Грција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с fixing dead links
Ред 39: Ред 39:
|population_estimate_rank = 74<sup>та</sup>
|population_estimate_rank = 74<sup>та</sup>
|population_estimate_year = 2008
|population_estimate_year = 2008
|population_census = 10.964.020<ref name="2001census">Национална статистичка служба на Грција: Попис на население од 18 март, 2001: [http://www.statistics.gr/gr_tables/S1101_SAP_09_TB_DC_01_01_Y.pdf ''Πίνακας 1. Πληθυσμός κατά φύλο και ηλικία'']</ref>
|population_census = 10.964.020<ref name="2001census">Национална статистичка служба на Грција: Попис на население од 18 март, 2001: [http://web.archive.org/web/20090324213830/http://www.statistics.gr/gr_tables/S1101_SAP_09_TB_DC_01_01_Y.pdf ''Πίνακας 1. Πληθυσμός κατά φύλο και ηλικία'']</ref>
|population_census_year = 2001
|population_census_year = 2001
|population_density_km2 = 84
|population_density_km2 = 84
Ред 125: Ред 125:
{{main|Политики на Грција|Листа на политички партии во Грција}}
{{main|Политики на Грција|Листа на политички партии во Грција}}


Грција е [[парламентарна република]].<ref name="con1">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 1]</ref> [[Шеф на држава|Шефот на државата]] е [[Претседател на Грција|Претседателот на Републиката]] кој се избира од [[Грчки парламент|Парламентот]] на петгодишен мандат.<ref name="con30">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 30]</ref> Сегашниот [[Устав на Грција|Устав]] бил зацртан и усвоен од Петтиот Ревизионерен Парламент на Хелените и влегол во служба во 1975 по падот на [[Грчка воена хунта од 1967-1974|воената хунта од 1967–1974]]. Оттогаш бил ревидиран два пати, во 1986 и [[Грчки уставни измени од 2001|2001]]. Уставот, кој се состои од 120 членови, предвидува [[поделба на власта]] на [[извршна власт]], [[легислатива]] и [[судска власт]], и овозможува специфична загарантираност (дополнително определена во 2001) на [[граѓански права|граѓанските права]].<ref>П.Д. Дагтоглу, ''Индивидуални Права'', I, 21 & Е. Венизелос, ''Стекнатото од Уставната Ревизија'', 131-132, 165-172 {{en}}</ref>
Грција е [[парламентарна република]].<ref name="con1">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 1]</ref> [[Шеф на држава|Шефот на државата]] е [[Претседател на Грција|Претседателот на Републиката]] кој се избира од [[Грчки парламент|Парламентот]] на петгодишен мандат.<ref name="con30">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 30]</ref> Сегашниот [[Устав на Грција|Устав]] бил зацртан и усвоен од Петтиот Ревизионерен Парламент на Хелените и влегол во служба во 1975 по падот на [[Грчка воена хунта од 1967-1974|воената хунта од 1967–1974]]. Оттогаш бил ревидиран два пати, во 1986 и [[Грчки уставни измени од 2001|2001]]. Уставот, кој се состои од 120 членови, предвидува [[поделба на власта]] на [[извршна власт]], [[легислатива]] и [[судска власт]], и овозможува специфична загарантираност (дополнително определена во 2001) на [[граѓански права|граѓанските права]].<ref>П.Д. Дагтоглу, ''Индивидуални Права'', I, 21 & Е. Венизелос, ''Стекнатото од Уставната Ревизија'', 131-132, 165-172 {{en}}</ref>


Според Уставот, извршната власт ја врши Претседателот на Републиката и [[Кабинет на Грција|Владата]].<ref name="con26">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 26]</ref> Со [[Грчки уставен амандман од 1986|Уставниот амандман од 1986]] должностите на претседателот биле скратени во значајна мерка, и тие се сега воглавно церемонијални.<ref name="M477-478">К. Мавриас, ''Уставен Закон'', 477-478</ref> Позицијата на [[Премиер на Грција|премиер]], [[Шеф на влада|Шефот на владата]] на Грција, припаѓа на [[Листа на премиери на Грција|моменталниот лидер]] на [[Листа на политички партии во Грција|политичката партија]] на која што ќе ѝ биде изгласана доверба од парламентот. Претседателот на републиката формално го назначува премиерот, и по негова препорака, ги назначува и ослободува од должност другите членови на кабинетот.<ref name="con37">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 37]</ref> Премиерот го има најголемиот дел од политичката моќ, и амандманот од 1986 дополнително ја зајакнува негоата позиција во однос на претседателот на републиката.<ref name="M477-478-486-487">К. Мавриас, ''Уставен Закон'', 477-478, 486-487</ref>
Според Уставот, извршната власт ја врши Претседателот на Републиката и [[Кабинет на Грција|Владата]].<ref name="con26">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 26]</ref> Со [[Грчки уставен амандман од 1986|Уставниот амандман од 1986]] должностите на претседателот биле скратени во значајна мерка, и тие се сега воглавно церемонијални.<ref name="M477-478">К. Мавриас, ''Уставен Закон'', 477-478</ref> Позицијата на [[Премиер на Грција|премиер]], [[Шеф на влада|Шефот на владата]] на Грција, припаѓа на [[Листа на премиери на Грција|моменталниот лидер]] на [[Листа на политички партии во Грција|политичката партија]] на која што ќе ѝ биде изгласана доверба од парламентот. Претседателот на републиката формално го назначува премиерот, и по негова препорака, ги назначува и ослободува од должност другите членови на кабинетот.<ref name="con37">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 37]</ref> Премиерот го има најголемиот дел од политичката моќ, и амандманот од 1986 дополнително ја зајакнува негоата позиција во однос на претседателот на републиката.<ref name="M477-478-486-487">К. Мавриас, ''Уставен Закон'', 477-478, 486-487</ref>


Законодавната власт ја врши 300-член изборен [[еднодомизам|еднодомен Парламент]].<ref name="con51,53">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Членови 51, 53</ref> Статутите кои ги усвојува Парламентот треба да бидат одобрени и од Претседателот на Републиката.<ref name="con42">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 42]</ref> [[Избори во Грција#Парламентарни избори|Парламентарните избори]] се одржуваат секои четири години, но Претседателот на Републиката е обврзан да го распушти Парламентот порано по предлог на Кабинетот, во поглед на справување со национално прашање од извонредна важност. <ref name="con41">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 41]</ref> Претседателот е исто така обврзан да го распушти Парламентот порано, доколку опозицијата поднесе предлог за гласање за доверба на Владата и биде изгласана [[недоверба на Влада]]та.<ref name="con84">[http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 84]</ref>
Законодавната власт ја врши 300-член изборен [[еднодомизам|еднодомен Парламент]].<ref name="con51,53">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Членови 51, 53</ref> Статутите кои ги усвојува Парламентот треба да бидат одобрени и од Претседателот на Републиката.<ref name="con42">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 42]</ref> [[Избори во Грција#Парламентарни избори|Парламентарните избори]] се одржуваат секои четири години, но Претседателот на Републиката е обврзан да го распушти Парламентот порано по предлог на Кабинетот, во поглед на справување со национално прашање од извонредна важност. <ref name="con41">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 41]</ref> Претседателот е исто така обврзан да го распушти Парламентот порано, доколку опозицијата поднесе предлог за гласање за доверба на Владата и биде изгласана [[недоверба на Влада]]та.<ref name="con84">[http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Член 84]</ref>


[[Правен систем на Грција|Судската власт]] е независна од извршната и законодавната и ги опфаќа трите Врховни Суда: [[Касациски Суд (Грција)|Касацискиот Суд]], [[Државен Совет (Грција)|Државниот Совет]] и [[Ревизионен Суд (Грција)|Ревизиониот Суд]]. Правниот систем исто така се состои од граѓански судови, кои ги решаваат граѓанските спорови, и административни судови кои ги решаваат споровите помеѓу граѓаните и грчките административни власти.
[[Правен систем на Грција|Судската власт]] е независна од извршната и законодавната и ги опфаќа трите Врховни Суда: [[Касациски Суд (Грција)|Касацискиот Суд]], [[Државен Совет (Грција)|Државниот Совет]] и [[Ревизионен Суд (Грција)|Ревизиониот Суд]]. Правниот систем исто така се состои од граѓански судови, кои ги решаваат граѓанските спорови, и административни судови кои ги решаваат споровите помеѓу граѓаните и грчките административни власти.

Преработка од 17:11, 8 септември 2014

Еленска Република
Ελληνική Δημοκρατία
Елиники́ Димократи́а
Знаме Грб
ГеслоΕλευθερία ή θάνατος
Елефтери́а и та́натос  (транскрипција)
„Слобода или смрт“
ХимнаΎμνος εις την Ελευθερίαν
И́мнос ис тин Елефтери́ан
Химна кон слободата1

Местоположбата на  Грција  (портокалова) – на Европскиот континент  (окер и бела) – во Европската Унија  (окер)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Грција  (портокалова)

– на Европскиот континент  (окер и бела)
– во Европската Унија  (окер)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Грција  (портокалова)

– на Европскиот континент  (окер и бела)
– во Европската Унија  (окер)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Атина
38°00′N 23°43′E / 38.000° СГШ; 23.717° ИГД / 38.000; 23.717
Службен јазик Грчки
Демоним Грк
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Каролос Папуљас
 •  Премиер Антонис Самарас
Современо државништво
 •  Независност од
Отоманската Империја

25 март 1821 
 •  Призната 3 февруари 1830, на Лондонската Конференција 
 •  Моментален устав 1975,
„Трета Република“ 
пристапила во ЕУ 1 јануари 1981
Површина
 •  Вкупна 131,990 км2 (96та)
 •  Вода (%) 0,8669
Население
 •  проценка за 2008 г. 11.216.708[1] (74та)
 •  Попис 2001 10.964.020[2] 
 •  Густина 84 жит/км2 (88ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 ММФ г.
 •  Вкупен $412,521 билиони (31ва)
 •  По жител $36.983 (17та)
БДП (номинален) проценка за 2008 ММФ г.
 •  Вкупно $388,332 билиони (27ма)
 •  По жител $34.814 (23та)
Џиниев коеф. (2000)35,42
Error: Invalid Gini value
ИЧР (2006) 0.947
Error: Invalid HDI value · 18та
Валута Евро ()3 (EUR)
Часовен појас ИЕВ (UTC+2)
 •  (ЛСВ) ИЕЛВ (UTC+3)
НДД .gr4
Повик. бр. 30
1. Исто така национална химна на Кипар.
2. Од базите на UNU/Wider World Income Inequality Database.
3. Пред 2001: грчка драхма.
4. Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.

Грција (грчки: Ελλάδα, [e̞ˈlaða][3] , историски Ἑλλάς, [e̞ˈlas]) е земја во југоисточна Европа на јужниот крај на Балканскиот Полуостров. Има копнени граници со Бугарија, Македонија и Албанија на север, и со Турција на исток. Грција граничи на исток со водите на Егејското Море, на запад Јонското Море и на југ со Средоземното Море. И двата дела на источниот средоземноморски басен имаат голем број на острови.

Грција се наоѓа на крстопатот на Европа, Азија и Африка и претставува родното место на демократијата,[4] европската философија,[5] Олимписките Игри, европската литература и историографијата, политичките науки, големи научни и математички принципи, како и европската драма[6] (вклучувајќи ги тука и трагедијата и комедијата). Според некои, Грција е наследничка на Античка Грција и на Византија.

По неколкувековен подем на античките градови-држави, странските освојувања на територијата на Грција не ги спречиле грчкиот јазик да опстане и како дел од тоа што денес во светот се нарекува византиско наследство. Ова траело сѐ до потпаѓањето под отоманска власт, кој генерално се смета за период на културна стагнација. Современата грчка држава е формирана на почетокот на 19 век, по ослободувањето од Турците.

Грција е развиена држава, членка на Европската Унија од 1981,[7] членка на Економската и Монетарна Унија на Европската Унија од 2001, НАТО од 1952,[8] ОЕСР од 1961,[9] ЗЕУ од 1995 и ЕВА од 2005.[10] Атина е главниот град; Солун, Патра, Ираклион, Лариса, Волос, Јанина, Кавала, Родос и Сер се неколку од другите поголеми градови во државата.

Историја

Античка Грција

Acropolis
Pella

Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Нејзиниот брег бил разгранет со многу полуострови, заливи и острови, од кои најголем е островот Крит. Територијата на Грција географски е поделена на северна - Епир и Тесалија; средна - Атика и Беотија и јужна - Пелопонез. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3000 m). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделие. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според грчкиот историчар Тукидит (460-369 п.н.е.), најстари жители на елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од 2600-14 век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600-13 век п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Хелада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.

За Хомеровото време најмногу информации се исцрпени од еповите „Илијада“ и „Одисеја“, напишани од слепиот поет Хомер. Во Хомеровото време, Хелените се уште живееле во родовско уредување, на чело на родот стоел старешина - Базилеј. Постоело народно собрание - Агора, во кое влегувале сите мажи способни за војување. Постоел и Совет на старешини - Буле. Но, со развој на производствените сили, родовите почнале да се распаѓаат на семејства, кои се обединувале во селски општини - Деми. По своето богаство се истакнувале родовските и воените старешини прераснувајќи во аристократи, а постоел и народ - Демос, составен од слободни луѓе и робови.

Римска империја

Византиска империја

Во текот на третиот век од нашата ера на Римската империја и се заканувале три видови на кризи: инвазии, граѓански војни, како и проблеми во економијата на земјата[11]. Во таква ситуација градот Рим изгубил многу од своето значење како административен центар.

За да може подобро да се брани Римската империја од напади, кои вообичаено доаѓале од исток, Константин Велики во 330 г. го преместува главниот град на империјата од Рим во градот Византиум кој бил стратешки позициониран на бреговите на Босфор каде се вкрстувале патиштата кој воделе од исток на запад. Константин, исто така, извршил голем број реформи кои довеле до стабилизација на империјата во периодот кој следел[12]. Тој го стабилизирал ковањето на пари (зладниот солидус кој бил воведен во оптек станал стабилна и ценета валута[13]), но исто така иницирал и промени во структурата на армијата. Во текот на владеењето на Константин Велики империјата ја зацврснала својата воена моќ. Освен тоа периодот на владеење на овој император претставува период на просперитет на Римското царство.

Состојбата во која се наоѓала Римската империја во 396 г. може да се опише како резултат на работата на Константин Велики. Принципот на династичко наследство на тронот на империјата поминал толку лесно што по смртта на императорот Теодосиј I, многу лесно империјата била препуштена на владеење на неговите синови Аркадиј (на Исток) и Хонориј (на Запад). Теодосиј е последниот император кој владее со целата Римска империја. [14]За да се повратат изгубените позиции во Италија, императорот Зенон преговара со Источните Готи (од Мизија) на Теодорик кого го испраќа во Италија да владее таму како ’’magister militum per Italiam’’ (главен командант за Италија). По падот на Одоакар, Теодорик, кој младоста своја ја поминал во Константинопол, управува со Италија, односно со Кралството на Источните Готи, независно од Константинопол. Сепак, императорот во Зенон во Константинопол смета дека тој има некаква номинална надмоќ над западните земји.

Османлиска империја

Кралство Грција

Територијално проширување на Грција.

Балкански војни

Светски војни

Нова историја

Управување и политика

Големодржавен печат на претседателството на републиката
Елефтериос Венизелос (1864–1936), една од најголемите политички фигури на модерна Грција.
Јоргос Папандреу , моменталниот Премиер на Грција.

Грција е парламентарна република.[15] Шефот на државата е Претседателот на Републиката кој се избира од Парламентот на петгодишен мандат.[16] Сегашниот Устав бил зацртан и усвоен од Петтиот Ревизионерен Парламент на Хелените и влегол во служба во 1975 по падот на воената хунта од 1967–1974. Оттогаш бил ревидиран два пати, во 1986 и 2001. Уставот, кој се состои од 120 членови, предвидува поделба на власта на извршна власт, легислатива и судска власт, и овозможува специфична загарантираност (дополнително определена во 2001) на граѓанските права.[17]

Според Уставот, извршната власт ја врши Претседателот на Републиката и Владата.[18] Со Уставниот амандман од 1986 должностите на претседателот биле скратени во значајна мерка, и тие се сега воглавно церемонијални.[19] Позицијата на премиер, Шефот на владата на Грција, припаѓа на моменталниот лидер на политичката партија на која што ќе ѝ биде изгласана доверба од парламентот. Претседателот на републиката формално го назначува премиерот, и по негова препорака, ги назначува и ослободува од должност другите членови на кабинетот.[20] Премиерот го има најголемиот дел од политичката моќ, и амандманот од 1986 дополнително ја зајакнува негоата позиција во однос на претседателот на републиката.[21]

Законодавната власт ја врши 300-член изборен еднодомен Парламент.[22] Статутите кои ги усвојува Парламентот треба да бидат одобрени и од Претседателот на Републиката.[23] Парламентарните избори се одржуваат секои четири години, но Претседателот на Републиката е обврзан да го распушти Парламентот порано по предлог на Кабинетот, во поглед на справување со национално прашање од извонредна важност. [24] Претседателот е исто така обврзан да го распушти Парламентот порано, доколку опозицијата поднесе предлог за гласање за доверба на Владата и биде изгласана недоверба на Владата.[25]

Судската власт е независна од извршната и законодавната и ги опфаќа трите Врховни Суда: Касацискиот Суд, Државниот Совет и Ревизиониот Суд. Правниот систем исто така се состои од граѓански судови, кои ги решаваат граѓанските спорови, и административни судови кои ги решаваат споровите помеѓу граѓаните и грчките административни власти.

Политички партии

По повторното воспоставување на демократијата, во грчкиот двопартиски систем воглавно доминираат либералноконзервативната партија Нова Демократија (НД) и социјалдемократското Панхеленско Социјалистичко Движење (ПАСОК). [26] Други важни партии се Комунистичката Партија на Грција (ККЕ), Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) и Народниот Православен Собир (ЛАОС). Моменталниот премиер е Костас Караманлис, претседател на партијата Нова Демократија и внук на покојниот Констандинос Караманлис, кој го добил вториот мандат на 16 септември 2007, освојувајќи минимално мнозинство во парламентот со само 152 од вкупните 300 седишта.

Периферии и префектури

Административно, Грција се состои од тринаесет периферии кои понатаму се делат на вкупно педесет и една префектура. Исто така, постои една автономна област, Атон (грчки: 'Άγιον Όρος', „Света Планина“), која се граничи со периферијата Централна Македонија.

Карта Број Периферија Главен град Површина Население
Перифериите на Грција
1 Атика Атина 3.808 km² 3.761.810
2 Епир Јанина 9.203 km² 353.820
3 Западна Грција Патра 11.350 km² 740.506
4 Западна Македонија Кожани 9.451 km² 301.522
5 Источна Македонија и Тракија Комотини 14.157 km² 611.067
6 Јонски Острови Крф 2.307 km² 212.984
7 Јужен Егеј Ермуполи 5.286 km² 302.686
8 Крит Ираклион 8.259 km² 601.131
9 Пелопонез Каламата 15.490 km² 638.942
10 Северен Егеј Митилини 3.836 km² 206.121
11 Тесалија Лариса 14.037 km² 753.888
12 Централна Грција Ламиа 15.549 km² 605.329
13 Централна Македонија Солун 18.811 km² 1.871.952
- Света Гора (автономна) Кариес 390 km² 2.262

Географија

Пондикониси и манастирот Влахерена од островот Крф.
Поглед на Олимп од градчето Литохоро.
Поглед на Метеора во Централна Грција.

Грција се состои од планинско, полуостровско копно кое излегува на море на јужниот дел на Балканот, пелопонескиот полуостров (одделен од копното со каналот на Коринтскиот Теснец), и бројни острови (1400, од кои 227 се населени), вклучувајќи ги Крит, Евбеја, Лезбос, Хиос, Додеканезите и Кикладите, островски групи во Егејското Море, како и островите во Јонското Море. Грција ја има десеттата најдолга брегова линија во светот со должина од 14.880 km; нејзините копнени граници се долги 1.160 km.

Четири петтини од територијата на Грција се планини или ридови, што ја прави државата една од најридестите во Европа. Олимп, фокална точка на грчката култура низ историјата кулминира на врвот Митикас (2917 m), највисок во државата. Некогаш се сметал за трон на боговите, а денес е многу популарен кај планинарите. Западна Грција има голем број на езера и мочуришта, а доминантен е планинскиот венец Пинд. Пинд достигнува максимална височина од 2673 метри на врвот Смолика и претставува продолжение на Динарските Планини. Кањонот Викос-Аоос е уште една спектакуларна формација и привлечна точка за љубителите на екстремните спортистови.

Венецот продолжува низ централен Пелопонез, поминува низ островите Китира и Андикитира и стигнува сè до југозападниот Егеј, на островот Крит каде што и завршува. Островите на Егејот се врвови на подводни планини кои некогаш претставувале продолжение на копното. Пинд е окарактеризиран со високи и стрмни врвови, често пресекувани од бројни кањони и разни други карстни форми. Најпозната таква форма е формацијата Метеора која се состои од високи стрмни карпи и претставува незаборавно искуство за стотиците илјади туристи кои ја посетуваат областа секоја година.

Североисточна Грција има уште еден висок планински венец, Родопскиот венец, кој се протега низ периферијата Источна Македонија и Тракија; оваа област е покриена со густи антички шуми. Познатата шума Дадиа е во префектурата Eврос, во далечниот североисток на земјата.

Пространите низини се наоѓаат примарно во префектурите Тесалија, Централна Македонија и Тракија. Тие претставуваат клучни економски региони бидејќи тие се едни од ретките региони со обработлива земја во државата. Ретки морски делфини и желки живеат во морињата околу континентална Грција, додека нејзините густи шуми се населени со кафеави мечки, риссови, елени и диви кози.


Економија

Транспорт

Податотека:BrugPatras.JPG
Мостот Рио-Андирио близу градот Патра е најдолгиот висечки мост во Европа и втор во светот.

Од 1980-тите патиштата и железниците на Грција значително се модернизирани. Позначајни проекти се автопатот Егнатиа кој ја поврзува северозападна Грција (Игуменица) со северна и североисточна Грција. Мостот Рио-Андирио (најдолгиот висечки мост во Европа, долг 2250 m) го поврзува западен Пелопонез од Рио (7 km од Патра) со Андирио на централното грчко копно. Планирано е продолжување на магистралниот пат Патра-Атина кон Пиргос во западен Пелопонез до 2014. Најголемиот дел од автопатските врски помеѓу Атина и Солун исто така се надоградени.

Метрополитанската зона на главниот град Атина има релативно нов меѓународен аеродром (отворен во 2001), нов приватен приградски автопат Атики Одос (отворен во 2001), и проширен метро систем (од 2000).

Повеќето од грчките острови и многу поважни градови во Грција се поврзани воздушно, најчесто преку двете главни авиокомпании на Грција, Aegean и Olympic. Поморските врски се значително подобрени со модерни брзи возила, вкучувајќи катамарани и водолети. Железничките врски не се толку важни колку во другите европски држави, но и железници биле значително проширени со нови приградски врски околу Атина, модерна intercity врска помеѓу Атина и Солун, и надоградување до двојни колосеци во многу делови на мрежата од 2500 km. Меѓународните железнички линии ги поврзуваат грчките градови со остатокот од Европа, Балканот и Турција.

Демографија

Имиграција

Религија

Источното Православно христијанство е религија на 95% [27] до 98% [28] на грчкото население. Од нив, околу 700.000 до 1 000 000 се членови на старата православна црква[27].

Бројот на римокатолиците во Грција е околу 50.000[27]. Овие верници ги има низ целата територија на земјата, но главно живеат во Киклади и Јонските Острови. Присуството на католиците во грчките острови се должи на доминација на Венеција на овие простори во средниот век. Римската католичка заедница е зголемена во последниве години како резултат на имиграцијата и денес брои околу 200.000. [27] Вкупниот број на гркокатолиците во земјата е околу 5.000 [27] и тие најчесто живеат во Атина.

Бројот на Протестантите, вклучувајќи ги и членовите на Грчката Евангелистичка црква и Слободната Евангелистичка црква, е околу 30.000. [29][30]. Бројот на членовите на Саборот на Бога и другите Пентекостни нзависни цркви е околу 12.000 членови.[31]

Муслиманите во Грција се претежно од турско потекло иако има и заедница на грчки муслимани. Бројот на следбениците на исламот се проценува на 97.604 луѓе или 0,95% од вкупното население, според пописот во 1991 година. [32] Бројор на имигрантските муслимани се проценува од 200.000 до 300.000. [33]

Јазик

Грчкиот јазик е индо-европски јазик кој се зборува воглавно во денешна Грција. Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора. Грчкиот е официјален јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.

Грчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индо-европски јазик. Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14тиот век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само Ведскиот Санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римската Империја.

Извори

  1. Eurostat
  2. Национална статистичка служба на Грција: Попис на население од 18 март, 2001: Πίνακας 1. Πληθυσμός κατά φύλο και ηλικία
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. Финли, М. И. Демократија Античка и Модерна. 2ро изд., 1985. Лондон: Hogarth.
  5. историја на Философијата, Издание 1 од Фредерик Коплстон
  6. Брокет, Оскар Г. Историја на Театарот. шесто изд., 1991. Бостон; Лондон: Allyn and Bacon.
  7. Предлошка:Цитирана веб страница
  8. На 14 август 1974 грчките сили се повлекле од обединетата воена структура на НАТО како знак на протест на турската инвазија на северен Кипар. Грција се приклучила повторно кон НАТО во 1980.
  9. Предлошка:Цитирана веб страница
  10. Предлошка:Цитирана веб страница
  11. Bury (1923), 1
    * Fenner, Economic Factors
  12. Gibbon (1906), III, 168  PDF (2.35 MiB)
  13. Esler (2000), 1081
  14. „Byzantine Empire“. Encyclopaedia Britannica.
  15. Устав на Грција: Член 1
  16. Устав на Грција: Член 30
  17. П.Д. Дагтоглу, Индивидуални Права, I, 21 & Е. Венизелос, Стекнатото од Уставната Ревизија, 131-132, 165-172 (англиски)
  18. Устав на Грција: Член 26
  19. К. Мавриас, Уставен Закон, 477-478
  20. Устав на Грција: Член 37
  21. К. Мавриас, Уставен Закон, 477-478, 486-487
  22. [http://web.archive.org/web/20090324213829/http://www.parliament.gr/english/politeuma/syntagma.pdf Устав на Грција: Членови 51, 53
  23. Устав на Грција: Член 42
  24. Устав на Грција: Член 41
  25. Устав на Грција: Член 84
  26. За дијахронична анализа на грчкиот партиски систем видете ја книгата Т. Папас, Трансформација на грчкиот партиски систем од 1951, 90-114, кој разликува три различни типови на партиски системи кои се развиле во последователен редослед, имено, систем на предоминантна партија (од 1952 до 1963), систем на поларизиран плурализам (помеѓу 1963 и 1981), и двопартиски систем (од 1981).
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 27,4 Предлошка:Цитирана веб страница
  28. Предлошка:Цитирана веб страница
  29. Предлошка:Цитирана веб страница
  30. Предлошка:Цитирана веб страница
  31. Synod of Apostolic Church of Christ
  32. Υπουργείο Εξωτερικών, Υπηρεσία Ενημέρωσης: Μουσουλμάνικη μειονότητα Θράκης and Ελληνική Επιτροπή για τη διαχείρηση των υδατικών πόρων: Στοιχεία από την πρόσφατη απογραφή του πληθυσμού
  33. Предлошка:Цитирана веб страница

Понатамошно читање

  • Ричард Клог, Концизна Историја на Грција, второ издание, Издаваштво на Универзитетот Кембриџ 2002.
  • Малцинства во Грција - историски теми и нови перспективи. Историја и култура на југоисточна Европа. Годишен журнал. Минхен (Славика) 2003.

Надворешни Врски

Влада

Други

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA