Гетсиманска Градина
Гетсиманска Градина (латински: Hortus Gethsemani) — една од најпознатите места во историјата на човештвото. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора, блиску до ѕидините на Стариот Град во Ерусалим.
Гестиманската Градина е всушност местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде се собирал честопати со своите ученици-апостоли. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус го предал на Кајфа.
На местото, каде според преданијата Јуда го предал Исус Христос, е била изградена базилика уште во V век. Во текот на 1919 — 1924 година била изградена современа црква на сите нации. Во неа има 12 куполи и грбовите на 12-те држави, кои донирале средства за изградбата. Внатре има слики, кои го покажуваат “Гетсиманското молење, ,,Предавањето на Спасителот” и ,,Апсењето на Христос”, на подот пред олтарот има ставено венец од трн, која ја заобиколува скалата на која се молел Христос.
![]() | Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|