Месија (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Месија е италијански филм од 1975 година, во режија на Роберто Роселини, со Пјер Марија Роси во главната улога. Ова е последниот филм на Роселини.

Иако филмот го прикажува животот на Исус Христос, во него чудата и насилството се сведени на минимум, а во преден план е прикажано братството меѓу Исус и апостолите. Исто така, во филмот се истакнува дека учениците на Исус го ширеле неговото учење уште во времето додека тој бил жив.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Страдањата на Исус - инспирација за режисерите“, Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 11.