пророк, месија

Исус (арамејски: ישוע Јешуа; 7–2 година пред новaта ера до 26–36 од новата ера)[1] — пророк и учител од Назарет, кого многу Евреи го сметале за голем проповедник.[2] По неговата смрт станал главна личност во христијанството, како и важна личност во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек — Исус Христос.[3]

Голем број од научниците од областа на историјата и богословието се согласуваат дека Исус бил Евреин од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека бил крстен од страна на Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот управител Понтиј Пилат, под оптужба за клевета против Римското Царство. Главни извори околу животот на Исус се четирите Евангелија од Новиот завет од Матеј, Марко, Лука и Јован. Денес, само неколку современи научници веруваат дека сите древни списоци за животот на Исус се точни или неточни.[4]

Христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие пришестие (доаѓање) е најавено во Стариот завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда.

Во исламот, Исус (арапски: عيسى, Иса) се смета за еден од најважните божји пророци, чудотворец и Месија. Сепак, муслиманите не веруваат во Исусовото распнување и воскреснување, како и неговата божественост. Тие веруваат дека Исус не бил ниту убиен ниту пак распнат, туку дека жив воскреснал на небото. Голем број муслимани веруваат дека тој ќе се врати на земјата, заедно со Мехди, тогаш кога земјата ќе стане преполна со гревови и неправди во времето на доаѓање на исламскиот антихрист, каков што е Деџал.

Јешуа

Во македонскиот јазик, Исус е пренос од старогрчкото Ίησοῦς, кое е пренос на хебрејското име ישוע — на звук Јешуа. А Јешуа e скратена форма на името יְהוֹשׁוּעַЈ'хошуа или Јошуа, што значи Јахве, т. е. Бог спасува.

Хебрејското име Ј'хошуа или Јешуа било доста распространето. Ова име се давало во сеќавање на ученикот на Мојсеј и владетел на Земјата Израел Ј'хошуа бин Нун, кој живеел околу XV–XIV пред н.е., а кој во Библијата е именуван како Исус Навин.

Христос, од старогрчки Χριστός, всушност е титула која потекнува од хебрејскиот збор машија (מָשִׁיחַ), т. е. месија.

Месиите прво биле нарекувани „свештеници“, а зборот „месија“ започнал да се користи подоцна, во царството Израел, и тоа во односите со царот.

Соодветно на тоа, еврејските пророци сведочеле за појавувањето на цар од родот на Давид, наречен Месија, кој истовремено се јавува и како свештеник и како цар, тоа што Израел го очекува од вистинскиот цар на светот.

Хронологија

[уреди | уреди извор]
Јудеја и Галилеја во Исусово време

Најдеталниот приказ околу раѓањето на Исус е даден во Евангелието по Матеј (напишано измеѓу 50 и 60 година н.е.[5]) и Евангелието по Лука (напишано помеѓу 60 и 61 година н.е.[5]). Научниците денес, сѐ уште расправаат околу деталите за Христовото раѓање, а некои од нив тврдат дека го знаат и точниот датум на неговото раѓање и смрт.

Евангелијата по Лука и Матеј не го споменуваат точниот датум на Исусовото раѓање и смрт. Во христијанството, неговото раѓање (Божиќ) се слави на 25 декември според грегоријанскиот календар и на 6 јануари според јулијанскиот календар. Најрани корени околу славењето на оваа дата, потекнуваат од околу 330 година. Пред тоа се славело на 6 јануари, како дел од Богојавлението, во спомен не само на неговото раѓање, туку и на денот кога тој бил покрстен од страна на Јован Крстител во реката Јордан.[6] Според многу учени, Исусовото раѓање се случило на пролет или лето.[7]

Дионис Малиот (470 — 544) се обидел да го утврди точниот датум од неговото раѓање и дошол до заклучок дека тоа било 753 години по основањето на Рим. Како датум го одредил 25 декември 1 п.н.е., а следната година ја нарекол 1 по новата ера, со што започнал системот за мерење на времето од Исусовото раѓање. Системот бил направен во 532 година, а речиси два века подоцна бил прифатен како календар на христијанската цивилизација.

Денес, многу е тешко да се утврди точниот ден на раѓање на Исус, бидејќи од самото пишување на евангелијата поминале околу 1.900 години. Но според затемнувањето на Месечината, како што се ориентирале римските цареви, Исусовото раѓање било во 3 п.н.е.. Во Евангелието по Матеј и Евангелието по Лука се пишува за раѓањето на Исус во времето на Ирод Велики. Лука пишува дека раѓањето на Исус се случило во времето на римскиот гувернатор Квириниј. Датата на Исусовата смрт исто така не е јасна. Според Евангелието по Јован, распнувањето го поврзува пред Пасха, празник кој паѓа во петок, на четиринаесеттиот ден во месецот. Исто така, Евреите според месечево-сончевиот календар и според едно дело од Џон Маер, Исус најверојатно умрел на 7 април 30 година или на 3 април 33 година.[8]

Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Светото раѓање, Ел Греко.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Раѓање и младост

[уреди | уреди извор]

Ангелот Гаврил и Марија

[уреди | уреди извор]

Според Евангелието по Лука, aрхангел Гаврил ја посетил Марија за да ѝ пренесе дека таа е избраницата од Бог да го роди Синот Божји.[9]

„Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“ — Лк. 1,28

Старогрчкиот глагол „харито χαριτόω“, што тука е преведен како „благодатна“, значи „да се обдари со благодат; незаслужен дар; незаслужена благонаклонетост“. Овој термин е искористен и за сите верници во Еф. 1,6, каде што е преведен како „дарува“.[10] Во случајот со Ев. по Лука, глаголот е партицип и е во пасивна форма (κεχαριτωμένη), што значи дека предметот (Марија) на дејствието (дарување благодат) што го врши подметот (Господ), е пасивниот примател на резултатот од тоа дејствие.[11] Марија, како и сите други верници, е примател на божествена благодат.[12]

„Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе биде наречен Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царувањето Негово нема да има крај.“ — Лк. 1,30–33

Кога Марија го видела ангелот, таа се вознемирила (Лк. 1,29). Во Библиските записи, кога некој ќе се соочел со божествена посета или моќно Божјо дело, стравот бил нормален и соодветен одговор (Суд. 6,22; 13,22; Мк. 16,5; Лк. 12,5; Отк. 1,17). Се чини дека Лука особено го забележувал тоа; тој често известува за стравот, што се јавува во присуство на Бога и Неговите дела (сп. Лк. 1,30,65; 2,9,10; 5,10,26; 7,16; 8,25,37,50; 9,34,45; 23,40).[13] Старогрчкиот термин што Лука го користи за „Севишниот (хупсистос ὕψιστος)“ е истиот оној што е употребен во Септуагинтата (старогрчкиот превод на Стариот завет) за превод на хебрејскиот термин „Севишниот (елиовн עֶלְיוֹן)“ што се користи за Бог (1 Мој. 14,18).[14] Со оглед на тоа што синот ги носи особините на својот татко, нарекувајќи ја личноста нечиј „син“ било начин да се означи еднаквост (Јвн. 5,18; види подолу кај насловот Имиња и титули). Овде ангелот ѝ рекол на Марија дека нејзиниот Син ќе биде еднаков на Севишниот Бог. Исус, исто така, бил Давидовиот физички потомок преку линијата на Марија, и во иднина ќе седне на Давидовиот престол, што бил симбол на месијанското царство (сп. 2 Сам. 7,13–16; Пс. 89,26–29). „Домот Јаковов“ го нагласува еврејскиот карактер на илјадагодишното царство, а зборовите „засекогаш“ и „царувањето Негово нема да има крај“ ја нагласуваат вечната трајност на Христовото владеење над сите (Иса. 9,5–7; Дан. 2,44).[15]

„Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе биде наречено Син Божји.“ — Лк. 1,35

Марија разбрала дека ангелот зборува за непосредно зачнување, а таа и Јосиф сè уште биле во период на свршувачка (Мат. 1,18). Нејзиното прашање „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“ (Лк. 1,34) било донесено од зачуденост, а не од сомнеж или неверување, па затоа ангелот не ја прекорил како што направил со Захарија (Лк. 1,20). Зачнувањето од Светиот Дух било создавачки чин, а не некаков вид на божествено-човечки односи што понекогаш се гледаат во паганската митологија.[16]

„Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“ — Лк. 1,36–37

На крајот, Марија одговорила „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ (Лк. 1,38), па ангелот си отишол. Таа била во крајно срамна и тешка положба. Свршена за Јосиф, таа се соочила со стигмата на невенчаното мајчинство. Јосиф очигледно би знаел дека детето не е негово, а таа знаела дека ќе биде обвинета за прељуба — прекршок казнив со каменување (5 Мој. 22,13–21; сп. Јвн. 8,3–5). Сепак, таа доброволно и љубезно ѝ се потчинила на волјата Божја.[17]

Господовиот ангел и Јосиф

[уреди | уреди извор]

Во Евангелието по Матеј е запишано што Јосиф сакал да направи откако дознал дека Марија е трудна, но разговорот со ангелот ја променил неговата намера.

„По свршувачката на мајка Му Ма­рија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Све­тиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти.“ — Мат. 1,18–19

Еврејската свршувачка била обврзувачка како и современиот брак, и за нејзино прекинување било неопходно да се направи развод. Свршената двојка законски била сметана за маж (сопруг) и жена (сопруга) иако немале никаков физички контакт. Законот пропишувал каменување за овој вид на прељуба (5 Мој. 22,23,24), но праведноста на Јосиф значела дека тој исто така бил и милостив, па затоа немал намера да ја „посрами“ Марија.[18] Тој имал две избори, но да живеел во времето кога била напишана 5 Мојсеева, ќе имал само еден избор смртна казна. Но безгрижноста на Евреите кон Законот Божји, ги довело до тоа да ги заменат строго пропишаните Божји закони, со помалку строги закони. А како резултат на тоа, нивната нација наишла на многу проблеми, бидејќи тие закони служеле како заштита и спречување од зло. Првиот избор бил да направи од неа јавен пример: ќе ја обвинел за прељуба на јавен суд и таа ќе била осудена како виновна, а нејзиниот углед уништен. Вториот избор бил на тивок начин. Двете семејства ќе се сретнеле пред двајца или тројца сведоци и ќе напишеле приватно писмо за развод. Немало да има судска постапка и јавноста немала да знае, па дури ни причината за развод не морала да се наведе, за другите луѓе да не ја дознаат. Тоа се правело во тајност.[19] Инаку, фразата „праведен човек/ праведник“ е хебраизам што претполага дека тој бил вистински верник во Бог, кој врз основа на својата вера бил прогласен за праведен, и кој внимателно го почитувал законот (1 Мој. 6,9). Да се „напушти“ би значело да се добие законски развод (Мат. 19,8,9; 5 Мој. 24,1), што според еврејскиот обичај било неопходно за да се поништи свршувачката.[20]

„Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: ,Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.‘“ — Мат. 1,20–21

Глаголот „помисли“ е старогрчкиот збор „ентумеомаи ἐνθυμέομαι“, што значи: „да медитира, да размислува, да задлаби во мислите длабоко да размислува.“[21] Значи Јосиф, додека размислувал за тоа што требал да го направи, заспал и потоа ангелот му се јавил на сон. Ова е една од само неколкуте такви ангелски посети во Новиот завет, од кои повеќето се поврзани со Христовото раѓање, а еве некои што не се: Мат. 28,2; Дела 5,19; 8,26; 10,3; 12,7–10; 27,23; Отк. 1,1. Матеј, сакајќи да го нагласи натприродниот карактер на Христовото доаѓање, запишал пет такви откровителни соништа во својот наратив за настанот: Мат. 1,20; 2,12,13,19,22. Овде, ангелот му рекол на Јосиф дека треба да ја земе Марија во својот дом.[22]

„А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: ,И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил — што значи: со нас е Бог!‘ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја зеде својата жена. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син и Го нарече Ис­ус.“ — Мат. 1,22–25

Матеј посочува кон исполнувања на старозаветни пророштва, не помалку од десетина пати (сп. Мат. 2,15,17,23; 4,14; 8,17; 12,17; 13,14,35; 21,4; 26,54– 56; 27,9,35). Тој цитирал од Стариот завет повеќе од 60 пати, почесто од било кој друг новозаветен писател, освен Павле во неговото Послание до Римјаните. Сколарите понекогаш спорат дали хебрејскиот термин „алмах עַלְמָה“, во Исаија 7,14, значи „девица“ или „немажена девојка/млада девојка“. Матеј овде цитирал од Септуагинтата, каде е искористен недвосмислениот старогрчки термин за „девица“, а тоа е зборот „патренос παρθένος“.[23] На тој начин, Матеј, пишувајќи под инспирација на Духот, ставил крај на сите сомневања за значењето на зборот во Исаија 7,14.[24]

Раѓањето на Исус

[уреди | уреди извор]

Лука, во својот запис на Евангелието, напишал:

„Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жи­те­ли. Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија. И отидоа сите да се запишат, секој во својот град.“ — Лк. 2,1–3

Гај Октавијан бил внук, посвоен син и главен наследник на Јулиј Цезар. Во 29 год. п.н.е., римскиот сенат го прогласил Октавијан за прв император на Рим. Две години подоцна Римскиот сенат му оддал чест со титулата „Август“ („возвишен“ термин што означува религиозно почитување). Римската републиканска влада била успешно укината, а на Август му била дадена врховна воена моќ. Тој владеел сè до неговата смрт на 76-годишна возраст (14 год. н.е.). Под негово владеење, Римската Империја доминирала во регионот на Медитеранот, воведувајќи период на голем просперитет и релативен мир (Pax Romana). Тој наредил да се пребројат сите жители, буквално „целата населена земја (свет)“, т.е. земјата или светот на Римската Империја. Ова не било само еднократен попис, туку уредбата всушност вовела циклус на запишувања што требало да се случуваат на секои 14 години. Израел претходно бил исклучен од римскиот попис, бидејќи Евреите биле ослободени од служење во римската војска, а пописот бил дизајниран првенствено за да ги регистрира младите мажи за воена служба (како и да ги преброи сите римски граѓани). Овој нов, универзален попис, навидум требал да ја брои секоја нација по семејство и племе. Вредноста на имотот и приходите не биле евидентирани во оваа регистрација, но наскоро, имињата и статистиката за населението собрани во овој попис, биле искористени за наплата на даноци, па затоа Евреите го сметале самиот попис како гнасен симбол на римското угнетување. Одредувањето на прецизен датум за овој попис е проблематично. Познато е дека Публиј Сулпициј Квириниј управувал со Сирија во текот на 6 9 год. н.е. Добро познат попис бил направен во Палестина во 6 год. н.е.. Јосифус (Јосиф Флавиј) запишал дека тој попис предизвикал насилен еврејски бунт (спомнат од Лука, цитирајќи го Гамалиел во Дела 5,37). Квириниј бил одговорен за спроведување на тој попис, а тој исто така одиграл и голема улога во задушувањето на бунтот што следел. Меѓутоа, тоа не можел да биде пописот што Лука го спомнува на почетокот од своето евангелие, затоа што се случил околу една деценија по смртта на Ирод (Мат. 2,1) премногу доцна за да се вклопи во хронологијата на Лука (сп. Лк. 1,5). Но, археологијата го оправдува записот на Лука. Фрагмент од камен, откриен во Тиволи (близу Рим) во 1764 год. н.е., содржи натпис во чест на еден римски службеник кој, како што се наведува, двапати бил гувернер на Сирија и на Феникија за време на владеењето на Август. Името на службеникот го нема на фрагментот, но меѓу неговите достигнувања се наведени детали кои, колку што е познато, не можат да одговараат на никој друг освен Квириниј. Така што, Квириниј морал да имал служено двапати како гувернер во Сирија.[25] Веројатно бил воен гувернер, додека во исто време, историјата запишува дека Варус бил граѓански гувернер таму. Во однос на датирањето на пописот, некои древни записи пронајдени во Египет споменуваат светски попис што бил нареден во 8 год. пр.н.е. Но, и тој датум не е без проблеми, бидејќи генерално се смета од страна на сколарите дека 6 год. пр.н.е. е најраниот можен датум за Христовото раѓање. Очигледно, пописот бил нареден од Цезарот Август во 8 год. пр.н.е. но всушност бил спроведен во Палестина дури 2–4 години подоцна, можеби поради политичките тешкотии меѓу Рим и Ирод. Затоа, не може со сигурност да се знае точната година на Христовото раѓање, но веројатно не била порано од 6 год. пр.н.е. а секако најдоцна до 4 год пр.н.е. Тогашните читатели на Лука, запознаени со политичката историја на таа ера, несомнено би можеле да забележат многу прецизен датум од информациите што тој ги дал. Инаку, во овој попис луѓето оделе да се запишат „секој во својот град“, т.е. во местото на нивното племенско потекло.[26]

„Па така и Јосиф, бидејќи беше од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во градот Давидов, наречен Вит­леем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше тешка.“ — Лк. 2,4,5

И Јосиф и Марија биле потомци на Давид и затоа отишле во нивниот племенски дом во Јудеја за да бидат регистрирани.[27][28] Тоа било тешко патување, низ планински терен, кое било подолго од 110 километри особено исцрпувачко било патувањето за Марија, која била на работ на породување. Можеби таа и Јосиф биле свесни дека раѓањето во Витлеем ќе го исполни пророштвото во Михеј 5,2.[29]

„А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив не­маше место во гостилницата.“ — Лк. 2,6–7

Марија го повила Исус, а за цврсто врзување на бебето се користеле ленти од ткаенина. Тоа го спречувало бебето да ги повреди своите очи и чувствителната кожа на лицето со сопствените (често остри) нокти, а се верувало и дека ги зајакнува екстремитетите. Ова е сѐ уште обичај во некои источни култури. Отсуството на такви ткаенини било знак на сиромаштија или недостаток на родителска грижа (Езк. 16,4). Потоа таа го положила во јасли (корита за хранење на животни) — од таму извира мислата дека Христос е роден во штала, нешто што не е наведено никаде во Светото Писмо. Древната традиција, пак, сметала дека Исус е роден во пештера (најверојатно некоја која била користена како засолниште за животни). Но, во суштина, не е даден опис на локацијата на раѓањето на Исус, а причината поради која немало место за нив во гостилницата, било затоа што многумина луѓе се враќале во античкиот град Витлеем за да се регистрираат во пописот.[30] После раѓањето на Исус, Марија родила и други деца (Мат. 12,46,47; Мк. 3,31,32; Лк. 8,19,20; Јвн. 7,3,4,5), а дел од нив се спомнати и по име: „Не е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Симон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ (Мк. 6,3; сп. Мат. 13,55).

„Во тој крај имаше пастири, кои но­ќеваа таму и го чуваа своето стадо. И одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: ,Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.‘“ — Лк. 2,8–12

Витлеем бил во близина на Ерусалим и многу од овците што се користеле во храмските жртви потекнувале од таму. Околните ридови биле главната земја за пасење, а овчарите работеле во областа дење и ноќе, цела година. Затоа, од фактот што овчарите живееле по полињата, не може да се извлече никаков заклучок за годишното време. Градот Давидов, т.е. Витлеем, е градот каде е роден Давид — не станува збор за Давидовиот град кој се наоѓал на јужната падина на планината Сион (сп. 2 Сам. 5,79). Во Евангелијата, ова е само едно од двете места каде што Христос е наречен „Спасител“ — другото место е во Јвн. 4,42, каде што луѓето од Сихар го исповедале како „Спасителот на светот“. Зборот „Господ (куриос — κύριος)“ може да значи „господар“ — но исто така е збор што се користи за да се преведе заветното име (ЈХВХ — יְהוָֹה) на Бог. Овде (и во повеќето негови Новозаветни појави), се користи во второспоменатата смисла, како титула на божество.[31]

„И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: ,Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!‘ Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: ,Да појдеме во Витлеем и да го видиме претскажаниот настан што ни го соопшти Господ.‘“ — Лк. 2,13–15

Терминот „воинство (стратиа στρατιά)“ се користи за опишување на армиски логор. И Христос користел воени слики за да ги опише ангелите во Мат. 26,53. Откровение 5,11 сугерира дека бројот на ангелското воинство може да биде преголем за човечкиот ум да го сфати. Овде небесната војска донела порака за мир (Лк. 2,14). Тоа што ангелите го рекле не треба да се сфати како универзална декларација за мир кон целото човештво. Наместо тоа, мирот со Бог е последица на оправдувањето (Рим. 5,1). Божјиот мир е милостив дар за оние кои се предмет на Неговото задоволство.[32]

„И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли. А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете. И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое. И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.“ — Лк. 2,16–20

Восхитувањето во мистериите на Христовите зборови и дела е една од нишките што се провлекува низ евангелието според Лука (сп. Лк. 2,19,33,47,48; 1,21,63; 4,22,36; 5,9; 8,25; 9,4345; 11,14; 20,26; 24,12,41). Лука често ја запишува реакцијата на славење и фалење на Бог (сп. Лк. 2,28; 1,64; 5,25,26; 7,16; 13,13; 17,1518; 18,43; 19,3740; 23,47; 24,52,53).[33]

„А кога се навршија осум дена и Де­тето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во ут­робата.“ — Лк. 2,21

Во согласност со Божјата заповед (1 Мој. 17,12; 3 Мој. 12,13; сп. Флп. 3,5), станало вообичаено да се именува детето при обрежувањето.[34]

Посетата на мудреците и колежот на Ирод

[уреди | уреди извор]

По раѓањето на Исус, Матеј пишува за мудреците од исток, кои му донеле дарови на Исус и кои ја прателе ѕвездата за која верувале дека е знак дека се родил царот на Евреите.[35]

„А кога се роди Исус во Витлеем Јудеј­ски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од исток и рекоа: ,Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на исток, па дојдовме да Му се поклониме.‘“ — Мат. 2,1–2

Зборот што е преведен како „мудреци“ е старогрчкиот збор „магос μάγος“ и најдобро е да се преведе како „маги“. Од овој збор произлегуваат денешните зборови „магија, магионичар, маѓепсник“. Во средниот век се развила легендата дека тие биле кралеви, тројца на број и дека нивните имиња се Гаспар, Валтазар и Мелхиор. Бидејќи се сметало дека ги претставуваат трите синови на Ное, еден од нив често е прикажуван како Етиопјанец. Исто така, еден бискуп од дванаесеттиот век од Келн дури тврдел дека ги нашол нивните черепи. Но, единствените легитимни факти што се познати за овие конкретни мудреци се неколкуте дадени од Матеј во првите дванаесет стихови од второто поглавје. Не е споменат нивниот број, нивните имиња, нивните превозни средства до Палестина или конкретната земја или земји од кои тие дошле. Фактот дека тие дошле „од исток“ би го претпоставиле повеќето луѓе во новозаветните времиња, бидејќи мудреците првенствено биле познати како свештено-политичка класа на Партите кои живееле на исток од Палестина. Магите првпат се појавуваат во историјата во VII век пр.н.е. како племе во рамките на медиската нација во источна Месопотамија. Многу историчари сметаат дека тие биле Семити. Исто така, можно е тие да дошле од древниот Халдејски Ур. Името „маги“ наскоро станало поврзано само со наследното свештенство во тоа племе. Магите станале вешти во астрономијата и астрологијата (кои во тоа време биле тесно поврзани) и имале жртвен систем кој донекаде наликувал на оној што Бог му го дал на Израел преку Мојсеј. Тие биле вклучени во различни окултни практики, вклучително и волшебништва, а особено биле забележани по нивната способност да толкуваат соништа. Основен елемент на обожавањето на магите бил огнот, а на нивниот примарен олтар горел вечен пламен, за кој тие тврделе дека слегол од небото. Магите биле монотеисти, верувајќи во постоењето на само еден бог. Поради нивниот монотеизам, на магите им било лесно во VI век пр.н.е да се прилагодат на учењето од Персискиот верски водач по име Зороастер, кој верувал во еден бог, Ахура Мазда, и во космичка борба помеѓу доброто и злото. Дариј Велики го воспоставил зороастризмот како државна религија на Персија. Поради нивното комбинирано познавање на науката, земјоделството, математиката, историјата и окултизмот, нивното религиозно и политичко влијание продолжило да расте сè додека не станале најистакнатата и најмоќната група советници во Вавилонската и Медо-персиската империја. Затоа, не е чудно што тие често биле нарекувани „мудреци“. Можеби „законот на Медијците и Персијците“ (Дан. 6,8(9),12(13),15(16); Ест. 1,19) бил заснован на учењата на овие маги. Историчарите кажуваат дека ниту еден Персиец не можел да стане крал без да ги совлада научните и религиозните дисциплини на магите, а потоа да биде одобрен и крунисан од нив, и дека оваа група, исто така, во голема мера ги контролирала судските назначувања (сп. Ест. 1,13). Нергал Шарецер, поглаварот на вавилонските маги (Рабмаг — רַב־מָג), бил со Навуходоносор кога ја нападнал и ја освоил Јуда (Ерм. 39,3). Од книгата Даниел се дознава дека магите биле меѓу највисоките функционери во Вавилон. Бидејќи Господ му го дал на Даниел толкувањето на сонот на Навуходоносор што никој од другите дворски гледачи не можел да го направи Даниел бил назначен „над целата област вавилонска, како главен началник над сите вавилонски советници (חַכִּימֵ֥י што значи „мудреци“).“ — Дан. 2,48. Поради неговата голема мудрост и затоа што успешно се залагал за животите на мудреците кои не успеале да го протолкуваат сонот на царот (Дан. 2,24), Даниел станал многу ценет меѓу магите. Заговорот против Даниел, поради кој бил фрлен во лавовската јама, бил поттикнат од љубоморните сатрапи и другите нарачатели, а не од магите (Дан. 6,49). Поради високата позиција на Даниел и големата почит меѓу нив, се чини дека магите сигурно научиле многу од тој пророк за единствениот вистински Бог, Богот на Израел, и за Неговата волја и планови за Неговиот народ преку претстојниот славен Цар (Исус Христос). Бидејќи многу Евреи останале во Вавилон по егзилот и се венчале со луѓето од истокот, веројатно е дека еврејското месијанско влијание останало силно во тој регион дури и до времето на Новиот завет. За време на македонската (грчката) и римската империја, моќта и влијанието на магите продолжиле во источните провинции, особено во Партија. Токму Партите ги истерал Ирод Велики од Палестина, во име на Рим, помеѓу 39 и 37 год. пр.н.е., кога започнало неговото владеење над Јудеја. Некои маги — многу од нив веројатно отпадници или лажни практичари — живееле во различни делови на Римската Империја, вклучувајќи ја и Палестина. Меѓу нив бил и Симон од Самарија (Дела 8,9), кого традицијата и историјата го нарекуваат Симон Маѓесникот поради неговото „правење магии“ (магеуо — μαγεύω). Еврејскиот лажен пророк Варисус (Дела 13,6) исто така бил волшебник, или „маѓесник“ (магос — μάγος). Овие маѓепсници биле презрени и од Римјаните и од Евреите. Филон Александриски, кој бил еврејски филозоф од првиот век пр.н.е., ги нарекол змии отровници и скорпии. Магите „од исток“ (зборовите „ἀπό ἀνατολῶν“ буквално значат „од изгревањето“ на сонцето, и се однесува на ориентот) кои дошле да го видат Исус биле од сосема поинаков вид. Тие не само што биле вистински маги, туку сигурно биле под силно влијание на јудаизмот, како и веројатно на некои пророчки списи, а особено оние на Даниел. Се чини дека тие се меѓу многуте богобојазливи неевреи кои живееле во времето на Христос, од кои голем број — како што се Корнелиј и Лидија (Дела 10,1,2; 16,14) — се спомнати во Новиот завет.[36]

„Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Младенецот. А кога ја видоа ѕвездата, тие се за­радуваа со многу голема радост. И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отво­рија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.“ — Мат. 2,9–11

Кога пристигнале мудреците, Марија и Јосиф биле сместени во куќа, а не во штала (сп. Лк. 2,7).[37] Даровите на мудреците имаат голема симболика: 1) злато тоа било многу скапоцена работа, и тогаш и сега. Златото се користело само за најдобрите работи, како на пример изградбата на храмот и сите негови објекти (1 Цар. 6 и 7; 2 Лет. 2, 3, 4, 5). Царевите во Библијата имале златни круни (2 Сам. 12,30; 1 Лет. 20,2; Пс. 21,3) и златни жезоли (Ест. 4,11; 5,2; 8,4). Златото претставувло дар за цареви (1 Цар. 15,19; 2 Цар. 16,8). Царицата од Сава му подарила на Соломон злато (1 Цар. 10,2,10). Со ова, Матеј го претставил Исус како Цар; 2) ливан (темјан) е ароматична смола што се добива од дрвото од родот Boswellia.[38] Во Стариот завет се користел при приносите, бидејќи мирисот симболично се кревал до Бог (3 Мој. 2; 6,15(8)). Во 2 Мој. 30,3438 се вели дека кадивото од уникатен микс на еднакви пропорции од стакта, ониха, галбан и чист темјан, било наменето за Бог, а не за луѓе. Правење на кадиво според истите спецификации, за лична употреба, било забрането и казниво, бидејќи го правел светиот статус на кадивото безвреден и неважечки.[39] Во Езекил 16,18 Бог вели: „Мој темјан.“ Со ова, Матеј го претставил Исус како Бог; 3) смирна е гуместа смола која се добива од повеќе мали дрвја од родот Commiphora, но најчесто од видот Commiphora myrrha.[40] Се користела како парфем и се ставала на облека, кревет итн. (Пс. 45,8; Изр. 7,17). Се користела и за свадби како и темјанот (Песна над песните). Измешана со вино, служела како анестетик (Мк. 15,23), а се користела и за подготовка на Исусовото тело за погреб (Јвн. 19,39). Со ова, Матеј го претставил Исус како човек. Мудреците со златото покажале дека Исус е цар, со смирната покажале дека е човек, а со темјанот покажале дека е Бог. Можеби мудреците воопшто не биле ни свесни за тоа, но симболиката на нивните дарови тоа го вели. Исто така, тие паднале и „Му се поклонија“ на Исус. Кога Корнелиј паднал пред нозете Петрови и му се поклонил, Петар му рекол „Стани, и јас сум само човек“ (Дела 10,25,26; сп. Дела 14,818); кога Јован паднал за да се поклони пред нозете на ангелот, тој му рекол: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои — пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бо­га!“ (Отк. 22,8,9). Со тоа што мудреците му се поклониле на Исус, тие го испочитувале како цар и Бог.[41]

Исус своето детство го поминал во Назарет, Галилеја. Тој престојувал и во Египет, по наредбата на царот Ирод за колење на невините деца, плашејќи се и самиот од ѕвездата која ја видел. Според Матеј, тој и неговото семејство во Египет останале сè до смртта на Ирод, по што се вратиле во Назарет.[35]

Дванаесетгодишниот Исус

[уреди | уреди извор]

Лука е единствениот кој пишувал околу посетата на Исус во Храмот во Ерусалим, при што неговите родители сметале дека се изгубил. Тоа е и единствениот настан од евангелието во кој се опишува животот на Исус помеѓу раѓањето и крстењето.[42]

„И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха. А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според оби­чајот за празникот. Но, кога се завршија празничните денови, додека се враќаа дома, детето Исус остана во Ерусалим; а Неговите родители не го забележаа тоа. Мислејќи дека е Тој меѓу сопатни­ците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите. Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.“ — Лк. 2,41–45

Пасхата бил еднодневен празник, по што веднаш следел еднонеделниот празник на Бесквасни лебови. Овој осумдневен период честопати бил нарекуван „Пасха“ или „Бесквасници“ (Лк. 22,1). Во целосна спротивност со лажните приказни на апокрифните евангелија за младешките чуда и натприродните подвизи на Исус, овој единствен Библиски увид во младоста на Исус, го прикажува Христос како типично момче во типично семејство. Тоа што Исус се задржал во Ерусалим не било злонамерно или непослушно од негова страна, туку се должело на погрешната петпоставка на неговите родители (Лк. 2,44). Очигледно, Јосиф и Марија патувале со голем караван на пријатели и роднини од Назарет. Без сомнение, стотици луѓе од нивната заедница отишле заедно на празникот. Во таква група, можеби, мажите и жените биле разделени на одредено растојание, па затоа едниот родител мислел дека Исус е кај другиот, и обратно.[43]

„По три дни Го најдоа во храмот ка­ко седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува; сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од Неговите одговори!“ — Лк. 2,46,47

Ова веројатно не значи дека го барале низ Ерусалим три дена. Очигледно е дека тие, на крајот од целодневното патување, сфатиле дека Исус го нема. Па, потоа било потребно уште едно целодневно патување за да се вратат назад во Ерусалим, а подобриот дел од третиот ден го поминале во потрага по Исус. Во храмот, каде што го нашле, момчето Исус покажувало крајна почит, преземајќи улога на ученик.[44] Старогрчкиот глагол „ехистеми - ἐξίστημι“, што е преведен како „восхитени“, покрај другите работи, означува и „зачуденост, запрепастеност, целосна збунетост, восхитеност“.[45] Дури и на таа млада возраст, неговите прашања демонстрирале огромна мудрост и предизвикале восхитеност кај учителите.

„Кога Го видоа, се зачудија; и Не­го­вата мајка Му рече: ,Синко, зошто ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те.‘ А Тој рече: ,Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?‘ Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Тој.“ — Лк. 2,48–50

Зборовите на Марија пренесуваат тон на огорченост и укор нормално за секоја мајка во такви околности, но во овој случај таквата реакција била погрешна. Исус не се криел од нив и не им пркосел на нивниот авторитет. Всушност, Тој го направил токму она што секое дете би требало да го направи во такви околности (ако е заборавено од неговите родители) — да отиде на безбедно и јавно место, во присуство на возрасни луѓе од доверба, каде што може да се очекува дека неговите родители ќе дојдат да го бараат (Лк. 2,49). Неговиот одговор во никој случај не бил дрзок, туку покажува вистинска зачуденост што тие не знаеле каде да го бараат. Ова, исто така, открива дека Исус, и на толку млада возраст, имал јасна свесност за својот идентитет и мисија.[46]

„И Тој слезе со нив, па дојде во На­зарет и им беше послушен. А мајка Му ги зачува сите тие настани во срцето свое. Исус, пак, напредуваше во мудроста и возраста и во милост кај Бога и кај луѓето.“ — Лк. 2,51,52

Односот на Исус со неговиот Небесен Татко не ја отфрлила или поништила неговата должност кон неговите земни родители. Неговата послушност кон петтата Божја заповед била суштински дел од совршената законска послушност што Тој ја обезбедил за верниците (Евр. 4,4; 5,8,9). Тој морал да исполни сѐ што е праведно (Мат. 3,15). Исус не престанал да биде Бог, ниту пак си одзел дел од своите божествени атрибути за да стане човек. Туку, тој зел човечка природа (дополнување, а не одземање) и ја потчинил употребата на своите божествени атрибути кон волјата на Отецот (Јвн. 5,19,30; 8,28; Флп. 2,58). Затоа, имало и моменти кога неговата сезнајност била изложена (Мат. 9,4; Јвн. 2,24,25; 4,17,18; 11,1114; 16,30), и други моменти кога неговата сезнајност била прекриена од неговата човечка природа, во согласност со волјата на Отецот (Мк. 13,32). Па така, Христос бил подложен на нормалниот процес на човековиот раст: интелектуално, физички, духовно и општествено.[47]

Според Евангелието по Марко, Исус бил нарекуван „дрводелец“. Според ова, се смета дека Исус во своите триесет години работел како дрводелец, занает кој го работел заедно со својот татко Јосиф.[48]

Крштевање и искушение

[уреди | уреди извор]
Крстење во реката Јордан

Според Лука, Исус имал околу триесет години кога бил крстен.[49] Во евангелието е запишано дека Исус бил крстен од страна на Јован Крстител. Крстењето на Исус според Библијата се смета за почеток на Исусовата јавна служба. Според евангелието, Исус дошол кај реката Јордан, каде Јован Крстител проповедал и масовно го крштевал народот. Матеј пишува за Јовановата првобитна неодлучност да го крсти Исус, сметајќи дека Исус треба да го крсти него. Според Евангелието по Марко, по крштевањето на Исус, се видело како небото се отвора и како Духот претставен со гулаб излегол од него. Евангелието по Јован не го вклучува крштевањето, но сведочи дека Исус е оној кој е Синот Божји. По крштевањето, Бог го однесол Исус во пустината, каде тој постел четириесет дена и ноќи, каде бил искушуван од Сатаната трипати и ги победил сите три искушенија.[50]

Евангелијата укажуваат на тоа дека Исус како Месија не дошол да му служат, туку тој да служи на својот народ проповедајќи евангелие за Небесното Царство.[51] Во својата служба, Исус правел чуда, вклучувајќи одење по вода, претворајќи ја водата во вино, подигање на луѓето од својата смртна постела, како што е примерот кај Лазар.[52]

Во Евангелието по Јован се запишани три различни проповедништва на Пасха во Исусовата служба. Од ова се доаѓа до заклучок дека Исус проповедал во период од три години, а некои сметаат дека тој период бил многу пократок, односно само една година.[53] Неговата служба била проследена од страна на неговите ученици односно дванаесетте апостоли. Дванаесетте апостоли и сите кои му биле блиски, биле Евреи според кои Исусовата мисија била наменета само кон еврејскиот народ во Израел (Матеј 15,24)[54] и се смета дека по смртта на Исус, апостолите се расшириле низ светот, заедно со апостол Павле, ширејќи го евангелието меѓу нееврејското население.[55] Исус проповедал и за апокалипсата и им обеќал на сите кои веруваат во него дека ќе им даде вечен живот.[56]

Исус влегува во Ерусалим

За време на својата највисока служба, Исус привлекувал многу внимание и народ, главно во Галилеја.[а] Исус честопати своите тројца апостоли Петар, Јован и Јаков ги водел на врвот на планината Тавор да се молат. Додека биле на планината, Исус според нив се преобразил, при што лицето му сјаело како сонце, облеката му блескала како светлост, а во близина на него се појавиле Свети Илија и Мојсеј. Овде, честопати Исус на своите ученици им ја раскажувал својата иднина, смрт и воскреснување.[57]

Апсење, судење и смрт

[уреди | уреди извор]
Тајната вечера, од Леонардо да Винчи (1498).

Според записите во евангелието, Исус со своите следбеници-апостоли, во Ерусалим дошол на прославата на Пасха. Бил дочекан од голем број луѓе, кои довикувале:

„Нека е благословен оној кој доаѓа во име Господово, Царот на Израел“.[58]

Со влезот во Ерусалим, Јован бил задолжен за подготовка на Храмот при Исусовата богослужба. Исус предизвикал голем бунт, каде што самиот рекол дека Храмот би го срушил за три дена и повторно за три ноќи ќе го изградел.[б]

Подоцна, во истата седмица, Исус ја прославувал Пасха заедно со своите апостоли во Сионската Гора, позната како Тајната вечера. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи:

Ова е мое тело кое се дава на вас.
Оваа чаша вино е мојата крв која се пролева за вас.[59]

По вечерата, Исус заедно со неговите ученици отишле во Гетсиманската Градина за да се молат.

Ecce Homo.
Понтиј Пилат се обраќа пред толпата во Јудеја, повикувајќи да се помилува Христа.
(Антонио Чезери, 1862)

Додека биле таму, Исус бил уапсен по наредба на Синедрион и свештениот поглавар Кајфа.[60] Апсењето се одвивало во тајност во вечерните часови за да се избегнат нереди, бидејќи Исус бил многу популарен меѓу народот.[61] Јуда Искариотски, еден од Исусовите апостоли бил оној којшто го предал Исус. Кога чуварите на Храмот дошле да го уапсат, Јуда се приближил кон „учителот“, бакнувајќи го во левиот образ и покажувајќи кон стражата кој е тој којшто треба да биде уапсен. Петар, еден од најблиските ученици на Исус, го зел ножот и нападнал еден од стражарите, одсекувајќи му го увото. Според Лука, Исус веднаш му рекол на Петар:

Кој со меч удира, тој со меч и ќе погине.[62]

По апсењето на Исус, апостолите се сокриле во Ерусалим.

За време на судењето на Синедрион, свештенските поглавари го запрашале Исус дали е Син Божји, на што им одговорил дека е. По ова, Исус бил обвинет.[63] Свештениците по ова го предале на Понтиј Пилат поради побуна, бидејќи тврдел дека е цар јудејски. Кога Исус отишол пред Пилат, тој го запрашал:

Дали си ти цар Јудејски?

На што Исус му одговорил:

Ти велиш дека сум.[63]

Според евангелието, Понтиј Пилат лично не сметал дека Исус е виновен за каков било бунт против Римјаните. По обичајот на Пасха, гувернерот имал обичај да ослободи еден затвореник (обичај кој е забележан само во евангелието). Така, Пилат понудил народот да избира меѓу Исус од Назарет и бунтовникот по име Варава. Толпата народ одлучил Варава да биде ослободен, а Исус да биде распнат на крст. Пилат по ова ги измил рацете за да нагласи дека тој не е виновен за неправедната одлука.[64]

Според четирите евангелија, Исус умрел на брдото Калварија, познато и како Голгота. Евреинот Јосиф Ариматиски добил дозвола од Пилат да го земе телото на Исус и да го погребе во гробот.[65] Евангелијата укажуваат на тоа дека по ова дошло до помрачување на небото, а Матеј зборува и за земјотрес.[66]

Исус го носи крстот

Воскресение

[уреди | уреди извор]

Според евангелијата, воскресението се случило на првиот ден од седмицата, т.е. ден недела (Мат. 28; Мк. 16; Лк. 24; Јвн. 20). Оттогаш, христијаните ја одвојуваат неделата како ден на кој се сретнуваат и потсетуваат на прекрасното воскресение на Господ (Дела 20,7; 1 Кор 16,2). Неделата станала позната како Господов ден (Отк. 1,10).

Според евангелијата, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по неговото распнување на крстот. Исус, цитирајќи од Јона 1,17 (2,1), рекол за себеси:

„Како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.“ — Мат. 12,40

Овие зборови поттикнале прашања за должината на Исусовиот престој во гробот. „Три дни и три ноќи“ бил нагласен начин да се каже „три дена“. Според еврејското сметање ова бил соодветен начин за изразување на временски период кој вклучувал делови од 3 дена. Така што, ако Христос бил распнат во петок, а Неговото воскресение се случило на првиот ден од седмицата, според еврејско сметање тоа би се квалификувало како 3 дни и 3 ноќи. Со цел приспособување кон екстремното буквално значење на овие зборови, се имаат измислено секакви детални шеми кои сугерираат дека Христос можеби умрел во среда или четврток. Но, првобитното значење не барало таков вид на крута интерпретација.[67] Во Лука 24,21, учениците, кои патувале по патот до Емаус, биле нажалени поради Христовата смрт и рекле:

„Ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел; но и по­крај сето тоа, денес [Недела] е веќе трет ден, от­како се случи ова.“ — Лк. 24,21

Тие знаеле дека Господовото пророштво за своето воскресение нема да се случи по три 24-часовни периоди, туку на третиот ден, кој сметајќи од петок, бил недела.[68] Рабинот Елеазар бен Азарија, кој живеел околу 100 год. н.е., рекол дека еден Онах (дел од 24-часовен ден: дента или ноќта) е и како цел ден (Ерусалимски Талмуд: Шабат IX. 3; сп. Вавилонски Талмуд: Песахим 4а), иако еден 24-часовен ден се состоел од двa Онаха.

Во Евангелието по Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прво била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна.[69] Само Лука спомнал дека биле двајца „мажи во светли облеки“, т.е. ангели (Лк. 24,4), додека Матеј и Марко (Мат. 28,1-3; Мк. 16,5) се занимавале само со оној ангел што зборувал за дуото. Според Евангелието по Марко, на денот на своето воскресение, Исус најпрвин се јавил на Марија Магдалена.[70] Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.[71]

Апостолите тврдат дека Исус во следните четириесет дена се појавувал пред различни луѓе насекаде. Се појавил и пред апостол Павле, кој претходно бил голем противник на Исусовото дело. Пред да биде вознесен, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Вознесение

[уреди | уреди извор]

Само евангелистот Лука го опишува Христовото вознесение.

„⁹. . . додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го под­зе­де од пред очите нивни. ¹⁰И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, ¹¹и рекоа: ,Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го ви­дов­те да оди на небото.‘“ — Дела 1,9-11

Глаголот „се подигна“ е во пасивен глас, така што треба да се преведе „беше подигнат“.[72] Бог Отецот го зел Исус од овој свет, во неговото воскреснато тело. Тој го поставил на неговото законито место, од својата десна страна/рака (Лк. 24,51; сп. Дела 2,33; Јвн. 17,1-6). Облакот бил видлив потсетник дека Божјата слава била присутна додека апостолите го гледале вознесувањето. За некои од нив ова не било првпат да бидат сведоци на божествена слава (Мк. 9,2-10); ниту, пак, ќе биде последен пат кога облаците ќе го придружуваат Исус (Мк. 13,26; 14,62; Отк. 1,7). Двата ангела, во форма на луѓе (сп. 1 Мој. 18,2; Ис.Н. 5,13-15; Мк. 16,5), им рекле на апостолите дека еден ден Христос ќе се врати на земјата (на Маслиновата гора), на истиот начин како и неговото вознесување (со облаци), за да го воспостави своето царство (сп. Дан. 7,13; Зах. 14,4; Мат. 24,30; 26,64; Отк. 1,7; 14,14). Тие им се обратиле со „Галилејци“, бидејќи сите апостоли биле од Галилеја, освен Јуда Искариотски, кој веќе бил мртов. Во евангелието, Лука, додава дека Исус ги благословувал, а тие му се поклонувале (Лк. 24,50-53). Тоа поклонување било формален акт на обожавање. Откако Тој им го отворил умот за да разберат (Лк. 24,45), тие ја согледале целосната вистина за неговата божествена природа, незаматено од темнината на збунетоста или сомнежот (сп. Мат. 28,9; Јвн. 20,28; со Мат. 28,17).

Погледи за животот на Исус

[уреди | уреди извор]
Распнување, Франсиско Сурбаран (1627).

Историчарите го опишуваат Исус како проповедник и водач на религиозните дела во внатрешноста на јудаизмот.[73] Според нив, Исус Христос бил крстен од страна на Јован Крстител, го учел својот народ за религијата и небесното царство, а бил распнат од страна на Римјаните. Сепак, историчарите се сомневаат во исцелителските чуда на Исус и неговата егзорција, како и неговото предвидување на својата иднина. Историчарите се согласуваат и дека Евангелието по Марко било пишувано за време на разрушување на Храмот на Ирод од страна на Римјаните под раководство на Тит, во 70 година, а дека останатите евангелија биле пишувани во периодот од 70 до 100 година.[74]

Српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Исус најмалку изгледал како расен Евреин, па дури и дека тој никогаш не верувал дека Исус бил од еврејската семитска раса. Исто така, тој смета дека, според својата љубов за Бога наместо стравот од Бога, т.е. како прв носител на општочовечката љубов, Исус потсетува на Старите Грци, додека според мистицизмот, тој наликува на еврејските пророци.[75]

Во своето дело „Дијалог за чудата“, Цезариј од Хајстербах наведува некои примери на агресивно однесување на Христос: на пример, некој коцкар ги навредувале Исус и Богородица, а за казна, Христос веднаш му нанел рани од кои коцкарот умрел; во нарбонската црква се наоѓала икона со распетието на Христос кој трипати му се јавил на свештеникот Василиј со барање да му ја покрие голотијата, а потоа сурово го истепал; некој калуѓер постојнао спиел за време на црковната служба, а една ноќ, Христос слегол од олтарот и толку силно го удрил во вилицата, што по три дена калуѓерот умрел.[76]

Поврзаност со верските групи

[уреди | уреди извор]

Во евангелијата се наведува дека Исус бил од Назарет, израз што обично се однесува на местото на неговото раѓање, но понекогаш и како религиозно определување. Некои историчари сметаат дека Исус бил фарисеј.[77] Други пак сметаат дека Исус бил Есенец, припадник на еврејска верска група што не се споменува во Новиот завет.[в] Некои научници сметаат и дека Исус бил предводник на новата апокалипсна верска секта, поврзана со Јован Крстител.[г]

Имиња и титули

[уреди | уреди извор]

Според многу историчари, Исус живеел во Галилеја поголем дел од својот живот и зборувал арамејски и хебрејски.[78] Името Исус потекнува од латинскиот збор Iēsus, кој пак потекнува од грчкиот збор Ιησους (Iesous). Многу научници веруваат дека Исус бил Евреин што го зборувал арамејскиот јазик и живеел во Галилеја околу 30 година. На хебрејски и арамејски, Ιησους (Iesous) се транскрибира како Јешуа (ישוע), како кратенка од Јехошуа. Поради ова, научниците сметаат дека Исус за време на неговиот живот и на неговите следбеници бил познат како Јошуа.[79]

Титулата „Христос“ потекнува од старогрчкиот збор „Χριστός“ (еквивалентен израз за хебрејскиот збор „машиах — מָשִׁיחַ“, т.е. Месија), што значи „Помазаник; оној кој е миропомазен“. Во Древниот Израел, кога на некому ќе му била дадена положба на авторитет, му се истурало масло врз главата, со цел да се означи дека таа личност е одвоена за Божјата служба (пр. 1 Сам. 10,1). Царевите, свештениците и пророците биле помазувани на таков начин (2 Мој. 40,1215; 1 Цар. 19,16). Помазанието бил симболичен чин што укажувал на Божјиот избор (пр: 1 Сам. 24,6). Иако буквалното значење на помазанието се однесува на примена на масло, сепак може да се однесува и на издвојување од страна на Бога, дури и ако буквално масло не било искористено (Пс. 45,7; Евр. 1,9). Употребата на оваа титула во врска со идниот Спасител, се јавува уште во книгата на пророкот Даниел (Дан. 9,2526). Секогаш кога терминов се користел во библиско време, означувал личност која е помазана и поставена на многу висока позиција од страна на врховен авторитет. Во случајот со Исус, врховниот авторитет што го помазал бил неговиот Татко. Исус бил помазан со масло во два наврати, од две различни жени (Мат. 26,6–7; Лк. 7,37–38), но најзначајното помазание се случило од страна на Отецот, кога го помазал со Светиот Дух (Дела 10,38; Лк. 3,21–22; 4,14–19). Како помазаник, Исус е врховниот Пророк (5 Мој. 18,15; Дела. 3,17–23; 7,37–38; Јвн. 6,14), врховниот Првосвештеник (Евр. 4,14–16; 5,110) и Царот над царевите (Отк. 17,14; Лк. 1,32–33; Јвн. 18,37).[80][81][82]

Титулата „Синот Божји“, во Библијата, е повеќепати искористена за Исус Христос (Мат. 16,16; Јвн. 1,49). Исус велел за себеси дека е Синот Божји (Мк. 14,6162), па „...Бога Го нарекуваше Свој Отец, правејќи се еднаков со Бога.“ (Јвн. 5,18). Иако, во ограничена смисла, ангелите и верниците биле нарекувани „синови Божји“ (на пр. 1 Мој. 6,2,4; Јов 1,6; 2,1; 38,7; Мат. 5,9; Рим. 8,14), сепак постои само еден „единороден“ Божји Син (Јвн. 3,16). Зборчето „единороден“ не значи дека Исус бил создаден, бидејќи тој постои отсекогаш (Јвн. 1,1), туку зборува за Неговото отелотворување (Јвн. 1,14; Флп. 2,6–8) преку девственото раѓање (Мат. 1,18–25; Лк. 1,26–56; 2,1–21). Всушност тоа е старогрчкиот збор „моногенес — μονογενής“ што значи и „единствен; уникатен“.[83] Иако ангелите и верниците можат да се наречат синови Божји, сепак постои само еден Син Божји кој е уникатен т.е. кој е отсекогаш постоечки, дел од Тројството и е целосно Бог. Ангелите и луѓето се Божји синови по креација, но само Исус е Божји Син по природа.

Титулата „Синот Човечки“ е најчестата титула што Исус ја користел за Себеси. Оваа месијанска титула очигледно ја истакнува Исусовата понизност и човечност (сп. Флп. 2,6–8), но тоа не е нејзиното главно значење. Во книгата на пророкот Даниел, пророкот напишал: „Гледав во ноќните виденија; и ете, на небесните облаци идеше Еден како Син Човечки...“ (Дан. 7,13). Интересно е што во Библијата, само Бог ги користи облаците како возило (Пс. 104,3; Иса. 19,1). Потоа, во следниот стих Даниел вели дека Синот Човечки ќе добие апсолутна власт, слава (почит; чест) и царство, и дека неговото царство, владеење и слава ќе траат вечно. Но интересно е што за него се вели дека ќе „Му служат сите народи, племиња и јазици.“. Зборот „служат“ е арамејскиот глагол „пелах — פְלַח“[84] што значи „длабоко почитување; поклонување; обожавање; служење“. Искористен е уште девет пати во Стариот завет и секогаш се однесува на духовно служење и обожавање — или кон вистинскиот Бог, или кон лажен бог. Во Септуагинтата (старогрчкиот превод на Стариот завет), глаголот „пелах“ е преведен со старогрчкиот глагол „латреуо — λατρεύω“[85], што го пренесува истото значење. Во Новиот завет овој збор е секогаш искористен за духовно служење и обожавање — или кон вистинскиот Бог, или кон лажен бог. Според ова, пророштвото вели дека сите ќе го обожаваат и ќе му служат на Синот Човечки, на начин што е резервиран само за Бог. Кога Исус се нарекувал себеси „Синот Човечки“, тој го нагласувал своето небесно потекло, како Бог и суверен владетел над сѐ и засекогаш.

Титулата „првороден“ над созданието (Кол. 1,15), е старогрчката придавка „прототокос — πρωτότοκος“, што може да се однесува на некој што е роден прв, хронолошки, но најчесто се однесува на прееминентност во позиција или ранг (Евр. 1,6; сп. Рим. 8,29).[86] Првородството носело прееминентност во сила и достоинство (1 Мој. 49,3; 5 Мој. 21,17; Пс. 78,51; 105,36), а исто така првородениот син добивал двојно наследство (5 Мој. 21,17). И во грчката и во еврејската култура, првородениот син бил прееминентниот син, кој го добивал правото на наследство од својот татко, без разлика дали се родил прв или не.[86] Првороденото машко дете можело да го продаде своето право на првородство, онака како што Исав направил со Јаков (1 Мој. 25,29-34; сп. Евр. 12,16,17), или пак да му биде одземено, како што бил случајот со Рувим, првородениот син на Јаков (1 Мој. 49,3,4; сп. 1 Лет. 5,1-3). Во 1 Лет. 26,10, е запишано како еден татко го поставува за старешина или поглавар синот што не е првороден. Христос е првороден во смисла дека е од највисок ранг, т.е. тој е вечниот Бог (Јвн. 1,1,14; 5,18; 10,30-33; 20,28,29; Рим. 9,5; Флп. 2,5-11; Кол. 2,9; Евр. 1,8; 2 Пет. 1,1; Тит 2,13), а со тоа и најсилен (2 Лет. 20,6; Мат. 28,18; Јвн. 10,17,18, 28), заслужен за најголемото достоинство (Јвн. 5,23) и наследник на целото создание (Евр. 1,2; сп. Пс. 2,8), чиј создател и одржувач е тој самиот (Јвн. 1,3; Кол. 1,16,17). Употребата на зборот „првороден“ не значи дека Исус бил првото создадено суштество. Истиот збор се користи за: 1) Израел, која иако не била првата нација во светот, сепак била прееминентна (2 Мој. 4,22; Ерм. 31,9), и 2) Давид (Пс. 89,27), кој не бил првиот создаден човек, ниту пак бил прв во своето семејство, туку бил последното дете (1 Сам. 16). Ако Апостол Павле сакал да пренесе дека Христос е првосоздаденото суштество, тогаш ќе го употребел старогрчкиот збор „протоктистос — πρωτόκτιστος“, што значи „првосоздаден“.

Името „Јас Сум“ (старогрчки: „ἐγὼ εἰμί“; хебрејски: „אֶֽהְיֶ֖ה“). Во Јвн. 8,58[87], Исус за Себе го искористил името „Јас Сум — ἐγὼ εἰμί[88]“, прогласувајќи се Себеси за Јахве т.е. Господ од Стариот завет, бидејќи тоа е името со кое Бог му се објавил на Мојсеј (2 Мој. 3,13–14[89]). Поради оваа изјава, евреите пробале да го убијат Исус (Јвн. 8,59[90]). Изразот „Јас Сум — אֶֽהְיֶ֖ה (1л.едн.)“ е хебрејскиот глагол „хајах — הָיָה[91]“ од којшто се добива името „ЈХВХ — יְהוָֹה[92] (се изговара: Јахве)“. Тоа е најчестото име со кое Бог се претставува во Стариот завет (повеќе од 6000 пати) — име кое значи „отсекогаш постоечки; вечен“. По Вавилонското ропство (VI век п.н.е.), а особено од III век п.н.е., Евреите престанале да го користат името Јахве, бидејќи тоа име почнало се повеќе и повеќе да се смета како пресвето за изговарање, па затоа во синагогите почнало вокално да се заменува со хебрејскиот збор „Адонаи — אֲדֹנָי[93]“, што се преведува како „Господ“. Сколарите кои ја превеле Хебрејската библија на старогрчки јазик (Септуагинтата) во III век пр.н.е. ја усвоиле оваа конвенција на синагогата и го превеле „Јахве“ како „Господ“.[94] Таквата традиција продолжила и до ден денес во поголемиот број на преводи. Исус предупредил: „Навистина, ако не поверувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во гревовите свои.“ (Јвн. 8,24). Зборот „Тој“ не е дел од оргиналната изјава, туку пишува „Јас Сум — ἐγὼ εἰμί“[95]. Зборовите на Исус не биле конструирани нормално, туку биле под влијание на хебрејската старозаветна употреба. Она што Исус го вели е дека, ако не поверуваме дека тој е старозаветниот Јахве, единствениот и отсекогаш постоечкиот Бог, ќе умреме со непростени гревови и ќе завршиме во вечниот пекол.

Бог и Исус ги имаат истите титули во Библијата:

  • Пастир (Псалм 23,1 — Јован 10,14);
  • Судија (1 Мојсеева 18,25 — Дела 10,42; 2 Тимотеј 4,1,8);
  • Светецот (Исаија 10,20 — Псалм 16,10; Дела 2,27; 3,14);
  • Прв и последен (Исаија 44,6; 48,12 — Откровение 1,17; 22,13);
  • Светлина (Псалм 27,1 — Јован 8,12);
  • Господар на саботата (2 Мојсеева 16,23,29; 3 Мојсеева 19,3 — Матеј 12,8);
  • Спасител (Исаија 43,11 — Јован 4,42; Дела 4,12; Тит 2,13);
  • Прободен (Захарија 12,10 — Јован 19,37); Во Зах. 12,10 правилен превод би бил: „...кога ќе погледнат на Мене (אֵלַ֖י - предлошка во прво лице еднина[96]), Кого тие го прободоа...
  • Силниот Бог (Исаија 10,21 — Исаија 9,[5]6);
  • Господар над господарите (5 Мојсеева 10,17 — Откровение 17,14);
  • Искупител/Откупител (Исаија 41,14; 48,17; 63,16 — Ефесјаните 1,7; Евреите 9,12; 1 Пет. 1,18,19).

Титулите „Божествен“, „Син Божји“, „Бог“, „Господ“, „Спасител“ се титули кои се однесувале и на Октавијан Август, кој станал цар по неговата победа над Марко Антониј во Акциум во 31 г. пр. .н.е.. Според Џон Доминик Кросан, овие титули на Исус му биле додадени од страна на првите христијани.[97]

Извори од животот на Исус

[уреди | уреди извор]

Голем број библиски научници сметаат дека Исусовиот живот се заснова на усно предавање од поколение на поколение и дека самите предавања биле запишани по Исусовото распнување. Најраните текстови зачувани до ден-денес се оние на апостол Павле, кои потекнуваат од средината на I век. Исто така, тука спаѓаат и четирите евангелија на апостолите на Исус. Овие текстови се дел од Светото писмо, поточно од Новиот завет.

Но имало и многу книги и текстови што не биле вклучени при Канонизацијата на Светото писмо. Овие книги се наречени апокрифи.

Можни рани текстови

[уреди | уреди извор]

Постојат теории дека некои текстови поврзани со животот на Исус биле напишани пред Евангелието[98] и покрај тоа што до денес не е пронајден ниту еден освен Писмата на Павле. Многу библиски историчари претпоставуваат дека евангелијата на Матеј, Марко и Лука се усно предание, познато како Документот Q.[99]

Постојат и други евангелија, како што се Непознато берлинско Евангелие, евангелието Егертон, фрагментот Фајум, Дијалогот спасител Евангелието по Ебонитим, еврејското евангелие и евангелието од Назарет.[100]

Спротивставувања

[уреди | уреди извор]

Некои научници сметаат дека евангелито за животот на Исус имаат своја слаба, или пак немаат никаква историјска основа. Истите укажуваат на сличноста помеѓу проповедањето на Исус и паганските митови, како што се Митра, Атис и Озирис. Истите сметаат дека евангелијата се засноваат на неаврамската религија.[101]

Исус во религиите

[уреди | уреди извор]

Христијанство

[уреди | уреди извор]

Иако христијанското гледиште за Исус се менува, може да се создаде едно општо гледиште на христијаните, кое произлегува од сличностите меѓу католичката, православната, англиканската и специфичните протестантски доктрини, кои се наоѓаат во катихистичките или конфесионалистичките текстови.

Христијаните, главно веруваат дека Исус бил Месија, чијашто појава е најавена уште во Стариот завет,[102] кој за време на својот живот, смрт и воскресение го обновил сојузот меѓу човештвото и Бог во крвта на Новиот сојуз. Неговата смрт со распнување на крст се сфаќа како жртва на избавувањето, извор на спас за човештвото и покајување за грев[103] коишто ја запоседнале историјата на човештвото по Адамовиот грев.[104]

Тие проповедаат дека Исус е единствен Син Божји (Господ)[105] и вечен збор (превод од грчкиот збор Logos),[106] кој станал инкарнација на човекот,[107] со што тие кои веруваат во него би можеле да имаат вечен живот.[108]

Христијаните сметаат дека Исус го родила Дева Марија, која ја оплодил Светиот Дух. Овој настан се опишува како чудесно оплодување и е познат како олицетворение.[109] За време на својот живот, Исус проповедал добра вест според која доаѓањето на Небесното Царство е блиску[110] и ја основал христијанската црква, која е семе на кралството, во кое Исус тивко го повикува духот.[111] Исусовите постапки на Тајната вечера, на која ги изнесол евхаристиите се сметаат како важни за одржување на сојузот со Бог и потсетувањето за Исусовата жртва.[112]

Христијаните претежно проповедаат дека Исус умрел во маки, распнат на крст,[113], отишол во пеколот (различно толкувано како место на вечните маки или место за мртвите)[114] и телесно станал од мртвите, што претставува чудо кое го претставува воскресението на човештвото на крајот на времето,[115] кога Христос повторно ќе се појави за да им суди на живите и на мртвите, кои по тоа ќе отидат во рајот или во пеколот.[116]

Јудаизам

[уреди | уреди извор]

Во современиот јудаизам, личноста на Исус Христос нема никакво религиозно значење, а улогата на месија (според тоа и употребата на титулата „Христос“ во односите со него) е апсолутно неприфатлива.[117]

Во јудејските текстови од тоа време не се споменува неговата личност, што можеби би било подоверливо доколку се поима како Исус од Назарет.

Во транспарентната верзија на Вавилонскиот Талмуд се споменува проповедникот Иешу (хебрејски: ‎יש"ו), кого некои еврејски истражувачи го идентификувале како Исус од Назарет,[118] без оглед на незначителните фактографски податоци и временската разлика меѓу податоците за него и содржината на евангелијата.

А потоа произлезе другата (сорта на гонителите), нова секта, која со особена страст ги труе нашите животи по двата правци истовремено: на насилство и нож, и клевета, лажни аргументи и толкувања, тврдењата на присуството (постоењео) на противречности во нашата Тора.

Ова секта настојуваше да го изнесе нашиот народ на нов пат. Нејзината злобна глава замисли да се прогласи себеси за пророк и нова вера — и покрај божествените учења на Тората — и јавно соопшти дека и двете учења се од Бога. Целта беше да се влее сомнеж во нашите срца и во нив да се влее конфузија.

Тората е една, и нејзините учења се и нејзини спротивности. Тврдењето дека двете учења со од еден Бог, се обидува да ја поткопа Тората. Софистицираната замисла на овој многу лош човек се одликува со необично предавство: прво, да се обиде да го изнесе својот непријател, така што повеќето да останат живи; но ако сите напори останат залудни, да се обиде да го убие својот непријател за сметка на нивното уништување. Зломисленикот на тоа бил Исус од Назарет[119] — Евреин. Иако татко му не бил Евреин и само мајка му била Еврејка, законот гласи дека роденчето на лице кое не е Евреин (дури и да е роб) и ќерка на Израел е Евреин.[120]. Името кое му го дале[д] ја задоволувало неговата немерлива дрскост. Тој се преправал како пратеник Божји, кој се појавил за да ги разјасни нејаснотиите во Тората, укажувајќи дека тој е Машиах,[121] кој ни вети дека сите го знаеле. Неговото толкување на Тората, во целосна согласност со неговите замисли, довело до нивно укинување и укинување на сите негови заповеди и предизвикало нарушување на сите негови предупредувања.. Нашите мудреци, нека е вблагословено нивното знаење, ги откриле неговите замисли пред тој да стане популарен меѓу народот и со него постапиле така како што заслужил.

Кратко по неговата смрт се појавила религија, за чиј основоположник се смета тој. Таа се распространила меѓу децата на Еисав[ѓ], нешто за што тој немал намера да се оствари.[122]

Понекогаш Исус е поистоветен Јешу бен Пантира, син на римскиот војник Пантира или Пандира и една фризерка ( се мислио на жена со виткана коса (מגדלא נשיא, од еврејски се транскрибира мегадела и се смета дека е алузија на евангелската Марија Магдалена.[123]

Од јудаистичка гледна точка, во Стариот завет (Танах), главните причини за пристигнувањето на Месијата се изнесени во пророштвото на Исаија:

Тие (сите народи) ќе ги предадат своите мечеви за орање и своите копја како српови; нема народ што ќе крене меч на друг народ, ниту пак повеќе ќе се уче да се војува.[124]
Насилството ќе дојде до крајот, уништувањето ќе престане, агресијата ќе исчезне од земјата.[125]

Откако по проповедништвото на Исус, следувало уништувањето на Храмот и расселувањето на Евреите, Евреите не можеле да го прифатат Исус како Месија според традиционалното еврејско сфаќање.

Од гледна точка на христијанското богословие, завршувањето на војната ќе биде последица на Второто пришествие на месијата (односно, при своето второ пришествие, Исус ќе ги исполни еверејските пророштва за Месија) и во тоа време како и после првото доаѓање треба да има војни, разрушување на Ерусалим и Храмот и утврдување на Новиот завет.[126]

Разрушувањето на Ерусалим и на Храмот од страна на Римјаните во 70 година, кратко по распнувањето на Исус од страна на Римјаните, развојот на христијанството како религија од Новиот завет се смета како остварување на пророштвото на Даниел за Месијата:

Знај го и разбирај го ова: од времето на обновување на Ерусалим, пред Христос господарот ќе има седум „седмини“ и шеесет и две „седмини“; да се врати народот и да се обноват улиците и ѕидовите, но во тешки времиња. И по поминувањето на шеесетидветте „седмини“ Христос ќе ѝ биде предаден на смртта без ништо; а градот и светилиштето ќе бидат разрушени од страна на народот и до крајот на војната опустошени. Тој го утврди Заветот за повеќе од една „седмина“, а во половина од една „седмина“ се запира жртвата и принесувањето, а во светилиштата тој ќе создаде одвратност, која предизвикува пустош и уништувачот ќе ја одреди загубата.[127]

Во јудаизмот се смета дека сфаќањето на Даниел (записот „Христос“ во текстот на книгата на Даниел, кој живеел 5 века пред новата ера) е лажно.

„Христос“ се преведува како „машијах“, односно „месија“, па поради тоа не е лично име на Исус и може да се употребува за сите еврејски цареви, вклучувајќи го и очекуваниот еврејски месија.

Исламско гледиште за Проповедта во гората.

Во исламот (арапски: عيسى‎ Иса) се смета за божји пратеник односно пророк, кој како и останатите пророци пред и по него зборувале за едниствениот Бог, Алах. И муслиманите веруваат дека Исус бил месија односно „маших“, кој Бог им го испратил на израелснките деца со ново свето писмо.[128] Во Куранот се вели дека Исус чудотворно е роден од девица Марија (арапски: مريم Мирјам) и дека вршел разни чуда.

Меѓутоа, како што христијаните веруваат во Исусовата божественост, така во исламот негира дека Исус е Син Божји и се тврди дека тој бил обичен човек, кој бил избран да ја шири пораката Божја. Како и сите пророци, според исламот и Исус бил муслиман, кој народот го учел да го прифати вистинскиот пат кон Бога. Исламските свети записи, строго го одбиваат препишувањето на „божество“ на некој друг, нагласувајќи го единството на Бога (арапски: توحيد‎, транскрибирано како тевхид).

Безбожни се оние кои велат: „Бог и Христос, син на Марија. Кој може да го спречи Бог, ако би сакал да го уништи Христа, синот на Марија, како и неговата мајка и сите оние кои се на земјата?“.[129]

Иса во исламот се смета за претходник на Мухамед и се смета дека го предвидел неговото доаѓање[130]. Исус не бил ниту убиен ниту распнат на крст, туку жив вознесен кон небото. Многу муслимани веруваат дека Исус ќе се врати на земјата за да го победи исламскиот антихрист, Даџала (арапски: الدّجّال).[131]

Исус Христос како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
Приказ на Христос Седржител во црквата Св. Павле во Парк Гиновци

Книжевност

[уреди | уреди извор]

Првите дела за Исус биле трите синоптички евангелија на Марко, Матеј и Лука, кои биле напишани околу 50 — 60 година. Приближно во тоа време, биле напишани и посланијата на апостолите Јаков, Петар и Павле. На крајот од првиот век биле напишани и посланијата на апостол Јован, како и Евангелието по Јован.

На преминот од првиот во вториот век се појавиле многу апокрифи, во кои ликот на Исус и неговото учење се разликувале од канонските книги во Новиот завет. Црквата ја признала лагата во овие дела, но не биле сите од нив отфрлени. Некои имале големо влијание, што придонеле до создавањето на „Светото Предание“. Најпознат апокриф за Исус Христос е т.н. „Евангелие на детството“ или во целиот наслов познат како „Приказната на израелскиот филозоф Тома за детството на Исус“.

Исус Христос се јавува како тема во бројни книжевни дела:

Класична музика

[уреди | уреди извор]

Популарна музика

[уреди | уреди извор]
  • „Исус“ — песна на македонската рок-група Архангел од 1991 година.[140]
  • „Исус Христос“ (англиски: Jesus Christ) — песна на американската поп-рок група Биг стар од 1978 година.[141]
  • „Исус оди по водата“ (англиски: Jesus Walking On The Water) — песна на американската рок-група Вајлент фемс (Violent Femmes) од 1984 година.[142]
  • „Исусовите деца на Америка“ (англиски: Jesus Children Of America) — песна на американскиот музичар Стиви Вондер (Stevie Wonder) од 1973 година.[143]
  • „Исус“ (англиски: Jesus) — песна на американската рок-група Велвет андерграунд (Velvet Underground) од 1969 година.[144]
  • „Исус чека“ (англиски: Jesus Is Waiting) — песна на американскиот соул-пејач Ал грин (Al Green) од 1973 година.[145]
  • „Исус Христос“ (англиски: Jesus Christ) — песна на американската поп-рок група Биг стар (Big Star) од 1978 година.[146]
  • „Исусово јајце што плачело“ (англиски: Jesus Egg That Wept) — албум на британската поп-рок пејачка Дениел Дакс (Danielle Dax) од 1984 година.[147]
  • „Исус и текила“ (англиски: Jesus And Tequila) — песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[148]
  • „Исус“ — песна на Гаро и „Парамециум“.[149]
  • „Војската на Исус“ (англиски: Army Of Jesus) — песна на британската панк-рок група Рудиментари пени (Rudimentary Peni) од 1983 година.[150]
  • „Марија–Христос“ (англиски: Mary-Christ) — песна на американската рок-група Соник јут (Sonic Youth) од 1990 година.[151]
  • „Прошетка со Исус“ (англиски: Walkin' with Jesus) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[152]
  • „Исус беше комунист“ (англиски: Jesus was a Communist) — песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[153]
  • „Исус кон детето“ (англиски: Jesus to a Child) — песна на англискиот поп-музичар Џорџ Мајкл (George Michael) од 1996 година.[154]
  • „Имитација на Христос“ (англиски: Imitation of Christ) — песна на британската рок-група Сајкоделик фурс (The Psychedelic Furs) од 1979 година.[155]
  • „Исус спасува“ (англиски: Jesus Saves) — песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[156]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  • а Во евангелието на Јован, Исусовата служба се одвивала и околу Ерусалим.
  • б Јован бил задолжен за подготовка на храмот при Исусовата богослужба.
  • в Групата се заснова на Записите од Мртвото Море.[157][158][159]
  • г Евангелијата укажуваат дека Исус Христос и Јован Крстител проповедале за пришествието на Небесното Кралство на земјата.
  • д Јешуа значи спасител.
  • ѓ Исав (Еисав) или Едом — близнак, непријател и антипод на Јаков. Во Рим, еврејските мудреци започнале да го именуваат Едом по прифаќањето на христијанството во времето на Константин Велики. По жалбата на Рим, значителна улога имале идумеите (едомити, синови на Едом), кои порано го прифатиле јудаизмот по волјата на Хиркан.
  1. Историчари кои ги сметаат овие години за години на раѓањето и смртта на Исус се: D. A. Carson, Douglas J. Moo и Leon Morris. An Introduction to the New Testament. Grand Rapids, MI: Zondervan Publishing House, 1992, 54, 56; Michael Grant, Jesus: An Historian's Review of the Gospels, Scribner's, 1977, стр. 71; John P. Meier, A Marginal Jew, Doubleday, 1991, изд. 1,214; E. P. Sanders, The Historical Figure of Jesus, Penguin Books, 1993, стр. 10–11, and Ben Witherington III, "Primary Sources," Christian History 17 (1998) No. 3,12–20.
  2. Isus, Enciklopedija živih religija, Nolit, Beograd, 2004.
  3. "Enciklopedija živih religija"
  4. Strobel, Lee. The Case for Christ: A Journalist's Personal Investigation of the Evidence for Jesus. Zondervan, 1998. ISBN 0-310-20930-7; Wright, N.T. The Challenge of Jesus: Rediscovering Who Jesus Was and Is. InterVarsity Press, 1999. ISBN 0-8308-2200-3; Dunn, James D.G. The Evidence for Jesus." Westminster John Knox Press, 1985. ISBN 0-664-24698-2
  5. 5,0 5,1 „When were the Bible books written?“.
  6. Erwin Fahlbusch and Geoffrey William Bromiley, The Encyclopedia of Christianity. Grand Rapids, Mich.; Leiden, Netherlands: Wm. B. Eerdmans; Brill, 1999–2003, 1,454–55
  7. Porterm J. R. Jesus Christ: The Jesus of History, the Christ of Faith. Oxford University Press, 1999. Pg. 70 ISBN 0-19-521429-3
  8. Meier, стр. 1,402
  9. Лука 1,26–38
  10. „Strong's Greek: 5487. χαριτόω (charitoó) -- to make graceful, endow with grace“. biblehub.com.
  11. „greek - Translation of Luke 1,28 "Greetings, favored one!". Biblical Hermeneutics Stack Exchange.
  12. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лука 1,28
  13. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лк. 1,12
  14. „Bereishit (Genesis) 14 :: Septuagint (LXX)“. Blue Letter Bible (англиски).
  15. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Лука 1,32-33
  16. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лука 1,34-35
  17. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лука 1,38
  18. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Мат. 1,18,19
  19. „The Virgin Birth“. Grace to You (англиски).
  20. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Мат. 1,19
  21. „Strong's Greek: 1760. ἐνθυμέομαι (enthumeomai) -- to reflect on, to ponder“. biblehub.com.
  22. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Мат. 1,20
  23. „Yeshaiya (Isaiah) 7 :: Septuagint (LXX)“. Blue Letter Bible (англиски).
  24. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Мат. 1,22,23
  25. „Fragment of the sepulchral inscription of Quirinius“.
  26. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Лука 2,1,2
  27. Матеј 1,1-17 | MK2006 Библија | YouVersion.
  28. Лука 3,23-38 | MK2006 Библија | YouVersion. Занемарен непознатиот параметар |Коментар= (help)Тука е запишано родословието на Исус од страната на Марија. Таа е од Давидовата лоза, но преку неговиот син Натан, а не Соломон. Лука не го запишал нејзиното име, бидејќи користел класична форма на родословие, каде се запишувале само мажите. Исто така, родословијата не ги запишувале сите имиња.
  29. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лука 2,4
  30. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лука 2,7
  31. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешки за Лк. 2,8,11
  32. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешки за Лк. 2,13,14
  33. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешки за Лк. 2,18,20
  34. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешка за Лк. 1,59
  35. 35,0 35,1 Матеј 2,1–12
  36. „Who Were the Magi? - Grace to You“.
  37. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешка за Мат. 2,11
  38. „Темјан - Википедија“.
  39. „Излез 30“.
  40. „Myrrh - Wikipedia“.
  41. „Fools and Wise Men, Part 2 - Grace to You“.
  42. Лука 2,41–52
  43. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Лк. 2,41,43,44 и Мат. 26,17
  44. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешка за Лк. 2,46
  45. „Strong's Greek: 1839. ἐξίστημι (existémi) -- to displace, to stand aside from“. biblehub.com. Посетено на 2022-01-01.
  46. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Лк. 2,48,49
  47. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Белешки за Лк. 2,51,52
  48. Марко 6,3 и Матеј 13,55
  49. Лука 3,23
  50. Матеј 4,1–2
  51. Марко 10,45, Лука 4,43[мртва врска], Јован 20,31.
  52. Јован 11,1–44, Матеј 9,25 и Лука 7,15
  53. "The Thompson Chain-Reference Study Bible NIV," published December 1999, B.B. Kirkbride Bible Co., Inc.; William Adler & Paul Tuffin, "The Chronography of George Synkellos: A Byzantine Chronicle of Universal History from the Creation," Oxford University Press (2002), стр. 466.
  54. 15,24
  55. Дела апостолски 15,1–31 и Галати 2,7-9
  56. Јован 3,16–18.
  57. Матеј 16,21–28
  58. Цитат од Псалама 118,26 Архивирано на 5 јануари 2009 г., кое се наоѓа во Јован 12,13–16.
  59. Цитати од Лука 22,7–20
  60. Лука 22,47–52 и Матеј 26,47–56
  61. Марко 14,2
  62. Матеј 26,52
  63. 63,0 63,1 Лука 22,70–71
  64. Матеј 27,11–26
  65. Марко 15,42–46 и Лука 23,50–56
  66. Матеј 27,51
  67. MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешка за Матеј 12,40
  68. „The Resurrection of Jesus Christ - Grace to You“.
  69. Матеј 28,1–10
  70. Марко 16,5
  71. Јован 20,11–18.
  72. „Acts 1,9 Interlinear: And these things having said -- they beholding -- he was taken up, and a cloud did receive him up from their sight;“. biblehub.com.
  73. Harrison, John B. and Richard E. Sullivan, A short history of Western civilization. New York: Knopf. 1975.
  74. Meier (1991), стр. 43–44.
  75. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 383-384.
  76. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 313-314.
  77. Maccoby, Hyam: Jesus the Pharisee, Scm Press, 2003. ISBN 0-334-02914-7; Falk, Harvey: Jesus the Pharisee: A New Look at the Jewishness of Jesus, Wipf & Stock Publishers (2003). ISBN 1-59244-313-3.
  78. Brian Knowles: Which Language Did Jesus Speak – Aramaic or Hebrew?
  79. Durant, Will. Caesar and Christ. New York: Simon and Schuster, 1944. стр. 558; John P. Meier, A Marginal Jew. New York: Doubleday, 1991 изд. 1,205–7;
  80. „What does Christ mean?“.
  81. „What does it mean that Jesus is prophet, priest, and king?“.
  82. „And His Name Shall Be Called - Grace to You“.
  83. „What does it mean that Jesus is God's only begotten Son?“.
  84. „6399. pelach“.
  85. „3000. latreuó“.
  86. 86,0 86,1 MacArthur, John Fullerton Jr. NASB, MacArthur Study Bible, 2nd Edition. Thomas Nelson, Inc. Белешка за Колосјаните 1,15
  87. „Исус им рече: ,Вистина, вистина ви велам: Јас Сум, пред да се родил Авраам.‘“ (Јвн. 8,58)
  88. „John 8,58 Interlinear“.
  89. „¹³Тогаш Мојсеј Му рече на Бога: ,Ако отидам при Израелците и им речам: ‘Бог на вашите татковци ме испрати при вас’, и тие ме прашаат: ‘Како Му е името?’ - што ќе им одговорам?‘ (2 Мој. 3,13) ¹⁴,ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,‘ му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: ,Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ, ме испрати при вас.’‘” (2 Мој. 3,14)
  90. „Тогаш кренаа камења, за да ги фрлат на Него; но Исус се скри и излезе од Храмот.“ (Јвн. 8,59)
  91. „1961. hayah“.
  92. „3068. Yhvh“.
  93. „136. Adonay“.
  94. „Yahweh | YHWH, Adonai, Elohim, Meaning, & Facts | Britannica“.
  95. „John 8,24 Interlinear“.
  96. „Zechariah 12,10 Interlinear - Bible Hub“.
  97. Crossan, John Dominic, God and Empire, 2007, стр. 28
  98. Bettenson, Henry and Maunder, Chris. Documents of the Christian Church (3rd edition), Oxford University Press, 1999. ISBN 0-19-288071-3
  99. Gaztambide, Daniel. "The Synoptic Problem: Two-Source Hypothesis and Q" Архивирано на 17 јануари 2007 г., AramaicNT.org, Посетено на 14 април 2007.
  100. Miller, Robert J. ed. (1994) The Complete Gospels: Annotated Scholars Version. Polebridge Pres: Sonoma, CA. стр. 1–5.
  101. Michael Martin; John Mackinnon Robertson; G.A. Wells. The Jesus Legend, Chicago: Open Court, 1996, стр. xii.
  102. Catechism of the Catholic Church §436–40; Thirty Nine Articles of the Church of England, article 2; Irenaeus On the Detection and Overthrow of the So-Called Gnosis in Patrologia Graeca ed. J. P. Migne (Paris, 1857–1866) 7/1, 93; Лука 2,11[мртва врска]; Матеј 16,16[мртва врска]
  103. Catechism of the Catholic Church §606–618; Council of Trent (1547) in Denzinger-Schönmetzer, Enchiridion Symbolorum, definitionum et declarationum de rebus fidei et morum (1965) §1529; Јован 14,2–3
  104. Thirty Nine Articles of the Church of England, article 9; Augsburg Confession, article 2; Second Helvetic Confession, chapter 8; За Римјаните 5,12–21[мртва врска]; За Коринтците 15,21–22[мртва врска].
  105. Апостолски симбол на верата; Никејски симбол на верата; Катихизис на католичката црква §441–451; Аугсбуршка исповед, статија 3; Мал Лутеров катихизис, коментари за Апостолскиот симбол на верата; Матеј 16,16–17[мртва врска]; За Коринтците 2,8[мртва врска]
  106. Аугсбуршка исповест, статија 3; Јован 1,1 Архивирано на 25 април 2005 г.
  107. Апостолски симбол на верата; Никејски симбол на верата Картихизис на католичката црква §441–451; Thirty Nine Articles of the Church of England, статија 2; Мал Лутеров катихизис, коментари за Апостолскиот симбол на верата; Јован 1,14–16 Архивирано на 25 април 2005 г.; За Евреите 10,5–7[мртва врска]
  108. Катихизис на католичката црква §456–460; Gregory of Nyssa, Orat. catech. 15 во Patrologia Graeca ed. J. P. Migne (Paris, 1857–1866) 45, 48B; St. Irenaeus, Adversus Haereses 3.19.1 in ibid. 7/1, 939; St. Athanasius, De inc., 54.3 in ibid. 25, 192B. St. Thomas Aquinas, Opusc. in ibid. 57, 1–4; Галати 4,4–5[мртва врска]
  109. Апостолски симбол на верата; Катихизис на католичката црква §441–451; Аугсбуршка испод, статија 3; Мал Лутеров катихизис, коментари за Апостолском симбол на верата
  110. Катихизис на католичката црква §541–546
  111. Апостолски симбол на верата; Катихизис на католичката црква §441–451; Аугсбуршка исповед, статија 8; Мал Лутеров катихизис, коментари за Апостолскиот симбол на верата; Leo the Great, Sermo 4.3 во Patrologia Latina ed. J. P. Migne (Paris, 1841–1855); Матеј 16,18[мртва врска]
  112. Катихизис на католичката црква §1322–1419; Мартин Лутер, Аугсбуршка исповед, статија 10; Мал Лутеров катихизис: Алтаров Сакрамент
  113. Апостолски симбол на верата; Никејски симбол на верата; Мал Лутеров катихизис, коментари за Апостолскиот симбол на верата.
  114. Апостолски симбол на верата; Катихизис на католичката црква §632–635; Thirty Nine Articles of the Church of England, статија 3; Аугсбуршка исповед, статија 3; Council of Rome (745) in Denzinger-Schönmetzer, Enchiridion Symbolorum, definitionum et declarationum de rebus fidei et morum (1965) §587; Benedict XII, Cum dudum (1341) in ibid. §1011; Clement VI, Super quibusdam (1351) in ibid. §1077; Council of Toledo IV (625) in ibid. §485, Матеј 27,52–53
  115. Катихизис на католичката црква §638–655; Византиска литургија, Велигденски тропар; Thirty Nine Articles of the Church of England, статии 4 и 17; Аугсбуршка исповед, статија 3.
  116. Апостолски симбол на верата; Никејски симбол на верата; Катихизис на католичката црква §668–675, 678–679; Мал Лутеров катихизис, коментари за Апостолскиот симбол на верата; Матеј 25,32–46
  117. Пинхас Полонски, „Евреите и христијанството. Несогласност на двата приоди кон мирот.
  118. Статијата „Исус“ на Електронската еврејска енциклопедија
  119. Назарет
  120. Талмуд, Йевамот, 45а; Кидушин, 68б
  121. Месија.
  122. Рамбам, Послание во Јемен или Врата на надежта Архивирано на 22 јуни 2008 г. дел 1 (руски)
  123. Ранович А. Б. Талмуд о Христе и христианстве / Первоисточники по истории раннего христианства. Античные критики христианства. — М.: Политиздат, 1990. — С. 213. См.: 226. Шабб. 1046 (барайта)
  124. Исаија 2,4
  125. Исаија 16,4
  126. Врз основа на Даниел 9,26-27
  127. Даниел 9,25—27
  128. The Oxford Dictionary of Islam, стр. 158
  129. Куран, Сура V, Трпеза (Al-Mā'idah)
  130. "Isa", Encyclopedia of Islam; Fasching, deChant (2001) стр. 241
  131. "Isa", Encyclopedia of Islam
  132. Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 46-57.
  133. Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.
  134. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 66.
  135. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 16.
  136. 136,0 136,1 „Страдањата на Исус - инспирација за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 11.
  137. „Страдањата на Исус - инспирација за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 10.
  138. Bach: Cantata #4, BWV 4, "Christ Lag In Todesbanden" - Christ Lag In Todesbanden (пристапено на 30.12.2023)
  139. DISCOGS, Jeff Buckley ‎– Grace (пристапено на 21.4.2020)
  140. Архангел, Архангел 1. Litium Records 001, 2000.
  141. Discogs, Big Star – 3rd (пристапено на 4.1.2022)
  142. Discogs, Violent Femmes – Hallowed Ground (пристапено на 27.6.2021)
  143. YouTube, Stevie Wonder - Jesus Children Of America (пристапено на 27.3.2020)
  144. YouTube, The Velvet Underground \ The Velvet Underground, 1969 (Full Album)(пристапено на 17.2.2018)
  145. YouTube, Al Green - Call Me (Full Album) (пристапено на 25.1.2018)
  146. YouTube, Big Star - Jesus Christ (пристапено на 31.8.2017)
  147. Discogs, Danielle Dax ‎– Jesus Egg That Wept (пристапено на 18.12.2017)
  148. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
  149. ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“.
  150. Rudimentary Peni – Death Church (пристапено на 16.2.2024)
  151. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Goo (пристапено на 22.7.2019)
  152. YouTube, Walkin' With Jesus (пристапено на 5.2.2017)
  153. YouTube, Reagan Youth-Jesus was a Communist: Music Video (пристапено на 18.3.2017)
  154. George Michael - Jesus To A Child - YouTube (пристапено на 30.10.2017)
  155. Discogs, The Psychedelic Furs ‎– All Of This And Nothing (пристапено на 9.8.2019)
  156. Discogs, Slayer ‎– Decade Of Aggression Live (пристапено на 6.10.2019)
  157. Eisenman, Robert: James the Brother of Jesus: The Key to Unlocking the Secrets of Early Christianity and the Dead Sea Scrolls, Penguin (Non-Classics), 1998. ISBN 0-14-025773-X; Stegemann, Hartmut: The Library of Qumran: On the Essenes, Qumran, John the Baptist, and Jesus, Grand Rapids MI, 1998.
  158. Broshi, Magen, "What Jesus Learned from the Essenes," Biblical Archaeology Review, 30,1, стр. 32–37, 64. (Маген наведува сличности меѓу Исусовите учења за верноста на сиромаштијата и разделбата и есенските учења поврзани со Јосиф)
  159. Akers, Keith: The Lost Religion of Jesus, Lantern, 2000. ISBN 1-930051-26-3

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Религиозни погледи
Надворешни видеоснимки
Филм за Исус од 1979 г. синхронизиран на македонски Јутуб
Историски погледи


Статијата „Исус Христос“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).