Прејди на содржината

Исус Христос суперстар (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Исус Христос суперстар (англиски: Jesus Christ Superstar) – американски филм од 1973 година, во режија на Норман Џуисон (Norman Jewison), а автор на музиката е Ендрју Лојд Вебер (Andrew Lloyd Webber). Главните улоги ги играт: Тед Нили (Ted Neeley), Карл Андерсон (Carl Anderson), Ивон Елиман (Yvonne Elliman) и Бери Денен (Barry Dennen). Филмот претставува адаптација на истоимената бродвејска рок-опера на Ендрју Лојд Вебер и Тим Рајс. Во него се прикажува психолошкиот профил на Исус Христос, но на современ начин при што облеката на главните ликови е современа (во хипи-стил), а меѓу сценските реквизити се пушките и автомобилите. Филмот е снимен во Израел, во духот на рок-музиката и со современа кореографија, поради што по неговото снимање доживеал бројни критики.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива за време на последните седум дена на Исус Христос пред неговото распнување на крстот.[2]