Џорџ Мајкл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајкл на сцената за време на Faith World Tour во 1988 година

Џорџ Мајкл (роден како Георгиос Киријакос Панајоту 25 Јуни 1963 - 25 декември 2016) — британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите кога го оформи поп-дуото “Wham!” (Вем!) со неговиот средношколски другар Ендру Ридгелеј. Неговата прва соло песна “Careless Whisper” (Безгрижен Шепот) излезе додека тој сè уште беше дел од дуото, и продаде околу шест милиони копии низ цел свет. Како еден од најпродаваните светски музичари, Мајкл има продадено повеќе од сто милиони албуми низ целиот свет до 2010 година. Неговиот прв соло албумод 1987 година насловен “Fait” (Верба) се продаде во повеќе од 25 милиони копии низ целиот свет, и постигна големи достигнувања во САД. Мајкл има направено дури 7 песми кои го достигнаа првото место од списокот на хитови во Обединетото Кралство, и 8 песни кои го достигнаа првото место на топ списокот на Billboard Hot 100 (топ листа создадена од страна на американското списание Билборд) во САД. Во 2008 година, списанието “Билборд” го рангира Мајкл на 40-то место во списокот на најуспешни артисти од нивната топ листа “The Billboard Hot 100 Top All-Time Artists” (Билборд топ 100 жешки артисти на сите времиња)[1]. Мајкл има добиено многу музички награди за време на својата 30 годишна кариера, вклучувајќи ги и трите Британски награди – двапати за Најдобар Британски Машки Изведувач, 4 награди за МТВ Видео МУзички Награди, 4 Ајвор Новело награди, 3 Американски Музички Награди, и 2 Греми Награди од вкупно осум номинации. Во 2004 година Радио Академијата го именуваше Мајкл за најслушан пејач на Британското радио во периодот помеѓу 1984 и 2004 година. Документарниот филм “A Different Story” (Поинаква приказна) излезе во 2005 година. Го содржи неговиот приватен живот и неговата професионална кариера. Во 2006 година, Мајкл ја објави неговата прва турнеја после 15 години. Турнејата 25 Live беше огромна преземајќи го целиот свет од страна на Мајкл, содржејќи 3 поединечни турнеи во период од 3 години (2006, 2007 и 2008 година).

Ран живот[уреди | уреди извор]

Мајкл е роден како Георгиос Киријакос Панајоту во Ист Флинчли, Северен Лондон. Татко му, Киријакос Панајоту, бил грчки реставратор од Кипар кој се преселил во Англија во 1950-тите и го променил своето име Во Џек Панос. Мајката на Мајкл – Лесли Анголд (родена Харисон 1973-1997) беше Евреинка- Англичанка која работеше како танчерка и почина од рак во Фулхам. Мајкл помина голем дел од своето детство во Северен Лондон, во домот кој неговите родители го купија кратко после неговото раѓање. За време на неговите тинејџерски години, тој со неговото семејство се преселија во Редлет. Таму, Мајкл се запишува училиштето Буши Медс “Bushy Meds School” каде се запознава со Ендрју Ридгелеј. И двата ја делеа истата амбиција – да станат музичари. Неговото вмешување во музичкиот бизнис започна со неговата работа како Ди-Џеј настапувајќи во клубови и школа во околината на Буши, Стенмор и Ветфорд. После ова следеше создавањето на ска бендот The Executive со Ридгелеј, братот на Ридгелеј – Пол, Ендрју Ливер и Дејвид Мортимер (а.к.а Дејвид Остин), но бендот не траеше долго време.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

1981-1986 Wham! Мајкл за првпат постигна успех откако го оформ и дуото Wham! заедно со Ендрју Ридгелеј во 1981 година. Првиот албум на дуото, насловен како “Fantastic” го достигна првото место во Обединетото Кралство ипроизведе серија од топ 10 песни како на пример: “Young Guns (Go for it)”, “Wham Rap! (Enjoy what you do)”, “Club Tropicana”. Неговиот втор албум “Make it big” беше причината за пробивот што ги направи интернационални ѕвезди вклучувајќи песни како: “Wake Me Up Before You Go-Go”, “Freedom”, “Everything She Wants”, и “Careless Whisper”, од кои последната беше првиот обид на Мајкл за соло песна. Мајкл пееше во оригиналната постава на бендот Band Aid за песната “Do they know it’s Christmas” и ги донираше сите добиени средства од песната “Last Christmas” во добротворни цели. Освен тоа, тој овозможи следечки вокал за хит песната “Last Kiss” на Дејвид Кесиди во 1985 година, како и за песните од 1985 година на Елтон Џон кои беа признаени како голем успех и се насловени “Nikita” и “Wrap Her Up”. Мајкл изјави дека Дејвид Касиди му бил огромно влијание, и истиот го интервјуираше за престижниот “Риц Весник” на Дејвид Личфилд. Турнејата на Wham! во Кина во април 1985 година, која беше прва посета на Кина од страна на музичката група од Западот, имаше голема медиумска покриеност низ целиот свет, која пред сè беше концентрирана на Мајкл. Турнејата беше документирана од страна на познатиот режисер Линдзи Андерсон и продуцент Мартин Луис во нивниот документарец “Странаско небо – Вам! Во Кина” (Foreign Skies - Wham! in China) и даде голем придонес за славата на Мајкл. Со успехот на соло песните на Мајкл - “Careless Whisper” (1984), “A different Corner” (1986) гласинитте за распаѓање на дуото станаа побројни. Дуото официјално се раздели за време на летото 1986 после објавувањето на песната за збогување “The edge of heaven”, компилација на песни насловена како “The Final” како и снимка од концерт на стадионот Вембли кој ја вклучуваше премиерата на турнејата во Кина.Партнерството на Wham! официјално заврши со успехот на песната “The edge of heaven” која го достигна првото место на топ листите во Обединетото Кралство во јуни 1986 година.

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Почетокот на неговата соло кариера беше означен со дуетот со Арета Франклин од почетокот на 1987 година “I knew you were waiting (for me)” и беше моментален успех кој му помогна на Мајкл да оствари една до своите најголеми амбиции – да пее дует со еден од неговите омилени изведувачи, и го достигна првото место на топ листите во Обединетото Кралство, како и на топ списокот на Билборд Топ 100 веднаш по неговото излегување. За Мајкл тоа беше трета по ред соло песна која го достигна врвот на топ-листите после хитовите од 1984 “Careless Whisper” и од 1986 “A different Corner”. Песната исто така беше првата која Мајкл ја сними како соло-артист и која не беше напишана од него. Соавторот на песната Симон Клими беше непознат цело време иако имаше успех при настапувањето со бендот “Climie Fisher” во 1988 година. Џорџ Мајкл и Арета Франклин освоија Греми награда во 1988 година за најдобра Ар Ен Би изведба – Дуо или група со вокали за песна. 1987-1989 Faith За време на есента 1987 година Мајкл го издаде својот прв албум “Faith” (Верба).Освен што свиреше на голен број инструменти за музиката од песните, тој исто така ја напиша и продуцираше секоја песна на албумот освен една за која беше ко-писател. Првиот сингл кој беше пуштен во јавност од овој албум беше “I want your sex” за време на летото 1987 година. Песната беше одбиена од голем број на радио станици поради сексуалната содржина. Музичката телевизија ЕмТиВи прифати да го емитува видеото кое ја покажуваше Кетји Јанг облечена во корсет и трегери, но видеото беше пуштано само во доцните ноќни часови. Мајкл водеше расправии дека самиот чин на секс е убав доколку е моногамен. Тој дури и сними краток вовед за видеото во кој изјави: “Оваа песна не е за обичен секс”. Една од поинтригантните сцени го покажува Мајкл како пишува “Истражувајте ја моногамијата” на грбот на својот партнер со кармин. Некои видео станици пуштаа изменета верзија на песната во која зборот “секс” се заменува со зборот “љубов”. Кога песната се најде на “Американски Топ 40” водителот на емисијата Кејси Касим одби да го спомене името на песната и истата ја нарече “новиот сингл на Џорџ Мајкл”. Во САД песната беше именувана и како “I want your sex (Beverly Hills Cop II)” бидејќи песната беше искористена за главна песна на тој филм. И покрај цензурата и проблемите со пуштањето на песната во радиостаниците, таа на Американските Топ Листи се искачи на второ место, додека на Британските Топ Листи го достигна третото место. Вториот сингл “Faith” беше пуштен во октомври 1987 година само неколку недели пред промоцијата на албумот, и веднаш доживеа голем успех станувајќи една од неговите најпопуларни песни. Песната се најде на прво место на “Билборд Хот 100” во САД и ја задржа таа позиција 4 недели со ред. Во Обединетото Кралство го достигна второто место. Познатото видео прикажа класични слики од музичката индустрија во 1980-тите: Мајкл со очила за сонце, кожена јакна, каубојски чизми, фармерки Левис како свири на гитара до некој класичен Џубок. На 30 октомври албумот беше пуштен во продажба во Велика Британија како и во неколку маркети ширум светот. Во САД албумот се задржа 51 недела со ред на топ листата “Топ 10 од Билборд 200” од кои 12 недели се наоѓаше на првото место. Албумот имаше многу успешни песни како на пример: “Faith”, “Father Figure”, “One More Try”, “Monkey”, кои го достигнаа првото место. Песната “Faith” доби Дијамантско Признание од страна на СИАА (Снимачка Индустриска Асоцијација на Америка) за продадени 10 милиони копии во САД. До денес продадени се повеќе од 25 милиони копии ширум светот. Во 1988 година Мајкл тргна на светска турнеја. Списокот на изведени песни вклучуваше и некои од периодот на групата Wham! како и преработка на песната “Lady Marmalade” и “Play that funky music”. Во Лос Анџелес, Калифорнија, на Џорџ Мајкл на сцената му се придружи Арета Франклин за песната “I knew you were waiting (For me)”. Тоа беше втората најголема случка за 1988 година со заработка од 17.7 милиони долари. Според изјавата на Мајкл во неговиот филм “A different story” успехот не го направи среќен и тој мислел дека нешто не е во ред со тоа да му се биде идол на милиони тинејџерки. Целиот процес на “Faith” (снимање, турнеја, промоција, видеа, награди) го остави исцрпен, сам и нервозен оддалечен од семејството и пријателите. На доделувањето на музичките награди од ЕмТиВи во 1989 година во Лос Анџелес, Мајкл ја доби наградата “Видео Вангард”. Во 1990 година неговата продуцентска куќа изјави дека Мајкл не сака за неговиот нов албумда ги прави истите промоции како оние за албумот “Faith”.

Во 1991 година, Мајкл ја започна турнејата “Cover to Cover Tour” во Јапонија, Англија, САД и Бразил, каде што настапуваше во настанот “Rock in Rio”. Во публиката во Рио тој го виде и подоцна се запозна со Анселмо Фелепа, човекот кој потоа ќе му стане и партнер. Турнејата не беше соодветна промоција за “Listen Without Prejudice Vol 1”. Всушност, таа беше повеќе за омилените песни на Мајкл испеани од други пејачи. Помеќу овие песни беше и “Don’t Let the Sun Go Down no Me”, песна на Сер Елтон Џон од 1974 година. Мајкл и Џон ја имаа испеано заедно оваа песна на концертот Live Aid во 1985 година, и потоа уште еднаш на концертот на Мајкл на стадионот Вембли во Лондонската Арена на 25 март 1991 година и беше успешна на двете страни на Атлантикот. Во меѓувреме очекуваниот албум “Listen Without Prejudice Vol 2” беше закаснет поради правниот спор на мајкл во компанијата на Сони. Помеѓу жалбите на Мајкл беше и онаа дека Сони не даде целосна поддршка за ослободувањето на неговиот втор албум што тезултираше со негов слаб успех споредено со “Faith”. Сони одговори дека одбивањето на Мајкл да се појави во видеата за промоција била причината за неуспехот на албумот. Мајкл ја напушти идејата за “Listen Without Prejudice Vol 2” и донираше3 песни за добротворниот проект “Red Hot + Dance” за организација на “Ред Хот” кој собираше пари за кревање на свеста против СИДА. Мајкл ги донираше и средствата од неговата песна “Too Funky” за истата цел. Оваа песна не се појави на ни еден од студиските албуми на Џорџ Мајкл иако подоцнабеше вклучена во неговата соло колекција “Ladies & Gentlemen: The Best of George Michael in 1998 and Twenty Five in 2006”. Видеото го прикажуваше Мајкл во улога на филмски режисер кој ги снима моделите Линда Евангелиста, Беверли Пиил, Естел Лефебур и Надиа Ауерман на модна ревија. “Too Funky” беше успех достигнувајќи го 4 место на топ листите во Обединетото Кралство и 10 место на “US Billboard Hot 100”. 1994-1997 Older (Постаро) За време на ноември 1994 година после долг период на мирување Џорџ Мајкл се појави на првите ЕмТиВи Европски Музички награди, каде што имаше трогателен настап со новата песна “Jesus to a Child”. Песната беше посветена на неговиот партнер Анселмо Фелепа кој почина во март 1993 година. Песната беше успех сама по себе во родната земја на Мајкл скоро 4 години. Се искачи на 1 место на топ листите во Обединетото Кралство, и на 7 место на “Billboard” истиот месец кога беше и објавена. Исто така беше најдолгата песна на Џроџ Мајкл со времетраење од 7 скоро минути. Значењето на песната и врската на Мајкл со Фелепа се претвори во гласини и шпекулации, бидејќи Мајкл не призна дека е хомосексуалец сè до 1998 година. Видеото за песната “Jesus to a Child” беше спој на слики кои прикажуваат загуба, болка и страдање. Мајкл секогаш му ја посветува песната на Фелепа кога настапува во живо. Вториот сингл “Fastlove” беше објавен во април 1996 и беше енергична песна за желбата за ценење и исполнетост без посветеност. Оваа песна беше некако необична како за популарна песна бидејќи немаше дефиниран рефрен и што беше долга скоро пет минути. “Fastlove” беше поддржан со видео со футуристички елементи. На топ листите во Обединетото Кралство се искачи на 1 место и таму се задржа 3 недели. Во САД истата песна се искачи на 8 место. После оваа песна, Мајкл конечно го објави албумот “Older” што беше прв студиски албум после 6 години и трет во неговата соло кариера. Овој албум е значаен за содржењето на неговите шест песни, од кои секоја го стигна 3 место во Обединетото Кралство што е рекорд за повеќето синглови кои се од еден ист албум. За време на објавувањето на неговиот петти сингл “Star People ‘97”, специјалистот на топ листи Џејмс Мастертон го потенцираше успехот на Мајкл и изјави “Џорџ Мајкл неспорно прави импресивен Топ 3 со секој свој сингл. Албумот “Older” се докажа да биде неговиот далеку најкомерцијален албум било кога. Веќе пет песни се објавени и секоја од нив стана Топ 3 хит. На ова додадете ги и Топ 3 хитовите од претходните албуми “Faith” и “Listen Without Prejudice”. Овој постојан успех секако беше постигнат со мала помош на маркетиншки трикови како на пример ремикси – или во случај преснимување на целиот албум што му дава трансфорамција во заслужен комерцијален удар”. Во 1996 година Мајкл беше изгласан за “Најдобар Британски Маж” на музичките награди на ЕмТиВи и на Британските награди, како и за “Текстописец на годината” по третпат на Ајвор Новело наградите. Мајкл настапи на концертот на “Three Mills Studios” во Лондон за ЕмТиВи Анплагд. Тоа беше неговиот прв долг настап после долги годинии дел од публиката беше мајката на Мајкл. Следната година таа почина од рак. 1998 Ladies and gentlemen the best of George Michael (Дами и господа нејдоброто од Џорџ Мајкл) “Ladies and gentlemen the best of George Michael” е колекција на најголемите соло хитови на Мајкл ос 1998 година. Колекцијата од 28 песни (на Европскиот и Австралискиот диск има по 29 песни) се поделени во 2 половини, секоја од нив со своја тема и “расположение”. Првиот диск “For the Heart” ги содржи најуспешните балади на Мајкл, додека пак вториот диск “For the Feet” се содржи од популарна музика за играње. Албумот е забележлив по тоа што содржи голем број на песни и дуети кој претходно не се појавиле на ниеден од неговите албуми, вклучувајќи го и дуетот со Арета Франклин “I knew you were waiting (For me)”, како и дуетот на Португалски со познатиот Бразилски пејач Аструд Гилберто - “Desafinado” и дуетот со Елтон Џон “Don’t let the sun go down on me”. “Ladies & Gentlemen” беше моментален успех кој се задржа на првото место на топ листите во Обединетото Кралство 8 недели. Поминаа преку 200 недели на топ листите во Обединетото Кралство и е 38 најпродаван албум на сите времиња во Обединетото Кралство. Беше одбран за Платински албум 7 пати во Обединетото Кралство, и за Мулти-Платински во САД, и е најпознатиот, најкомерцијален албум на Џорџ Мајкл во неговата родна земја со повеќе од 2.8 милиони продадени копи. До денес, албумот има продадено околу 15 милиони копии ширум светот. Првиот сингл “Outside” беше хумористична песна за неговото апсење за наведување на полицаец во јавен нужник. Неговиот дует “As”, со Мери Џеј Блиц беше објавен како втор сингл во многу земји ширум светот. И двата синглови се искачија на 5 место на топ истите во Обединетото Кралство.

2000-2005_Patience_(Трпение) Мајкл започна да работи на неговиот петти студиски албум, поминувајќи две гофини во студио за снимање. Неговиот прв сингл насловен "Freeek!" од новиот албум доживеа успех во Европа,искачувајќи се на првото место во Италија,Португалија,Шпанија и Данска во 2002 година и се најде на Топ 10 листите во Обединетото Кралство и на топ 5 во Австралија. Вкупно низ светот се најде на 22 топ листи. Како и да е,неговиот нареден сингл "Shoot the Dog" беше доста контроверзен кога беше објавен во јули 2002 година. Беше доста критички настроен за Џорџ Буш и за Тони Блер,за нивната улога во инвазијата на Ирак во 2003 година. Во данска таа го освои првото место на топ листите,додека пак во повеќето Европски топ листи се најде на петто место. Сепак,во Британија не се искачи погоре од 12 место.

На 17 ноември 2003 година,Џорџ Мајкл повторно потпиша договор со "Sony Music" откако правната битка со компанијата резултираше со тоа неговиот договор да му биде продаден на конкурентските компании "Virgin Records and DreamWorks Records". Кога петтиот албум на Мајкл беше објавен во 2004 година кога тој веднаш се искачи на прво место на топ листите во Обединетото Кралство,продавајќи повеќе од 200.000 копии само во првите неколку недели. Во Австралија на 22 март достигна 2 место. На повеќето европски топ листи се наоѓаше во Топ 5, а во САД беше на 12 место со продадени преку 500.000 копии,со што доби златен сертификат од страна на РИАА. Позитивно критикуван, албумот беше признат како албум кој го означува враќањето на Мајкл во најголемото светло на новиот милениум,продавајќи околу 7 милиони копии ширум светот и промовирајќи 4(од 6) нови хитови.

Првиот сингл од албумот - "Amazing", беше хит број 1 во Европа. Кога Мајкл гостуваше во шоуто на Опра Винфри на 26 мај 2004 година со цел да го промовира новиот албум, ја испеа "Amazing" заедно со неговите класици "Father Figure" Faith". Во шоуто Мајкл зборуваше за неговото апсење,ја откри својата хомосексуалност, и неговото враќање со јавни настапи. Тој и дозволи на екипата на Опра да влезе во неговиот дом надвор од Лондон. Вториот цингл беше насловен "Flawless (Go to the City)", и беше танцувачки хит во Европа како и во Северна Америка, искачувајќи се на првото место на топ листата Billboard Hot Dance Club Play и стана последниот хит број еден на Мајкл на Американската Денс Топ Листа. Во ноември Сони издадоа уште еден сингл - "Round Here". Беше најнеуспешниот сингл земен од албумот " Patience", кога се најде на 32 место на топ листите на во Обединетото Кралство. Во 2005 година "John and Elvis Are Dead" беше објавен како последен сингл од албумот. Бидејќи постоеше можноста истиот се симне од Интернет,тој не се најде на топ листите во Обединетото Кралство.

Џорџ Мајкл изјави дека " Patience" ќе биде последниот албум кој ќе биде достапен на пазарите низ светот. Тој објави на радио Бибиси-радио 1 на 10 март 2004 година дека во иднина неговата музика ќе може да се спушта од интернет, и ги охрабрува обожавателите да направат донација за добротворни цели.

2005-2008_Twenty_Five (Дваесет и пет) и концертни турнеи

Twenty Five беше вториот најуспешен албум на Џорџ Мајкл,славејќи ја 25 годишнината од неговата музичка кариера. Објавен во ноември 2006 година од страна на Sony BMG стана број 1 во Обединетото Кралство. Албумот воглавно содржи песни од соло кариерата на Мајкл, но исто така и некои песни од деновите кога тој беше дел од групата Wham!. Го има во 2 изданија, 2 дискови или пак ограничена серија на сет од 3 дискови. Изаданието со 2 дискови содржи 26 песни,вклучувајќи четири песни снимени со бендот, и три нови песни pesni "An Easier Affair"; "This Is Not Real Love" (дует снимен со Матја Буена, поранешен член на Sugababes, која достигна петнаесто место на топ листите во Обединетото Кралство), и нова верзија на "Heal the Pain", снимена со Пол Макартни. Ограниченото издание во три дискови содржи и додатни 14 помалку познати песни, вклучувакќи една од Wham!, како и една сосема нова песна "Understand".

Овој албум беше објавен во Северна Америка на 1 април 2008 година како сет од 29 песни на 2 дискови, претставувајќи неколку нови песни(вклучувајќи дуеи со Пол Макартни и Мери Џеј Блајџ, и песна од краткотрајната телевизиска серија Ели Стоун), покрај многуте познати и успешни песни на Мајкл како од неговата соло кариера, така и од неговата кариера во бендот. За да го означи овој албум, Мајкл направи турнеја низ Северна Америка за првпат после 17 години, настапувајќи во големи градови како Њујорк, Лос Анџелес, Минеаполис, Чикаго и Далас.

ДВД изданието на албумот " Twenty Five " содржи 40 видеа на два дискови, вклучувајќи 7 со групата Wham!.

За време на концертот Live 8, во 2005 година, Мајкл му се придружи на сцена на Пол Макартни за изведувањето на песната "Drive My Car". Мајкл беше еден од неколкуте изведувачи кои во 1990 година направија ремикси на песната "Tripping on Your Love" од бендот Bananarama. Спротивно пак Bananarama направија пререботка на "Careless Whisper" за нивниот албум "Exotica" во 2001 година. Песната беше објавена како сингл во Франција.

Во 2006 година, Мајкл ја започна првата турнеја по 10 години-25 Live. Турнејата започна во Барселона,панија на 23 септември и заврши во декември на арената Вембли во Англија. Според неговото мрежно место турнејата со 80 настапи ја видоа 1.3милиони обожаватели. На 12 мај 2007 година во Коимбра-Португалија, тој ја започна европската турнеја "25 Live Stadium Tour 2007", вклучувајќи ги Лондон и Атина, и завршувајќи на 4 август ви Белфаст,Северна Ирска. Имаше вкупно 29 настапи за турнејата низ Европа (почнувајќи од 21 април 2007 година). На 9 јуни 2007 година, Мајкл беше првиот артист кој натапуваше на реновираниот Вемби стадион во Лондон, каде што потоа беше казнет 130.000 долари, бидејчи целата програма ја скрати на само 13 минути.

На 25 март 2008 година, трет дел на турнејата 25 Live беше објавен за Северна Америка. Овој дел вклучуваше 21 настап во САД и Канада. Тоа беше првата турнеја на Мајкл во САД после 17 години. Видеозаписот за оваа турнеја беше објавен на 1 април 2008 години, како сет со 29 песни на два дискови, претставувајќи неколку нови песни (вклучувајќи дуеи со Пол Макартни и Мери Џеј Блајџ, и песна од краткотрајната телевизиска серија Ели Стоун). Исто така бе ше објавена и компилација од 40 видеа на два дискови.

Мајкл ја започна глумечката кариера во Америка со улогата на ангел-чувар на ликот на Џони Ли Милер во серијата Ели Стоун., која се емитуваше во САД. Освен што тој во шоуто се појавуваше како себеси и во форма на визии, секоја епизода носеше име на некоја од неговите песни. Мајкл се појави на финалето на шоуто Американски идол во 2008 година пеејќи ја песната "Praying for Time". Кога го прашаа што мисли дека ќе рече Сајмон за неговата изведба, тој одговорил “Мислам дека веројатно ќе ми рече дека не требало да пеам песна од Џорџ Мајкл. Тоа им го има кажано на многу луѓе во минатото, па мислам дка би било доста смешно.’

На 1 декември,Мајкл го одржа последниот коцерт во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати како дел од 37та прослава за Ден на Нацијата.

2008,денес Најнови проекти На 25 декември 2008 година Џорџ Мајкл објави нова песна "December Song" на неговото мрежно место беспалтно. Постоеше надеж дека обожавателите кои ќе ја спуштат песната ќе донираат пари за добротворни цели. Иако песната повеќе не е достапна на неговата страна, истата сепак може да се спушти од мрежите за јавно споделување на податоци. На 29 октомври 2009 година од Бибиси изјавија дека Мајкл ќе се приклучи на Божиќен број 1 во Обединетото Кралство, со преправена верзија на "December Song" која ќе се пушти во продажба на 13 декември. Популарноста на песната беше поттикната и од промотивно појавување на Мајкл на шоуто “X Фактор” каде што изведе песна со Дејвид Остин свирејќи на пијано.

На крајот на 2009 година Мајкл изјави дека после месеци на шпекулации дека ќе има настапи во австралиските градови Мелбурн, Перт и Сиднеј, што би биле негови први концерти во Австралија после 1988 година. На 20 февруари Мајкл го имаше својот прв настап во Перт на Бурсвуд и имаше публика од 15.000 обожаватели.

На 5 март 2011 година Мајкл го објави излегувањето на неговата преработка на хитот од групата "New Order" од 1987 година-"True Faith", како помош за добротворната организација Comic Relief. Мајкл исто така објави преработка на песната на Стиви Вондер од 1972 година -"You and I", на 15 април 2011 година како подарок за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон по повод кралската венчавка на 29 април 2011 година.

Иако Мп3 верзијата беше достапна за беспалтно спуштање, Мајкл им порача на обожавателите, оние кои би ја спуштиле песната да дадат донација за “Добротворниот фонд за подароци на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон”.

На 11 мај 2011 година,турнејата " Symphonica" беше објавена. Само настапи за во Европа беа објавени. Првиот настап беше изведен во Куќата на Операта во Прага на 22 август. Во ноември, Мајкл мораше да го откаже остатокот од турнејата бидејќи тешко се разболе во Виена,Австрија.

Мајкл исто така во интервју за списанието “OK” изјави дека работи на албум кој е под влијание на денс музиката.

Во октомври 2011 година, Мајкл беше прогласен за еден од номинираните за Холот на Славните Текстописци.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Сексуалност Во интервју од 2007 година Мајкл призна дека го криел фактот што е геј поради грижа за тоа како таа информација би можела да влијае врз неговата мајка.

Врски Мајкл имаше врска со Анселмо Фелепа кој го запозна во 1991 година на концертот во Рио. Фелепа почина од мозочен удар во 1993 година. Песната на Мајкл “Jesus to a child” е посветена на Фелепа(Мајкл постојано му ја посветува кога настапува во живо, како и во неговиот албум “Older” од 1996 година ).

Во 1996 година, Мајкл започна долга врска со Кени Гос, поранешен тренер на навивачки и продавач на спортска опрема од Далас. Гос ја отвори “Галерија Гос” во мај 2005 година во Далас во која има современа уметност како и дела од нивната приватна колекција, која вклучува уметнички дела од МБУ(Младински Британски Уметници), како на пример дела од Сара Лукас. Имаа домови во Далас и Лондон. На крајот на ноември 2005 година беше објавено дека Мајкл и Гос сакаат да ја забележат нивната врска како Цивилно Партнертсво во Обединетотот Кралство, но поради негативниот публицитет и престојната турнеја, тие тој чекор го одложија за подоцна. На 22 август 2011 година на првата ноќ од неговата турнеја " Symphonica", Мајкл изјави дека тој и Гос се разделиле пред две години. Сепак Гос беше присутен на Британското судење на Мајкл поради возење под влијание на марихуана на 14 септември 2010 година.

Анонимен секс Прашањата за сексуалната ориентација на Мајкл постоеја во јавноста уште од 7 април 1998 година кога беше уапсен за впуштање во сексуални односи во јавност, во јавен тоалет во Беверли Хилс, Калифорнија. Беше уапсен од полицаец облечен како цивил кој се вика Марсело Родригес во полициска операција наречена “убава полиција”.

Во интервју за ЕмТиВи Мајкл тврдеше:”Бев следен во тоалетот и тогаш полицаецот, кој нензаев дека е полицаец започна да ја игра играта која мислам дека се вика “Ќе ти го покажам мојот, ти ќе ми го покажеш твојот, и кога ќе ми го покажеш твојот, ќе те уапсам!”.

Отакао Мајкл се изјасни за невин за обвинението, беше казнет со 810 американски долари и осуден на 80 часови општинска работа. Набрзо, Мајкл објави видео за песната "Outside", која очигледно беше инспирирана од инцидентот со тоалетот и прикажуваше двајца мажи облечени како полицајци кои се бакнуваат. Родригес тврдеше дека видеото го исмева и дека Мајкл му удри шамар во интервјуата. Во 1999 година тој покрена судски случај вреден 10 милиони долари во Калифорнија, против пејачот. Судот го отфрли случајот на 3 декември 2002 година. Судор одлучи дека Родригес како претставник на јавна служба, не може легално да бара надомест за емоционално повредување.

После инцидентот Мајкл стана отоврен во врска со неговата сексуална ориентација и за неговата врска со Кени Гос која започнала уште во јули 1996 година.

На 23 јули 2006 година, Мајкл повторно беше осуден за впуштање во анонимен јавен секс, овојпат на лондоснкиот Хемптенс Хит. Анонимниот партнер подоцна се откри дека бил 58 годишниот Норман Киртленд, невработен возач. И покрај тоа што тој имал намера да ги тужи таблоидите "News of the World" и Киртленд за клевета, Мајкл изјави дека тој е во потрага по анонимен секс но дека тоа не било никаков проблем во неговата врска со Кени Гос.

Дрога На 26 февруари 2006 година мајкл беше уапсен за поседување на дрога од класа В, инцидент што тој самиот го опиша како “моја сопствена глупава грешка, како и обично”. Беше предупреден од полицијата и ослободен.

Мајкл беше уапсен во Криклвуд,северозападен Лондон, откако моторџии пријавија автомобил на семафорите кој го попречувал патот. Се изјасни виновен на 8 мај 2007 година за возење под дејство на дрога. Му беше забрането да вози две години и осуден на општинска работа.

За време на септември 2007 година, на емисијата "Desert Island Discs", тој рече дека неговото користење на канабис му претставува пробле,посакувал да може да пуши помалку и се трудел тоа и да го оствари.

На 19 септември 2008 година, Мајкл беше уапсен во јавен тоалет во Хемпстед Хит во Лондон, за поседување на дрога од класа А и В. Беше одведен во полициска станица каде беше предупреден за поседување на дрога. На 5 декември 2009 година во интервју за весникот "The Guardian", Мајкл објасни дека намалил со употреба на канабис и дека сега пуши само по 7-8 свиткувања, наместо 27те што порано ги пушел.

Во раните часови на 4 јули 2010 година, Мајкл се враќаше од парадата “Геј Гордост”. Пејачот беше забележан како возејќи влета во излогот на продавница во Хемпстед, Северен Лондон, и беше уапсен при сомнение дека е неспособен да вози. На 12 август, лондонската полиција рече дека тој бил обвинет за поседување на канабис и несоодветно возење при дејство на алкохол и дрога. Мајкл исто така земал ос лекот “Амитрифилин”.

На 24 август 2010 година пејачот се изјаснил виновен на Магистралниот Суд “Хајбури” во Лондон, откако призна дека возел под дејство на дрога, и на 14 септември 2010 година во истиот суд беше осуден на 8 недели затвор, казна и 5 годишна забрана за возење. Мајкл беше ослободен од затворот “Хајпоинт” во Сафолк на 11 октомври 2010 година, откако отслужи 4 недели.

Беше изјавено дека Мајкл исто така го земал лекот “Амитрифилин” од кој дел од негативните ефекти (според “Медлајн”) се замор, дремливост, замаглен вид, вртоглавост и халуцинации. Други негативни ефекти не се познати, и овој лек е доста препишуван. Минатите казни се чини дека покажувале дека Мајкл правел нешто лошо кога го земал овој лек. Доколку имал рецепта за истиот, тогаш ништо не би било погрешно.

Политика[уреди | уреди извор]

Мајкл ја напиша критичката песна "Shoot the dog" во која пее за пријателската врска помеѓу Бриотанската и Американската влада и за нивното вклучување во војната во Ирак.

За време на 2000 година Мајкл им се придружи на Мелиса Етеринџ, Гарт Брукс, Квин Латифа, Пет Шоп Бојс, и К.Д.Ланг за да настапат во Вашингтон Д.С како дел од концертот "'Equality Rocks" со кој би се збогатила кампањата за човекови права.

За време на 2007 година тој го испрати пијаното вредно 1.45 милиони фунти, кое Џон Ленон го користеше за песната "Imagine", на турнејата нис САД изложувајќи го на места каде што имало насилство, како на пример Dallas' Dealey Plaza каде што беше убиен претседателот Џон Ф.Кенеди.

Мајкл го посвети својот концерт во Софија, Бугарија од турнејата "Twenty Five Tour" на бугарските медицински сестри обвинети на судењето за ХИВ во Либија.

На 17 јуни 2008 година Мајкл рече дека е возбуден од легализирањето на хомосексуалните бракови во Калифорнија, нарекувајќи го овој потег многу закаснет.

Добротворни акции[уреди | уреди извор]

За време на 1984 година Мајкл настапуваше како дел на концертот "Band Aid" со песната "Do They Know It's Christmas?" за намалување на гладот во Етиопија. Песната го освои првото место на топ листите во Обединетото Кралство за време на Божиќ 1984 година, спуштајќи ја песната "Last Christmas" на второ место. Мајкл ги донираше парите од "Last Christmas" на "Band Aid" и потоа пееше со Сер Елтон Џон на хуманитарниот концерт " Live Aid" во 1985 година.

Во 2003 година тој се здружи со Ронан Китинг на шоуто “Кој сака да биде милионер” и освои 32.000 фунти откако ги преполови претходно освоените 64.000 фунти кога згреши прашањето за 125.000 фунти.

Приходот од песната "Don't Let the Sun Go Down on Me" беше поделен помеѓу 10 различни добротворни здруженија за деца,СИДА и образование.

Мајкл ја поддржува кампањата за да помогне да се соберат 32 милиони долари за деца кои се смртно болни.

Придонеци[уреди | уреди извор]

Според извештаите, помеѓу 2006 и 2008 година, Мајкл заработи 48.5 милиони фунти само од турнејата "25 Live", како и милиони фунти само од приватни концерти кои ги прави привремено како на пример оној за билионерот Владимир Путин, и супер богатиот сопственик на модни продавници Сер Филип Грин. Според листата "Rich List 2011" на списанието “Sunday Times”, Џорџ Мајкл вреди 90 милиони фунти.

Мемоари[уреди | уреди извор]

Во 1991 година Мајкл објави автобиографија под името " Bare", преку издавачката куќа "Penguin Books" која ја напиша заедно со писателот Тони Парсонс. Книгата има преку 200 страни и покрива пазни периоди од неговиот живот, вклучувајќи и детали од врската со поранешна девојка. На 16 јануари 2008 година, Мајкл потпиша договор со “харпер Колинс” за автобиографија која ќе ја напише тој самиот.

Здравствени проблеми[уреди | уреди извор]

На 26 октомври 2011 година, Мајкл мораше да го откаже настапот во Лондонската Кралска Хала Алберт, поради инфекција.

На 21 ноември 2011 година, беше примен во боолница во Виена откако се пожали на болки во градите,во хотел, 2 часа пред настап на турнејата " Symphonica". Подоцна се утврди дека страда од пневмонија, и сè до 1 декември беше на интензивна нега. Додека тој изгледаше расположен и добро одговара на терапијата, од болницата на 25 ноември изјавија дека неговата сосотојба се влошила преку ноќ. Ова резултираше со неговото откажување на престојните натсапи во 2011 година, од кои повеќето во Обединетото Кралство, да бидат откажани. Партнерот на Мајкл, фризерот-стилист на познатите личности Фади фавац, им кажа на медиумите дека здравјето на Мајкл постојано се подобрува. На 1 декември докторите од болницата каде што престојуваше Мајкл, изјавија дека состојбата на пејачот стабилно се подобрува и дека веќе не се наоѓа на интензивна нега. На 21 декември 2011 година Мајкл беше пуштен од болницата. На 23 декември Мајкл одржа јавен говор во Лондон за тоа како вработените во болницата во Виена му го спасиле животот и колку благодарен се чувствува што ќе одржи концерт само за вработените. Додека зборуваше, Мајкл исто така спомена дека му беше извршена трахеотомија.

Џорџ Мајкл умрел на 25 декември 2016 година, а како причина за смртта бил наведен срцев удар.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]