Евангелие на Лука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Завет
Peresopnytske Gospel 04.jpg

Книги
Manuscripts

Евангелието на Лука (грчки: Κατὰ Λουκᾶν εὐαγγέλιον, kata Loukan euangelion) или Евангелието според Лука (τὸ εὐαγγέλιον κατὰ Λουκᾶν), обично се произнесува само како Лука, е третото и најдолго од четирите канонизирани евангелија во христијанската Библија од Новиот Завет. Ова синоптичко евангелие го опишува животот и мисионерството на Исус од Назарет. Во ова евангелие се опишани настаните од раѓањето на Исус до неговото Воскресение.

Авторот на ова евангелие е Апостол Лука, често нарекуван и Евангелист. По занимање, Лука бил лекар и долгододишен соработник со апостол Павле во Антиохија, Сирија. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Лука евангелието го создал на начин по кој читателот во Исус да може да го препознае Бог.

Некои редови од евангелието, како Parable of the Prodigal Son и Parable of the Good Samaritan се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата, улогата на Светиот Дух.[1]

Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела.[2]Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.[3]И двата ракописи започннуваат со обраќањето на Лука кон “Теофил“ за кој се смета дека е или некоја титула односно чин или некоја личност, кој очигледно имал одредено претходно познавање за христијанството и можеби бил личност со некаков службен статус, со оглед на тоа што Лука му се обраќа со титулата „честити” ‡ истата титула со која Павле им се обраќал на Феликс и на Фест, римски управители во Јудеја.

Некои современи критичари сметаат дека апостол Лука, слично како Апостол Матеј, за создавањето на својот ракопис се потпирал врз основа на евангелието на Марко. За создавањето на евангелието постојат повеќе тврдења. Се смета дека тоа било направено некаде кон 60-тите години од 1 век,[4][5] или пак кон крајот на 1 век.[6]

Наводи[уреди]

  1. Donald Guthrie, New Testament Introduction (Leicester, England: Apollos, 1990), p. 105.
  2. Udo Schnelle, The History and Theology of the New Testament Writings, p. 259.
  3. The Books of The Bible (Colorado Springs: International Bible Society, 2007); The Original New Testament (San Francisco: Harper & Row, 1985).
  4. D. R. W. Wood, New Bible Dictionary (InterVarsity Press, 1996), 704.
  5. Carson, D.A.; Moo, Dougals J. (1992). "4" (in English). An introduction to the New Testament. Morris, Leon. Grand Rapids, MI: Zondervan. pp. 116. ISBN 0-310-51940-3.
  6. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985. "The Gospels" p. 266-268