Кралот на кралевите (филм)
„Кралот на кралевите“ (англиски: King of Kings) — американски филм, во режија на Николас Реј (Nicholas Ray), снимен по сценариото на Филип Јордан (Philip Yordan). Главните улоги ги толкуваат: Џефри Хантер (Jeffrey Hunter), Роберт Рајан (Robert Ryan), Рон Рендал, Сиоба Мекена (Siobhán McKenna), Хурд Хетфилд (Hurd Hatfield), Вивека Линдфордс (Viveca Lindfors) и Рип Тори, а како раскажувач во филмот е појавува Орсон Велс (Orson Welles).[1] Овој филм се смета за еден од најдобрите кои го опишуваат животот на Исус Христос.[2]

Содржина
[уреди | уреди извор]Фабулата на овој филм се носи со две страни: историска и евангелска. Таа започнува со приказот како тоа Ерусалим и сета земја паднаа под Римска власт преку заповедта на Помпеј во 63 година пред Христа. Меѓутоа, надежта на народот е дека Бог ќе им испрати Спасител-Месија којшто ќе ги избави од сета тиранија на наметнатата власт. На ова се надоврзува евангелската фабула која го следи животот на Исус (го игра Хантер) од Назарет основана на четирите Евангелија: неговото раѓање во Витлеем (првиот Божиќ), Крштението, изборот на апостолите, проповедите и чудата, неговите страданија во Ерусалим, за на крајот да заврши со Воскресението и Заповедта за Крштение на сите народи. Дополнително на оваа евангелска фабула е нејзиниот историски контекст: лик кој е речиси рамноправен со Христос е Варава, револуционер и бунтовник против Римската власт, ослободен за Пасха како што Христос е испратен на Голгота на Распетие. Варава во филмот го претставува „огнот“ и „мечот“, додека Христос е претставник на мирот и на братството на сите луѓе. Во однос на последново се поставува и римскиот стотник Лукијан: преку колежот на Витлеемските деца и активноста на св. Јован Крстител (го игра Рајан) тој се запознава со Христијанството, да го исповеда Исус како Христос.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 16.
- ↑ Kralj kraljeva, američki film (1961.) (12) (пристапено на 25.12.2025)
- ↑ W. B. Tatum, Jesus at the Movies: A Guide to the First Hundred Years. Polebridge Press, Santa Rosa, 1997, с. 75-85.