Коалиција на радикалната левица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коалиција на радикалната левица
Водач Алексис Ципрас
Идеологија Демократски социјализам,[1]
екосоцијализам,[1][2]
антикапитализам,[1]
антиглобализам[2]
Мрежно место
http://www.syriza.gr
Политика на Грција
Партии
Избори

Коалиција на радикалната левица (грчки: Συνασπισμός Ριζοσπαστικής Αριστεράς; позната и како СИРИЗА) — политичка партија од Грција. Лидер е Алексис Ципрас (претседател на поранешната партија Синаспизмос).

Основање[уреди | уреди извор]

СИРИЗА е формално основана пред парламентарните избори во 2004 година, меѓутоа коалицијата влече корени од организацијата Простор за дијалог за единство и заедничка акција на левицата (грчки: Χώρος Διαλόγου για την Ενότητα και Κοινή Δράση της Αριστεράς) која е основана во 2001. „Простор“ бил составен од различни организации на левицата, кои покрај идеолошките разлики, имале заеднички погледи на неколку најважни прашања како што се:

  • спротивставување на неолибералните реформи на пензискиот и социјалниот систем на осигурување;
  • спротивставување на новите антитерористички закони;
  • подготвување за грчко учество на демонстрациите во текот на Самитот Г8 во Џенова 2001 година.[3]

Поголемиот број членови на „Простор“ работеле на развивање на заедничка платформа која би довела до формирање предизборна коалиција. СИРИЗА е формирана во јануари 2004 година. Партиите кои ја основале коалицијата се:

  • Синаспизмос (СИН);
  • Обновена комунистичка еколошка левица (АКОА);
  • Интернационална работничка левица (ДЕА);
  • Движење за заедничка акција на левицата (КЕДА);
  • Активни граѓани;
  • останатите независни левичарски групи и активисти.

Наводи[уреди | уреди извор]