Македонски јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Factographer (разговор), вратено на последната верзија на Виолетова
Нема опис на уредувањето
Ред 31: Ред 31:
[[Податотека:Codex Assemanianus 09.jpg|мини|десно|200п|Споменик на [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]] -
[[Податотека:Codex Assemanianus 09.jpg|мини|десно|200п|Споменик на [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]] -
[[Асеманово евангелие]].]]
[[Асеманово евангелие]].]]
[[File:SFERA newspaper (1-September-1959).png|thumbnail|200px|Статија објавена во атински весник во кој се опишува церемонија во која жените и децата од село Крапешина, леринско (денес Атрапос) се заколнуваат дека повеќе нема да го говорат локалниот словенски македонски „дијалект“]]
{{Македонски јазик}}
{{Македонски јазик}}
Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на [[Македонци]]те, официјален јазик во [[Република Македонија]] и малцински, службен јазик во [[Албанија]], [[Србија]] и во [[Косово]] (познат како [[горански дијалект]]). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, [[Грција]], [[Бугарија]], [[Албанија]] и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]] на [[словенските јазици]]. Македонскиот е исто така втор јазик за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата (иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани).
Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на [[Македонци]]те, официјален јазик во [[Република Македонија]] и малцински, службен јазик во [[Албанија]], [[Србија]] и во [[Косово]] (познат како [[горански дијалект]]). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, [[Грција]], [[Бугарија]], [[Албанија]] и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]] на [[словенските јазици]]. Македонскиот е исто така втор јазик за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата (иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани).

Преработка од 02:35, 15 април 2017

Македонски јазик
Застапен вовоглавно во Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија, и македонската дијаспора.
ПодрачјеМакедонија, Балкански Полуостров
НародМакедонци
Говорницинепознато. Проценките се движат од 2 милиони (најмала проценка[1][2] па до 5 милиони (најголема проценка[3])  
Јазично семејство
Дијалектисеверни, западни, југоисточни
Писмокирилица (македонска азбука)
Статус
Службен во Македонија
признат како малцински јазик во делови од:
 Албанија[4]
 Косово[5]
 Србија[6]
 Романија[7]
Јазични кодови
ISO 639-1mk
ISO 639-2mac (B)
mkd (T)
ISO 639-3mkd
{{{mapalt}}}
Распространетост на македонскиот јазик во својата матична средина.

Македонски јазикјужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејество на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко утврдлив поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според почитуваниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на Бугарија[8][9] и северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Британика и УНЕСКО.

Историја

Области во регионот Македонија каде македонскиот е застапен на повисоко ниво.
Споменик на Охридската книжевна школа - Асеманово евангелие.
Податотека:SFERA newspaper (1-September-1959).png
Статија објавена во атински весник во кој се опишува церемонија во која жените и децата од село Крапешина, леринско (денес Атрапос) се заколнуваат дека повеќе нема да го говорат локалниот словенски македонски „дијалект“

Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Македонците, официјален јазик во Република Македонија и малцински, службен јазик во Албанија, Србија и во Косово (познат како горански дијалект). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на јужнословенски јазици на словенските јазици. Македонскиот е исто така втор јазик за околу 677.733 граѓани во Македонија, односно припадниците на малцинствата во државата (иако меѓу овие има голем број луѓе каде јазикот им е мајчин, особено меѓу Македонците-муслимани).

На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Приморска Македонија, македонскиот јазик се зборува најмногу ви префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија (од помалку од 1% од населението во современите политичко-општествени околности)[10] а во Србија се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово.[11]

Македонските говори околу Солун биле основата за формирање на старословенскиот јазик и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од X век па навака. Слични промени ги зафатиле и бугарскиот јазик и источните дијалекти на српскиот јазик. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик[11], па како резултат на тоа се создала Македонската рецензија на старословенскиот јазик. Познати центри на Македонската рецензија се Охридската книжевна школа, Кратовската книжевна школа и Лесновската книжевна школа.

Историјата на македонскиот јазик е поделена на следните периоди[11]:

  1. канонски период: IX – XI в.
  2. македонски редакција на црсл. јазик: XII и XIII в.
  3. црковнословенски писмен јазик од македонски редакција и од српска редакција и од мешан тип: XIV. и XVIII в.
  4. почеток на македонски книжевен јазик (појавата на т.н. дамаскини): XVI в.
  5. навлегување на рускоцрсл. редакција и нејзино мешање со дотогашната домашна писмена традиција во јазикот и стилот: XVIII в.
  6. употреба на два стила, два писмени јазика, низок (народен јазик) и висок (црковнословенски јазик): првата половина на XIX в.
  7. дискусија за изгледот и основата на современиот писмени јазик за Македонците: втора половина на XIX в.
  8. прва стандардизација на современ македонски јазик: книгата ,,За македонцките работи” од Крсте Мисирков од 1903 г.
  9. конечна стандардизација на СМСЈ од 1944 и 1945 г.
Јазичен развој

Македонските говори рано почнале да развиваат извесни црти што ги изделуваат како целост во однос на говорите на соседните јужнословенски јазици.

Една таква црта е замената на силните ерови, како: Ъ > о, Ь > е (сон, темно). Оваа промена настанала во X век и е доста застапена во старословенските текстови од македонско потекло. За разлика од македонскиот, во српско-хрватскиот јазик овие ерови се слеале во еден глас- а (сан, дан), а додека во бугарскиот се слеале во Ъ со таа разлика што пред Ь се чувал мекиот изговор на согласката (сън, дън).

Македонскиот јазик покажал и посебен развиток и во однос на назалните согласки. Тука се појавила вокализација на еровите и промената на назалните согласки се хронолошки и по резултат одделни појави. Притоа, единствено во македонскиот јазик дошло до изедначување на Ѧ со Ѣ, по губењето на назалниот призвук, така што во текстовите од XII век и XIII век се наоѓале пример како: пѦтель за пѢтель, сѢмѢ за сѢмѦ и сл. Со други зборови овој развиток одел вака: Ѧ > Ѣ (ä)> е. Во некои западномакедонски говори, особено во Поградец и Горица во Албанија, сѐ уште е зачуван изговорот со ä, па така имаме: рʲäка за река[11].

Македонскиот јазик во пописната регулатива на САД

Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример:

  • Во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата "ABILITY TO SPEAK ENGLISH" став 137. стоело "Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.", - „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[12] [13]
  • Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.[14] [15]
  • Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повтроно е на листата со странски јазици како посебен јазик.[16] [17]

Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското опшество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го подржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.

Кодификација

Решение на АСНОМ за употребата на македонскиот јазик, донесено на 2 август 1944 година
Решение за македонската азбука, донесено на 5 мај 1945 година

Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:

Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.

Исто така, Президиумот на АСНОМ, како највисоко тело на македонската држава, во ноември 1944 година назначил комисија составена од македонски филолози и од општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбука и за правопис на македонскиот јазик. Прашањето за азбуката и правописот се решило во мај 1945 година. Заедно со ова прашање, членовите на комисијата разгледале повеќе прашања од особено значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик.

Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика. Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен јазик и за стандардизацијата на литературно - јазичната норма.

Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со бугарскиот и српскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенски јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми, а од нив останат е само вокативот (Македонијо; мајко; професоре итн.), како и во некои зборчиња (него; нему; скришум итн.).

За македонскиот јазик, Р. Г. А де Бреј вели:

Како иронија на историјата, народот чии предци им го дале на Словените првиот литературен јазик, беа последни на кои им се призна јазикот како посебен словенски јазик, различен од соседните бугарски и српски.[18]

Македонистика

Македонистиката е наука која ги проучува развојот, правописот и другите карактеристики на македонскиот јазик. Почетоците на македонистиката се поврзани со политичките состојби на Балканскиот Полуостров во времето на османлиското владеење. Поради територијалните претензии на новосоздадените словенски држави Србија и Бугарија кон Македонија, кај нив се јавила потребата за докажување на културната поврзаност на населението на Македонија со она во нивните држави. Притоа македонистиката во најголем дел се развива како дел од политичките спорови околу припадноста на Македонците, а со тоа и припадноста на териториите коишто тие ги населуваат.

Својот вистински расцут македонистиката го доживува по обновувањето на македонската државност во 1944 година. Со кодификацијата на современиот македонски литературен јазик и основањето на низа образовни и научни установи чиј основен предмет на изучување е македонскиот јазик, се создаваат сите услови за непречено и објективно развивање на македонистиката како дел од светската лингвистичка наука.

Книжевност

Бели мугри“ — една од најдобрите поетски збирки на македонски.

Македонската книжевност или литература е поим кој ги опфаќа пишаните дела на македонски јазик. Првите книги напишани на македонски јазик или на некој од неговите дијалекти датираат од времето на Македонската рецензија на старословенскиот јазик, поточно од периодот на Охридската и Лесновската книжевна школа, која воглавно била религиска книжевност.[19]

Македонската книжевност е поделена на три големи периоди, кои понатака се делат на уште неколку. Периодите на македонската литература се[20]:

  • Стара македонска литература - IX до XVIII в.
    • од христијанизацијата на Македонија до турската инвазија - IX до XIV в.
    • од турската инвазија до XVIII век
  • Нова македонска литература - 1802 до 1944
    • преродбенички период
    • револуционерен период
    • меѓувоен период
  • Модерна македонска литература - 1944 - денес

Дијалекти и дијалектологија

Карта на македонските дијалекти

Македонската дијалектологија е посебна развиена гранка на македонистиката која се занимава со проучување, истражување, документирање и зачувување на македонските дијалекти. Како стабилна научна дисциплина во македонистиката, дијалектологијата се развила после кодификацијата на македонскиот јазик, но нејзиното присуство се забележува и пред 1940-те години. Дијалектологијата на македонскиот јазик е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови кои се занимавале со македонскиот јазик или од втората половина на XIX век. Како позначајни македонски дијалектолози се забележуваат Ватрослав Јагиќ, Ватрослав Облак, Виктор Григорович, Мјечислав Малецки, Зузана Тополињска, Божидар Видоески и други.[21]

Дијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блока источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сè до Егејското Море (или Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, користење на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборови и променлива позиција на акцентот. Дијалектите се зборуваат на цела територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и Јужна Србија. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.

Карактеристични особини

Поштенска марка на ДФЈ издадена во 1944 во чест на годишнината од АСНОМ на која пишува „Антифашистичко Собрание на Народното Ослободуенје на Македониа“

Карактеристични обини на македонскиот јазик се:

  • немањето падежи т.е. аналитичката деклинација преку користењето на предлозите при искажувањето на различни граматички поврзаности помеѓу различни делови на реченицата (на книгата; за книгата; во книгата; под книгата; со книгата)
  • третосложниот акцент (`планина; плa`нината; плани`нарите)
  • двоен предмет (него го видов; неа ја сакам)
  • минато време со помошниот глагол ИМА (имам видено; немам јадено)
  • минато време со помошниот глагол СУМ + глаголска придавка (не сум сменет; не сум јаден)
  • минато-идно време (Те отепав, кога ќе те фатам!)

Правописен и правоговорен систем

Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991 година

Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.

Низ историјата и низ својот развој, македонскиот јазик користел неколку писма за пишување. Така, македонскиот јазик користел повеќе писма меѓу кои: старомакедонската азбука, глаголицата, црковнословенската кирилица, илинденската азбука и преродбеничката азбука. Денес македонскиот јазик користи македонска азбука, односно кирилична азбука приспособена на македонскиот фонетички и фонолошки систем. Македонската азбука е базирана на реформите и азбуката на Крсте Петков Мисирков.

Фонетски и фонолошки систем

Фонетика и фонологија

Фонетиката и фонологијата се делови од науката за јазикот кои го проучиваат гласовното рамниште на јазикот. Тие се сродни науки, тесно поврзани една со друга и се дополнуваат меѓу себе. Во принцип, фонетиката го проучува создавањето на гласовите со говорните органи, познато како артикулација, и нивните звучни својства или гласови, познати како акустика. Од другата страна пак, фонологијата го проучува гласот како елемент кој има функција во јазикот да прави разлика меѓу две јазични единици. Со други зборови, фонологијата може да се нарече функционална фонетика. Двете науки во својот центар на внимание го имаат гласот и неговото формирање. Во тесна врска со овие две науки се правописот и правоговорот. Фонетиката и фонологијата ги изучуваат следните дисциплини: гласот и фонемата, говорните органи, поделбата на гласовите, гласовните промени, акцентот, акцентот на сложенките, отстапување од акцентското правило, акцентот на туѓите зборови и акцентските целости[22].

Гласовен систем

Во македонскиот јазик самогласките се: а, е, и, о, у, додека согласките се останатите 26 гласови од македонскиот фонетски систем. Карактеристики на гласовите во македонскиот јази се едначењето по звучност, обезвучувањето на крајот од зборот, удвојување на согласки и елизија.

Самогласки

Предни Средни Задни
Затворени i <и> u <у>
Средни ɛ <е> (ə) ɔ <о>
Отворени a <а>

Согласки[23][24]

Двоуснени Уснено-
забни
Забни Венечни Венеч.-
преднеп.
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Носни m n 3 ɲ
Избувни p b t d c 1 ɟ 1 k ɡ
Слеани t͡s d͡z t͡ʃ d͡ʒ
Струјни f v s z ʃ ʒ x
Приближни ɫ 2, 3 l 2 j
Трепетни r 3
Писмо

Македонската азбука е официјалната азбука во Република Македонија и единствено писмо за пишување на јазикот. Азбуката е базирана на кирилицата со мали прилагодувања согласно на фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката има 31 буква и е базирана на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.

Големи букви
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Мали букви
а б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш
Акцент

Македонскиот акцент е динамичен или експираторен и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. тáт-ко-то, тáт-ков-ци, тат-кóв-ци-те, ма-кé-до-нец), на вториот слог на двосложни зборови (пр. дé-те, мáj-кa, тáт-ко) и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. рóг, с'рп, к'рв). При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот. Така имаме: 'учител - уч'ителот - учит'елите и сл. Во македонскиот јазик има отстапувања од третосложното акцентирање во следниве случаеви[22]:

  1. кај глаголските прилози: викáјќи, одéјќи итн.
  2. кај прилозите за време: годин'ава, лет'ово итн.
  3. кај туѓите зборови: клишé, генéза, литератýра итн.

Морфолошки систем

Зборовните групи. Во сино се менливите, во зелено се неменливите зборовни групи.

Морфологијата во македонскиот јазик] и во останатите јазици е дел од лингвистиката која се занимава со проучување на формите на зборовите, нивното градење и граматички значења. Самиот збор е од старогрчко потекло и во превод значи наука за формите. Главната цел на морфологијата е да ја проучува структурата на зборовите и правилата и принципите според кои самите зборови се обединуваат во групи. Многу сродна наука на морфологијата е морфосинтаксата на македонскиот јазик која се занимава со употребата на зборовите во реченица.[22]

Зборот во секој јазик, така и во македонскиот е изграден од неколки различни елементи. Некои од нив имаат значење односно се лексички, а некои немаат значење и се граматички или функционални. Како пример за ова може да се разгледа зборот „млекар“ поделен на неколку начини[22]:

  • м + л + е + к + а + р - низа на гласови или познати како фонеми
  • мле + кар - низа на слогови
  • млек + ар - низа на значенски делови наречени морфеми

Зборовите во секој јазик претставуваат одделни единки, но според некои карактеристики тие се поврзани меѓу себе, формирајќу помали или поголеми групи. Така, тие можат да бидат поврзани според значење, според форма, според службата во реченицата итн. Така поврзаните зборови создаваат зборовни групи или класи. Во науката за јазикот има различен број класификации, но најчести се значенската или семантичка, формалната или морфолошка и функционална или синтаксичка класификација.[22]

Според морфолошката класифицикација, единаесетте зборовни групи се класифицираат во две групи и тоа на менливи и неменливи зборовни групи. Менливите зборовни групи ја менуваат својата форма заради морфолошките потреби, а неменливите не. Менливите зборови ги опфаќаат: именки, придавки, броеви, заменки и глаголи, додека неменливите ги опфаќаат прилозите, предлозите, сврзиниците, честичките, извиците и модалните зборови.[22]

Според синтаксичката класификација зборовите се делат на полнозначни или отворени зборовни групи и службени или лексички и службени или функционални зборови. Во полнозначните се вметнуваат именките, придавките, броевите, заменките, глаголите, прилозите и модалните зборови, додека во службените се вметнуваат предлозите, сврзниците, честичките и извиците. Во вистинска самостојност се изделуваат именките, глаголите и дел од заменките (именските), а другите самостојни зборови имаат ограничена синтаксичка независност.[22]

Синтаксен систем

Основна единица на синтаксата е реченицата. Врз реченицата е осврнато вниманието на синтаксата. Понатака реченицата може да е подели на две големи групи, односно проста и сложена реченица. Простите и сложените реченици во македонскиот јазик се составени од именски групи или наречени синтагми, но и од останати елементи како глаголи или прилози. Сите овие наведени елементи функционираат во најсложената јазична форма наречена врзан текст[22].

Сликовите да се презентира составувањето на врзаниот текст, а почнувајќи од најмалите единици е следниот пример:

бран → голем бран → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови. → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје. → Едно утро решив да се искачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје.

Според ова, опширно основните синтаксички единици се[22]:

Реченицата, било да е проста или проширена, е синтаксичка единица што содржи глагол со лична форма, како и останати елементи од кои најчести се именските делови.
Именската група или синтагмата се среќава во рамките на сите членови на реченицата, освен во прирокот. Основен белег е тоа што мора да има именка во самата структура по која и го носи името оваа синтаксичка категорија.
Сложената реченица е еден вид резултат на поврзување на најмалку две одделни реченици, што како резултат на тоа мора да содржи најмалку две самостојни личноглаголски форми.
Врзаниот текст е надреченична целина кој содржи повеќе реченици и ги опфаќа сите претходно наведени елементи.

Фразеолошки систем

Зборовните групи кои во јазикот се користат како една целина се нарекуваат фразеологизми, кои имаат посебни лингвистички карактеристики и вредности. Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот орев може да оди со повеќе придавки како на пример „голем орев“ или „мал орев“, со глаголи како на пример „јаде орев, купува ореви“ и слично. Ова доведува до општите принципи на фразеологијата каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав[22].

Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата „Ова е тврд орев, не се крши со заби“ и зборот орев во реченицата „Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник“ нема исто значење. Во составите на овој вид ослабнува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи[22].

Ономастички систем

Ономастика по дефиниција е наука која ги проучува сопствените имиња. Самиот збор ономастика потекнува од грчкиот глагол „onomadzo“ што во превод значи „именувам“. Ономастиката е релативно нова лингвистичка дисциплина. Во Македонија и македонистиката почнала да се развива и да бележи конкретни резултати во XIX век. Самата научна дисциплина долго време се сметала за дел од останати науки како на пример географија, историја, етнографија и слично.

Наводи

  1. Македонскиот јазик на UCLA
  2. Запис на Етнолог за македонскиот јазик
  3. Плевнеш, Јордан, „Македонскиот јазик во глобалниот свет“, стр. 7, Скопје, 2008.
  4. Hill, P. (1999) "Macedonians in Greece and Albania: A comparative study of recent developments". Nationalities Papers. 27(1)
  5. Focus News (4 јули, 2003) Kosovo Government Acquires Macedonian language and grammar books for Gorani Minority Schools
  6. Macedonian language, official in Dužine and Jabuka
  7. European Charter for Regional or Minority Languages
  8. Јазици во Бугарија:Ethnologue
  9. Minority Rights in Bulgaria, The Bulgarian Helsinki Committee, September 1999
  10. Попис 2001
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Предлошка:Цитирана книга
  12. Предлошка:Цитирана веб страница
  13. Инструкции за попишувачите 1910
  14. Предлошка:Цитирана веб страница
  15. Инструкции за попишувачите 1920
  16. Предлошка:Цитирана веб страница
  17. Инструкции за попишувачите 1930
  18. Р.Г.А. де Бреј, “Водич за источнословенските јазици“, p.137.
  19. Macedonian literature - Britannica
  20. Ristovski, Blaže. Periodizacija na makedonskiot literaturno-kulturen razvoj. Skopje: Macedonian Academy of Sciences and Arts.
  21. Предлошка:Цитирана книга
  22. 22,00 22,01 22,02 22,03 22,04 22,05 22,06 22,07 22,08 22,09 22,10 Предлошка:Цитирана книга
  23. Friedman (2001:11)
  24. Lunt (1952:11–12)

Поврзано

Надворешни врски

Предлошка:Збратимениврски

Документи
За македонски јазик



Статијата „Македонски јазик“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).