Мудреци од исток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Bartolomé Esteban Murillo - Adoration of the Magi - Google Art Project.jpg

Мудреци од исток или Тројцата мудреци — мудреци кои дошле да се поклонат на Исус во моментот кога тој се родил. Според Евангелието на Матеј тие дошле источно од Ерусалим. Тие ја следиле ѕвездата која блескала над Витлеем. Во Ерусалим мудреците биле испратени од страна на Ирод кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три подароци: Темјан, злато и маст. По ова, Господ им наредил да не се враќаат во Ерусалим туку да си одат во нивните земји.

Новиот завет не ги дава имињата на мудреците. Подоцнежните преданија им припишуваат разни варијанти на имињата, со разни тези за нивното потекло. Најзастапени се:

По смртта на мудреците нивните мошти биле однесени во Цариград по кое истите биле пронајдени од страна на Света Елена. Во следните векови истите биле пренесени најпрвин во Милано, а подоцна и во Келн каде што се наоѓаат и денес. Мелкиор е заштитник на патниците, а Балтазар заштитник на болните од епилепсија.

Во западната традиција[уреди | уреди извор]

Во западното христијанство тие се сметаат за светци постои традиција да се сметаат за владетели на краиштата од кајшто доаѓаат, и се нарекуваат „Свети три крала“ или „Свети магови“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]