Ѓумурџина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Комотини)
Прејди на: содржини, барај
Ѓумурџина
Κομοτηνή
Поглед на стариот град и џамијата
Поглед на стариот град и џамијата
Ѓумурџина се наоѓа во Грција
Ѓумурџина
Координати: 41°06′ СГШ 25°25′ ИГД / 
Земја Грција
Област Источна Македонија и Тракија
Округ Родопи
Површина
 • Општина 644.93 км2
 • Општ. един. 385.4 км2
Надм. вис. 45 м
Најг. вис. 19 м
Население (2011)[1]
 • Општ. 66.919
 • Општ. густина Ова е лошо заокружено100/км2
 • Општ. един. 60.648
 • Општ. един. густина Ова е лошо заокружено160/км2
Заедница
 • Население 54272
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 691 00
Повик. бр. 25310
Рег. таб. ΚΟ
Мреж. место www.komotini.gr

Ѓумурџина (грчки: Κομοτηνή, Комотини, турски: Gümülcine, Ѓумулџине) – главен град на округот Родопи во источниот дел на Источна Македонија и Тракија. Градот Ѓумурџина е административен центар, но најголем и најважен град е Кавала. [2]


Природни услови[уреди | уреди извор]

Ѓумурџина се наоѓа во средишниот дел на грчка Тракија, на местото каде рамницата преоѓа во брдско подрачје на север. Градот се наоѓа на надморска висина од 32 до 38 м. Северно од градот се простира приморскиот дел на планинската верига Родопи. Јужно од градот се простира рамница до не така оддалеченото Егејско Море (околу 20 км). Климата во градот е изменето средоземна, со топли лета и ладни зими. Близу Ѓумурџина е Порто Лаго (34 км кон југозапад). Порто Лаго се наоѓа на тесен појас земја меѓу заливот Вистони и лагуната Вистони. Ова подрачје е познато по разноликоста на птиците и рибите.

Историја[уреди | уреди извор]

Византиската тврдина во Ѓумурџина
Поглед на саат-кулата

Во околината на градот Ѓумурџина откриени се остатоци од праисториски луѓе, веројатно Трачани. Во римско време ова подрачје значително напредувало, пред сè благодарение на добрата местоположба на Виа Игнација. На крајот на овој период доаѓа до пробој на варварите на ова подрачје, па младата византиска држава од градот прави тврдина, која и денес е сочувана над современиот град.

Во текот на XX се случиле големи промени во подрачјето. Со Првата балканска војна од 1912 година дотогашното турско подрачје станува дел од Бугарија, но после Првата светска војна и даден на Грција. После тоа, заради Грчко-турската војна од 1922-1923 година, дошло до иселување на Турците и останатите муслимани и доселување на Грци од Мала Азија. За време на Втората светска војна дошло до осовременување на градот што довело до негов раст.


Знаменитости[уреди | уреди извор]

Ѓумурџина е позната по добро сочуваната балканска архитектура во рамките на старото градско јадро. Покрај другите знаменитости има и неколку интересни музеи (археолошки, на народната уметност и византиски музеј на црковната уметност).


Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година, градот брои 66.919 жители. Населението е поделено на Грци (скоро половината) и муслиманско малцинство во Грција (скоро половина), кое опстанало во Тракија. Остатокот го чинат Роми и Ерменци. Поголемиот дел од месните муслимани се сметаат за Турци. Многубројно е грчкото население со потекло од Мала Азија, а во поново време и од просторот на бившиот Советски Сојуз.

Наводи[уреди | уреди извор]